18.09.2009, 15:20 Што прават денеска
Дејан Пројковски
из. директор на МОТ
Претпладнево ги вршиме последните подготовки за вечерашното отворање на МОТ. Околу ручек - дружење со гостите од копродукциската претстава „Касандра“ со која вечерва од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе го отвориме МОТ.
Милица Шперовиќ-Рибарски
ум. директор на „Интерфест“
Наближува 18. издание на „Интерфест“, што започнува на 2 октомври во Битола и ќе трае десетина дена, па интензивно сум во контакт со учесниците на фестивалот. Секако, во текот на денот наоѓам време за проба за концертот во Грција, во почетокот на ноември.
Снежана Мицевска
новинарка во Канал 77
Сабота ми е единствениот слободен ден од овој продолжен викенд, па ќе гледам да си го посветам максимално себеси и на моите блиски и драги луѓе. Во недела ја имам мојата редовна емисија од 17 ч., „Фолк за викенд“.
|