Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија
Во градинките млеко со флуор

„Од 15 октомври почнува проектот за флуоризација на млекото. Децата во градинките од три до петгодишна возраст ќе можат да консумираат млеко на кое му е додаден флуор, а тоа значително ќе влијае во спречување на појавата на кариес кај нив“. Ова вчера го изјави министерот за здравство Бујар Османи, кој одржа работна средба со членовите на Координативно тело за имплементација на националната стратегија за превенција на орални заболувања кај децата до 14 години во Република Македонија.

Тој истакна дека стапката на кариес кај децата во Македонија е неколку пати повисока отколку што е препорачано од СЗО и ова е една од клучните мерки што треба да се преземат во борбата против кариесот, што ќе влијае и на оралното здравје на децата и ќе има бенефит за целиот здравствен систем.

„Донесена е одлука според која од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност. Сите малигни заболувања од кој било тип од 1 октомври нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно. Пациентите се ослободени 100 отсто од каков било трошок, значи не плаќаат ниту партиципација ниту за лекување. Кога ќе се констатира дека станува збор за малигно заболување, на пациентот треба да му се вратат средствата што ги дал за дополнителната дејност“, рече министерот Османи.   (МИА)


#
Статијата е прочитана 562 пати.

Испрати коментар

Од: doktori strumica
Датум: 19.09.2009 00:42:54
Pocituvani roditeli, pred da dozvolite nekoj od taa tn "nacionalna strategija" da si igra so zdravjeto na vasite deca sakame da vi ukazeme na nekolku fakti i toa: 1. pred da se pocne so upotreba na fluor vo mlekoto potrebno e da se znae kolicestvoto na istiot vo vodata i pocvata vo sekoj grad i selo 2. koncentracijata na fluorot vo razlicni naseleni mesta e razlicen sto znaci deka linearnata upotreba na istiot e STETNA(kaj nas nema napraveno nitu merenja nitu analiza) 3. vo RM postojat mesta kade kaj lokalnoto naseleni ima FLUOROZA zaradi endemski golemoto kolicestvo na istiot vo pocvata i vodata i kaj istite dodatnata upotreba moze samo da nasteti 4. NACIONALNATA STRATEGIJA da gi objasni negativnite efekti vrz covekoviot organizam na nekontroliranata upotrebata na fluor. ova se samo nekoi fakti za koi nikoj ne zboruva tuku samo edno si znaeme fluor i se e mozno pocituva roditeli razmislete i informirajte se za ova sto se nudi za vasite deca.
Од: Tiroidea
Датум: 19.09.2009 16:02:34
Vo potpolnost se slozuvam so prethodniot komentar od Strumickite doktori.Vokolku Fluorot se zeme vo nekontrolirano golemi kolicini toj e steten za organizmot i moze da nastanat golemi nesakani posledici, ponekogas i trajni.Koga istiot ke se apsorbira vo golemi kolicini vo tkivoto na organizmot ima strasno golemo vlijanie vrz zlezdite so vnatresno lacenje koi imaat vitalna funkcija za organizmot.Ima mnogu naucni statii vo svetot, napisani od doktori koi toa i go potvrduvaat.Zatoa VNIMATELNO i nemojte da eksperimentirate so sopstvenite deca!

Најди! во Утрински
Македонија
Масовно труење на ученици во ОУ „Рајко Жинзифов“
Драгор и Црна се презагадени реки
За Македонците невработеноста проблем и во 2030