12.10.2012, 18:53 Реплики
Нејасната позиција на Црвенковски
Соња Крамарска
Изјавите на Црвенковски дека не е заинтересиран за функција повеќе се штетни отколку што се корисни за СДСМ
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во неговото интервју за телевизијата Алсат рече дека нема да се кандидира за ниту една државна функција. Тој прецизираше дека тоа значи оти на претстојните локални и евентуално парламентарни избори нема да се најде на ниту една од кандидатските листи за градоначалници, советници и пратеници.
Оваа изјава на Црвенковски не е ниту непозната ниту нова. Уште од неговото враќање на чело на СДСМ во 2009 година, тој постојано вели дека нема никакви политички амбиции за негово персонално учество во власта. Ова тврдење тој го поткрепува и со уште една изјава а тоа е дека бил на сите престижни функции во државата и дека тие повеќе не го интересираат. Сега е време, после се' јас да им се оддолжам на државата и на мојата партија, вели Црвенковски. Односно, лидерот на најголемата опозициска партија нуди негово учество во политиката – од сенка што значи без директно учество во власта доколку неговата партија победи на избори.
Оваа определба на Црвенковски може и да се земе како морално коректна од аспект на претседателската, премиерската и лидерската функција што ги извршуваше во текот на неговата дваесетгодишна политичка кариера. Но, од политички аспект, Црвенковски веројатно не е свесен колку таа изјава штети на амбициите на СДСМ и на позициите на опозициската партија на вкупната политичка сцена. И, се разбира, внесува забуна кај избирачите кои се само „купувачи“ на политичкиот пазар на понуди.
Еве зошто. Лидерот е водач на една политичка групација која се стреми да дојде на власт доколку е во опозиција, или пак се стреми да се одржи на власт доколу е веќе во власта. Граѓаните, оние што излегуваат на избори и го даваат својот глас, се определуваат за дел од политичката понуда што им ја даваат партиите, но и нивните водачи. Всушност, водачите се круцијалната причина зошто еден избирач се определува за оваа или за онаа партија. Од профилот на нивната личност, знаење, харизма, визија, зависи колку луѓе ќе привлече определена политичка партија. Нивното лидерство, не завршува со освојувањето на власта ако претходно биле во опозиција. Напротив, откако партијата ќе стапи на власт, оној што ја водел ја зазема највисоката функција – премиерската, како гаранција дека партијата нема да отстапи од тоа што го ветувала додека била во опозиција односно нема да скршне од курсот по кој се движела пред да ја освои власта.
Во изјавата на Црвенковски, оттука, се кријат повеќе аргументи кои не одат во прилог на зајакнување на позициите на СДСМ пред претстојните локални избори, и некои идни парламентарни избори, туку одат во прилог на нивно ослабување. Најголемата опозициска партија има водач кој ја известува јавноста, односно избирачите дека нема намера да стапи на ниту една функција во случај неговата партија да ја освои власта.Со тоа тој ја сведува својата лидерска функција на функција организациски секретар на партијата а не на политички и идеен водач.
Тоа е голем дефект во функционирањето на било која партија, а не пак на партија од која се очекува да понуди алтернатива за сегашната влада. Ако за момент се ставите во улога на избирач или некој што размислува кон која од двете најголеми партии да се приклучи, веднаш наидувате на нејасна ситуација во СДСМ. Треба да поддржувате, односно да се придружите кон некого, за кого немате јасна претстава каде се движи, или пак ви кажува дека во правецот во кој се движи нема заедно да пристигнете на целта затоа што тој не е заинтересиран за таа цел – а тоа е практичната власт.
Црвенковски, на овој одговор се одлучи за да ги стиша критиките на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски дека бил предолго на власт и дека нема ништо ново да и понуди на земјата во барањето излез од актуелната ситуација. Но пресретнувањето на критики од политичкиот опонент е една работа, а комуникацијата со избирачите е сосема друга работа, а изјавите дека не е заинтересиран за власт може многу да ги чинат Црвенковски и неговата партија. Од стратешки аспект тие можеби изгледаат добри за слушање, но во практиката и задаваат посилен удар на СДСМ отколку што тоа го прават изјавите од ВМРО-ДПМНЕ против Црвенковски.
И во светот политичката практика не познава таков вид на однос меѓу еден водач на политичка партија и граѓаните кои треба или не да се определат за неа при изборно гласање.Вообичаено е лидерите на партиите да бидат премиери или претседатели по освојувањето на власта со што се симболизира подготвеноста на водачот да го поднесе најголемиот товар но и привилегија од практикувањето на власта. Позицијата што ја има во моментов Црвенковски во СДСМ е безмалку уникатен пример, и секој политички теоретичар ќе ја оцени како штетна за односите во партијата и нејзината кондиција на вкупната политичка сцена и перцепцијата што ја имаат избирачите за неа.
Гледано од внатрепартиски аспект, недефинираната позиција на лидерот ја зголемува несигурноста и меѓу неговите соработници кои не знаат во колкава мера треба да му бидат лојални бидејќи не се сигурни каква прераспределба на моќта внатре во партијата ќе се случи по евентуалното освојување на власта. И со кого треба да соработуваат повеќе – дали со тој што е сега лидер или со тој што утре ќе биде премиер и практично ќе ја има целокупната моќ во свои раце?
Овие прашања изгледаат навидум неважни или барање влакно во јајце, но секој посериозна политичка стратегија ќе се фрли без одлагање на нивно решавање затоа што тие навлегуваат во една од најсуптилните материи во политичкото практикување – психологијата на гласачот и пресудниот момент кога тој ја носи одлуката чие име да го заокружи на гласачкото ливче. Тоа е тајната што ги дели партиите од освојувањето на неопределените гласачи чиј број во Македонија е голем. Црвенковски, со неговите изјави дека не сака власт за себе, ги освојува категориите гласачи кои се веќе и онака гласачи на СДСМ. Но неопределените нема да му се придружат, а без нив опозицијата не може да смета на политички резултат кој ќе доведе до пресврт.
*******
Здружението на новинарите на Македонија вчера даде иницијатива за промени во изборниот законик во смисол да не можат медиумите да бидат донатори на политички партии во време на кампања. Но доколку стапи на сила Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, нема да има потреба од навлегување во односите на медиумите со политичките партии, од проста причина што набргу потоа ќе ги снема медиумите. Очекував ЗНМ да поднесе предлог за измена на тој закон во делот на висината на казните, судските забрани за објавување на текстови како и зајакнување на инструментот извинување пред да се навлезе во судска расправа. И се разбира да ги растоварат главните и одговорни уредници од апсурдната обврска да бидат „факт-чекери“ односно секојдневно да ги проверуваат фактите во секој напис или телевизиски прилог. Со новиот закон, ЗНМ ни ги врза наместо да ни' ги одврзе рацете во делот на новинарските слободи. |
|
Статијата е прочитана 2258 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Коста Стоименовски, 13.10.2012 00:54:45 | Авторот на написов мошне објективно ја опишува парадоксалната политичката позиција на Б. Црвенковски. Неговото однесување спрема политиката го прави несериозен и неуверлив политичар! „Не сакам која било политичка функција, но сакам да бидам лидер на опозицијата и да го победам Н. Груевски.“ А, што потоа? Општ впечаток е дека Б. Ц. си води сметка само за себе во политиката. Б. Ц. на своето политичко конто има многу хипотеки (приватизацијата, ТАТ, по еден вработен од секое семејство итн.) кои пиарот на власта систематски и мошне вешто ги „подгрева“ и на тој начин битно ја ослабува позицијата не само на СДСМ, туку и на опозицискиот фронт. Рејтингот на СДСМ постепено се подобрува, но Б. Ц. никако да ја премине границата од 10%! Тоа е сигнал дека Б. Ц. треба сериозно да размисли за своето место во историјата! |
| od ostrijot, 13.10.2012 07:43:20 | abe sonje pronajdemi barem eden politicar vo RM
koj nesaka fotelja. zatoa sekojo drugo komentiranje e suvisno. |
| ФЕЛИКС, 13.10.2012 08:06:29 | Би се задржал на уникатноста во однесувањето на дотичниот.Па како прво не оди на изборен мегдан а бара тв мегдан,уникат во светот на политиката.Уникатно е да се бара избори,па по добивањето се наоѓаат мал милион причини да тоа се ескивира.Уникатно е да се нема напишана програма,која ќе ја спротистават на политичкиот опонент.Уникатно е да се вети влада во сенка за потоа немаат абер околу тоа.Уникатно е однесување визави проблемот со името.Од ,,нема маж кој ќе го смени,,кога беа на власт,за потоа во опозиција,,вие сте власт,вие мора да го решите,,.Уникатно кога се критикува власта за недемократско владеење,а во ист момент пресметка со барателите на внатрешно партиска демократијаУникатно е да изборно поразените демисионираат од функцијата а овој тоа го брани со ,,успешен пораз.Има и др.уникати но потребен е простор за опис колку телефонскиот именик на Њујорк. |
| milan, 13.10.2012 11:13:59 | Felco, unikatna e plukackata artilerija na DPMNE,pa ako liceto B.C. naznaci svoj zamenik a voedno istiot da bide premier,neznam kakvi se ne lagi ke smislete za istiot.Sto vi smeta B.C. ako e vistinski slab,pa toa bi trebalo da bide vasa korst.Postarite ke se setat i Stalin go povikuvase clenstvoto na KPJ da go smenat Tito ama toa ne se sluci narodot ne go dozvoli.Pa jas vo stilot na Feliks go povikuvam clenstvoto na DPMNE da go smeni liderot zaedno so site spomenicari.Dajte Feliks ostavete ja stalinistickata politika,gledajte si ja rabotata,i ne ja turkajte drzavata vo ponor. |
| Branko, 13.10.2012 11:53:39 | Crvenkovski zgreshi shto se vrati na chelo na SDSM so siot bagash. So toj poteg se dovede sebe si vo situacija da gubi od *autsajderot* Gruevski, pa ne znae kako sega da se izvleche od ovaa situacija, a da toa ne bide sramno/ponizuvachki. Mislam deka vo Mart toa ke go stori. Prashanje e samo dali toa ke bide gordo (so pobeda) ili mizerno (so poraz). Taka da od nego ke se oslobodime, ama od ovoj Feliks i negovata boilna opsesija - nikako! Choveku, tolku omraza i cinizam ni Hitler ne e imal kon evreite. Odi lechi se! |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 13.10.2012 12:03:42 | Секако најголема почит премиерот покажува кон СДСМ. Од почит кон СДСМ, Груевски потроши стотина милиони евра буџетски средства за плукање и оцрнување на Бранко и СДСМ. Груевски толку ја почитува СДСМ што нема месец а да не испрати партиски сопартијци кон Бихаќка. Обично ги прерушува, им дава по некој денар за сокче и сендвич, и со по некој транспарент ги испраќа да ги почитуваат политичките неистомисленици. За да бидат попретставителни при почитувањето им купува скапи наочари за сонце, бунди, чизми... |
| Goran, 13.10.2012 12:35:03 | Relativno korekten tekst so napomena deka avtorot zaboravi da spomne I deka Crvenkovski isto taka nemase namera da se kanidira na pretsedatelskite izbori vo 2004 godina |
| jovan, 13.10.2012 13:42:23 | Veke podolg period pisuvam deka vo Makedonija doaga period koga nema da saka nikoj da bide Vlast. Pred izvesno vreme i samiot Gruevski*od okolu*izjavi deka demek ne bil zainteresiran za vlast po sekoja cena. Makedonija zabrzano tone, dolgovite rastat, vnatresnite problemi(pogotovo Albanskiot faktor) se zgolemuvaat, na Makedonecot veke mu preti da bide malcinstvo, neresen megunaroden status poradi imeto..., pa vo edna takva situacija veke nikoj ne se nafaka da bide vlast. Crvenkovski mozebi i najmudro igra. Da bide vo pozadina, a drugi da*ginat*. Ova i drugi *iskusni politicari* naskoro ke go posakaat i primenuvaat i ke stanuva realnost. Kako toa ke ni go objasnuvaat, ke vidime, a ke vidime i kogo ke*mestat da bide vlast*. Doaga vreme i na zrtveni jarci. Treba da se vnimava, bidejki gadni vreminja doagaat za Makedonecot. |
| девичанецот, 13.10.2012 14:29:14 | Ako сака пензионерот Б.Ц. да се оддолжи на државата, нека ја стави во мирување својата пензија барем додека не наполни 64 години. Ако пак и се оддолжува на партијата, најдобро е да си даде нептповиклива оставка од претседател на партијата и повеќе да не им се меша на тие што ќе го раководат понатаму СДСМ.Гледа и самиот дека е прочитан од народот...преку работното лето, преку интерпелацијата..и уште нека проба да оди од врата на врата...е тоа ќе му биде најголемиот неуспех, само ако сака да си го признае тоа. |
| bezanec, 13.10.2012 16:10:17 | Добре дојде феликс ! Кажуваш за некоја уникатност. Поголема уникатност има ли од уникатноста што вмровците ги амнестираа припадниците на ОНА. |
| До девичанецот, 13.10.2012 19:59:57 | А , да си средите малку во партијата? Или таму си на „сус“ , не смееш да зинеш? |
| За авторот на колумната, 13.10.2012 20:52:20 | Нема да преставува изненадување ако споменатиот лидер доколку победи нивната Коалиција да се најде на местото премиер. Тоа ќе биде како и досега како резултат на тоа што Коалицијата ќе го бара од него. Ова е веќе видено, но секогаш има прв пат, па е можно овој пат да биде поинаку. Но, зошто да не работи во интерес на државата залагајќи се за победа на изборите, без амбиција да биде во власта? Програмата со која ќе се настапи на изборите е доволно цврста и гарантирана основа за да се има сигурност во владеењето од тој кој ќе ја завземе челната позиција во власта. Зад програмата секогаш стојат сите кои ќе бидат во власта и по правило таа станува програма на власта и таква треба да се спроведува.
|
| Трпе, 13.10.2012 23:05:36 | Никако да ја разберам новинарката и голем број од коментаторите.Зошто лидерот на партијата мора да има висока државна функција.Секому треба да биде познато што е лидер.Доволно е лидерот да биде организатор на способните работни пчели како МАТИЦАТ(си го бива).Ако поголем дел од народот е задоволен од успесите во државата, нема секого да го интересира политика.Политиката треба да биде на политичарите ,како историјата на историчарите.Кога пчелите ке бидат задоволни, ке има доволно мед за сите пчели и за медарите(за извоз).Доволно храна(мед) за пчелите, нема да ги интересира колку е вишокот мед за медарите,министрите и стопанствениците.Во сегашната ситуација и неспособните сакат да се занимават со политика и секој на секого му гледа во џебот.Е тоа е мои драги што господинот Црвенковски сака да се заблагодари на сопствениот народ. |
| strumica republikaa, 14.10.2012 01:04:53 | do Feliks :daj be covèk i nii drugite nesto da kazeme , od tebe covèk na red ne moze da doo.Kogà i da otvoram nekoo stranica na bilo koj vesnik se si ti nacrtan , kako nekòo gaba posle dosh.Abe ..odi majni se na negde , zemi da rabotes nesto ...amaan se ti pa ti .
Isto kato Grujo ... koj tv kanal da ukluces se e on... use da daat direkten prenos ka spii navecer.Mos pa Grujo i Feliks se edno ta isto ....mer pa za codo ke e..de be pa vii od Utrinski daj objavejte ne malku i nas provincijalcite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|