Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
12.10.2012, 18:04

Поглед

Иселениците да гласаат преку пошта

Наум Котевски

Изборот на пратеници во дијаспората создава нееднаква вредност на гласовите во дијаспората и во Македонија. Законската регулатива ги става во нееднаква позиција иселениците во зависност од тоа дали живеат поблиску или подалеку од дипломатските конзуларни претставништва.

Спорен е и легитимитетот на избраните пратеници, бидејќи пратеник во Македонија се избира со неколку илјади гласа, додека пратеник од дијаспората со неколку стотици. Освен легитимитетот и нееднаквоста на правото на глас, овој процес е скап.

Ова се дел од заклучоците од истражувањето на Институтот за истражување политики и добро владеење искажани и на јавната дебата „Пратеници од дијаспората - луксуз или минус“.

Извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов, смета дека нема шанси да се отповика овој нов инструмент во гласачкиот процес, воведен во Изборниот законик пред предвремените парламентарни избори 2011 година и тврди дека негативните ефекти од оваа политичка одлука може да се намалат доколку се воведе гласање по пошта.

„Таквото гласање не е ниту драматично ниту страшно. Го користат 21 земја од 57 членки на Венециската комисија. На тој начин би се намалиле финансиските загуби, би се зголемил легитимитетот и бројот на гласачите, а со тоа и одговорноста на избраните пратеници пред електоратот“, вели Алексов.

Башким Бакиу, извршен директор на Институтот за политички истражувања и добро владеење, потенцира дека тимови од Македонија одат во светот за да ги спроведат изборите, а тие, иронично, се помасовни од вкупниот број гласови во одредена област. „Избирачкиот одбор што патувал во Пекинг бил составен од десет члена. Вкупниот број пријавени гласачи бил десет, но ефективни гласачи во ова избирачко место имало шестмина. Која е логиката 10 луѓе да отпатуваат до Кина неколку дена претходно, при што го губат правото на глас на сметка на шестмина граѓани“, праша Бакиу.

Тоа дека не треба да има гласање на дијаспората или, пак, дека треба да се одвива на друг начин смета и аналитичарот Насер Зибери. Според него, гласањето на дијаспората е економски неоправдано, политички дискутабилно, а опозициските партии се во послаба позиција наспроти владејачките.


Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар



ММФ ја менува терапиjјта
Нејасната позиција на Црвенковски
Годините што ги изедоа скакулци



Коста Стоименовски, 13.10.2012 01:21:53
Иако кратко, искуството покажа дека изборот на пратеници од дијаспората, од повеќе причини, е голем апсурд! Дијаспората би евентуално можела да гласа на изборите за претседател на РМ, но не и на парламентарни избори. Со кои и со какви резултати можат да се пофалат пратениците од дијаспората? Со СМС што ги праќаат за „напалување“ на своите пријателки, со повикот со молчење да се одаде почит „за политичката смрт на пратеник од опозицијата“? Бедно и срамно! Причини за бришење на пратениците од дијаспората од Изборниот законик: постојат сериозни причини за намалување на бројот на пратеници (Словенија 90), a не за зголемување; изборите во странство се мошне скапа и залудна работа; непропорционален број гласови во споредба со „домашните“ пратеници; изборите придонесуваат за додатни поделби и неединство во дијаспората итн.
p od detoit, 13.10.2012 02:46:34
so koe pravo pratenicite od dijasporata ja kreiraat sudbinata na mojata drzava so 150 glasa namesteni izbori ja imav taa prilika kako lojalen graganin na mojata tatkovina da odam da glasampa zalno bese prijateli moi razni potrckovci sto vo 40 godini ili bile ednas ili nikogas da gi precekvat lugeto onie malku mina kolku befme i da preporacvat za kogo ke glasaszaedno so diplomatskite lica na civi trosok sa pratenicite na onoj mij siromasen narod koja e dobivkata od nif osven za vldata da go stegnat kopceto koga ke mu naredat i da sa blamiraat so vulgarniot recnik tuku sto velat resenci ovcari izlegoa od mk ovcari se vratija senadevam deka ke go objavite
melbourne, 13.10.2012 03:16:40
A da ima poveke pretstavnici od dijasporata?!pa Makedonija tolku e mokna finansiski,pomokna i od USA.Samo poglednete kolkava e dobivkata na Makedonija od tie pretstavnici,dokolku ima poveke takvi dobivkata na Makedonija ke bide mnogu golema,aha.
Marioec od Azija, 13.10.2012 06:45:55
Bezidejnata opozicija posto nema programa da ponudi za izborite ce i se nafrli na dijasporata ko glaven krivec za nejzinite porazi.Glasanjeto na dijasporata e tolku ednostavno i finansiski evtino samo ako se saka.Ovoj od Most kaza,i vo pravo e,ako vazi E mail posta vo sudovi zosto ne za glasanje.Treba malku informacija kako se raboti vo demokratski zemji i nisto povece.Eh bre Koste de kazi mi zosto tvojot glas e povreden od mojot,i kakva e toa demokratija koga se vrsi diskriminacija na odredena grupa,vo slucajov dijasporata.Neznam sto vi e trn vo oko dijasporata,a odnejze vleguva vo drzavata skoro milijarda ne denari,dolari sto pratki sto doneseni pari vo Makedonjia.Oslobodete se od zavista,i od ogranicenoto razmisluvanje,sto porano to podobro i za vas i za drzavata.
Svadbarski pratenici, 13.10.2012 10:19:12
Se soglasuvam so g-dino Stojmenov, dijasporata evetualno da glasa samo za poretsedatelsi izbori. Niv noto glasanje za parlamentarni izbori navistiuna e bez nikakva osnova , nerelularno, skapo i stvara negativni implikacii na celokupniot izboren proces. No Grujo i patriotite nema lesno da se otkazat od takvi svadbarski : pratenici( imaat glasovi koi mozat da se soberat na edna obicna svadba) bidejci na toj nacin tie vece pred pocetokot na izborite startuvaat odnapred so 3 pratenici, koi na neregularen nacin se izbiraat, no zatoa vo makedonskiot Parlament ce gi stegaat kopcinata po naredba na Grujo femily & comp.Ne znam sto kazuva okolu ovaj nepravilen nacin na izbori od dijasporata evropskata komisija vo izvestaite?
Siromav patriot, 13.10.2012 12:05:54
Nikoj ne i brani na dijasporata da glasa. Ako e nekoj tolku zapnal i tolku mu znachi, neka planira g/o za vreme na izborite i ke si glasa vo RM. Makedonija nema pari za ovakov luksuz. Plus kvalitetot na tie pratenici i kvantitetot na glasovi so koi se izbrani e navistina diskutabilen. Ma da se namalat pratenicite u pola, a za ovie od dijasporatya (ne placachi na danoci) i da ne zborime - brishka!
jovan, 13.10.2012 13:59:00
Prvo,na ovoj narod treba realno da mu se objasni kako funkcioniraat i se organizirani Makedonskite iselenici, a ne postojano da mu se servira deka zavisele od tie iselenici.I jas samiot povremeno ziveam vo Canada/Toronto, i od prva raka gledam kako seto toa funkcionira. Sto se odnesuva do prakanjeto pari, prakaat samo onie koj se uste imaat vo Makedonija zivi majka i tatko.Posle toa, nisto ne gi interesira. Nivnite deca duri i ne znaat koj im se rodnini vo Makedonija i na kraj pamet ne im paga i 1 dolar da pratat za nekoj bratuced ili za nekoja Mak.Organizacija.Tie pari sto stigaat vo Mak. se pari od pecalbari(Avganistan, Irak...)i onie koj otisle vo stranstvo a familiite im se seuste vo MK.Isto taka Albaskite pecalbari se onie koj nad 70% prakaat od tie pari.Makedonija nema*dijaspora*i kako takva ne zasluzuva da glasa ovde.Prvo neka gi vospitaat svojte deca tamu da ja sakaat i pocituvaat Makedonija, da go ucat Mak.jazik i da imaat zelba barem 1 dolar da pratat dobrovolno.
cobe, 13.10.2012 20:35:57
Не по пошта.........по Интернет.........како Докторот од бивша Воена болница кој внел 700 услуги отповеќе........... или како изборите пред една година, кога ги попишуваа и врапчињата......... Така БМРО ќе добие 102% што би рекол Амди Бајрам................
BitolaHamiltonCanada, 13.10.2012 20:54:38
A kako bi bilo nie iselenicite voopshto da ne glasame.Ili samo onie koi shto imaat Makedonsko drzavjanstvo i da go dokazat so Makedonski Pasosh.Na poslednoto glasanje,mnozinstvoto ne bea drzavjani na Makedonija.No bea lojalni VMROvci od Egejska Makedonija.Tuka ima i Makedonci Albanci koi shto voopshto ne dobija shansa da glasaat.Totalno bea ignorirani.
ODNADVOR, 14.10.2012 03:20:10
Tocno veli Jovan deka pari se isprakjaa dodeka bea zivi roditelite! Po to ,sé se menuva pa i vrskite so rodbinskite koi gore-diole se snashle na nekoj nacin, no sé poveke i poveke ima baranja od onie*od stranstvo* A Dijasporata, zamintii so godini porano, ostanuvaat vo seklavanjata, vo vremeto koga ja napustile Makedonija, iako mzebi naucile nesto od zapadot. So godini pokasno,se ratucedite, bivaat sé pomalku zadovolni od podarocite na gurbetciite i so sé pogolemi pobaruvanja, pa *tikvata puka*! VO nasata makedonska polozba, smetam deka dijasporata ,nema potreba od svoj prestavnik koj ne e moken da gi prestavuva, kako i ovie samobendisani koi po komanda pritiskaat na kopceoto koene kosta mnogu skapo! Veke ima receno deka ovie prestavnici ne se legalno izbrani i sluzat samo kako *nadomestok Frank za kafe*! Sekako so nimnata intelegencija ovie troica se lika prilika za onoa sto im se bara da pravat!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C

Вторник
Облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |