Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
12.10.2012, 17:58

Расте бројот на гневните од азилантите

Сега и сојузниот министер Хан-Петар Фридрих бара проверка на визните слободи за граѓаните од Македонија и од Србија. Според вицепремиерката Теута Арифи, сепак, нема официјална најава дека ќе се преиспитува безвизниот режим од Брисел

Се' погласни и се' помногубројни стануваат барањата во Германија за суспензија на безвизниот режим со Србија и Македонија, пред се', поради големиот број азиланти. Покрај одреден број покраински министри за внатрешни работи, сега и сојузниот министер Хан-Петар Фридрих, побара проверка на визните слободи за граѓаните од двете земји.

„Визната слобода за Србија и за Македонија мора да оди на проверка...“, рече Фридрих, политичар на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), сестринската партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел. Тој предупреди дека визната слобода не смее да води кон злоупотреба на азилот.

„Подготвеноста на Германија да им помогне на оние на кои навистина им е потребно тоа и кои се прогонети во своите земји со ова е оптоварена...“, рече Фридрих. Наспроти ваквите реакции и најави, вицепремиерката Теута Арифи вчера изјави дека нема никакви најави за преиспитување на укинувањето на визите и дека секоја година во овој период е нагласено ова прашање, мислејќи на анализите кои покажаа дека преку летниот период опаѓа бројот на барателите на азил, а расте потоа.

Инаку, германските медиуми пишуваат дека „експлодирал“ бројот на српски и македонски азиланти во Германија. Статистиката кажува дека во јануари 2010 година, на пример, имало 68 барања за азил од Србија, во јанаури годинава - 697, додека претходниот месец имало дури 1.395 барања за азил.

Барањата за проверка на безвизниот режим за Србија и за Македонија доаѓаат од териториите на поранешна ДДР, од покраините кои и самите имаат економски проблеми и каде што малкумина странци нашле „згрижување“, како што се Тирингија и Мекленбург - Предна Померанија.

Портпаролот за внатрешни прашања кај германските демохристијани во Бундестагот, Ханс Петер Ул, барајќи го укинувањето на безвизниот режим за Србија и за Македонија, изјави дека бројот на признат азилантски статус досега е нула.

Темата за азилнатите и визната слобода за Србија и за Македонија, според германските медуми, ќе биде разгледувана и на претстојниот самит на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ, што ќе се одржи на 25 октомври. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 1519 пати.

Испрати коментар



Поткупот царува во образованието и во спортот
Шлаканица од Брисел за корупцијата
Прашањето за бранителите секој го чита по свое
Медиумите да не бидат донатори во изборните кампањи
И принцот Лека Зогу му се поклони на Хасан Приштина



Nekoj, 13.10.2012 07:49:48
Vcera trubea na site kanali za ova, ama ne izostavija da kazat deka toa bile sinti i roma. Samo ne znam kako e mozno tokmu od Makedonija i od Srbija da ima najmnogu azilanti, znaci plukaat kade ke stignat po nas.Od kosovo nema, oti kosovo cveta vo blagosostojba i demokratija, a isto i od Albanija, bugarija, romanija itn.E sega bas roma i sinti od MK I SRB ja zagrozuvaat EU. Vazno oni si dobija nobelova nagrada, a ovie 100 dusi sto dosle, se politicki stap na EU, za vospituvanje na MK I SRB, za da nie si smenime ime, a srbite da go priznaat kosovo.Smesno i prozirno.
mkd, 13.10.2012 07:56:35
Realen ili nerealen Makedonija mora da se zastiti i toa preku donesuvanje zakon za prekrsocna odgovornost za skoj koj ke pobara a nema da dobie azil od zemjite na EU. Ako bide deportiran ili vraten nazad pasosot da se odzema od 6 meseci do 5 godini, a ako go povtori deloto kazna od 1000 evra i odzemanje na pasosot od 5 do 15 godini. Ne rekle popusto strav grozje cuva a ne nekoi ukazuvanja,rabotilnici i drn drn jarinja. Makedonija ne smee da si dozvoli vakva negativna propaganda.
Mirko, 13.10.2012 08:55:23
Zosto germanski vlasti ne vrakat odmah tie sto baraat azil? Se znae, deka ovde ne postoi politicki progon, a toa e osnoven uslov za da se dobie azil. Vaka, na tie sto baraat azil im odgovara da bidat tamu i da dobivaat pari i obleka, a i ubavo jadanje za okolu pola godina i togas proteruvanje. Zosto nema poplaki od Avstrija? Kaj niv e sosema drug pristap. Za maksimalno edna nedela se zavrsuva pretstoj za azil i potoa sledi proteruvanje.
kazete od kopj etnikum se?, 13.10.2012 10:25:58
A zasto javno ne kazete od koja etnicka grupa se ovie lazni azilanti,pa ako treba so poseben rezim da im se izdavaat patni ispravi na istite, a ne zaradi niv da stradaat site gradjani na Makedonija?
evropa, 13.10.2012 10:31:01
navistina komentatrite se smesni,n.p. mkd da se donese kazna zatvor???pa tie ludje nemat leb da jadat i ti mkd i nekoj da imas 1ilj denari socijala ce gledas da begas...zosto mislis nie pobegnavme od mak svoevremeno?pa togas mozese bese legalno samo vo toa e razlikata ...ne bagat od kosovo posto vo kosovo se asimilarani a del kako begalci zaminna vo mak po 1998g...gledam tuka od srbija cigani ne bagalci posto ne primat tuka tuku mladi grupi tamu vamu a navecer probivat i kradat pa neli e pametno togas da se vovede viza?mak treba da obezberdi zivot za ludjeto pa i za romi a ne samo da forsir albanci..a asalna socijala,besplatno zdravstvo,nega za bolni,stari,hendikapirani toa e fakticki pocituvanje na covekovite prava prena zapadno merilo vo mak mislat pocituvanje na covecki prava e daj im drzavotvornost na malcinstva...
mile, 13.10.2012 11:37:11
Па овие се резултат на успешната Преродба во 100 чекори, проширена и надградена..........
Cento, 13.10.2012 13:22:31
Kolku se realni zakanite prasuvate? Izgleda deka seuste nevi stanalo jasno deka so Evropa rakovodi Germanija!!!!! Kako sviri Germanija taka igra cela Evropa....
Ace, 13.10.2012 13:32:25
Neka si gi smenat zakonite tamu i pod hitna postapka neka gi vrakaat i toa na teret na Makedonija, a Makedonija ovde neka gi goni ne samo prekrsocno nego i krivicno, bidejki azil se dobiva samo vo uslovi koga si politicki progonuvam, maltretiran i zivotot ti e zagrozen, a bidejki ovde nikoj od tie azilanti ne e politicki progonuvam, znaci deka lazno ja *kodosat* drzavata. Pasosot da im se odzemi se dodeka ne si gi platat troskovite za deportacija i kaznite.
od mene do nekoj, 13.10.2012 15:02:57
za kosovo i albanija se uste nema bezvizen rezim,
bezanec, 13.10.2012 15:33:21
Доста е и ако е од Германија. Господа од Германија дајте ги по име и презиме, па ние внатре да си се преброиме и да видиме кој го поцрнува лицето на Македонија, дали се албанци или роми. Е ако се од тие бранши господа од европа па насила косово го одвоивте од Србија сега не се буните и доста воопштени изјави. Речето ромското(како ние ги викаме ѓупци или шиптарите како самите се нарекуваат) и Албанското малцинство од Македонија, се граѓаните кои бараат азил.
Германец, 13.10.2012 19:01:57
Па пореални здравје! Германија е алфа и омега во ЕУ. Да беа заканите од некоја си таму Естонија или Словачка тогаш исто ко да тропа канта, ама Германија е таа која дрма во Европа. Ова се решава за 5 минути како проблем, ама очигледно Владата наивно мисли дека ќе си тргне од својот товар неколку десетици илјади бедни Роми и Албанци и дека наместо да им плаќа социјална помош уште и ќе добие дијаспора која ќе испраќа девизни дознаки во „татковината“ од кои, нели, опстојува нашава сиромашна држава. Ама се зезнала Владава наша пошто никој во Европа не сака бедни, неписмени и кон корупција склони луѓе. Проблемот се решава со тоа што на сите оние вратени кои барале азил ќе им се одземат пасошите на најмалку 10 години, па нека пробаат по илегален пат да ја напуштат државата.
до Nekoj, 13.10.2012 22:13:30
Косово нема безвизен режим со ЕУ, а Бугарија и Романија се членки на ЕУ, нивните граѓани се автоматски државјани и на ЕУ и по закон им следи право на слободно движење низ цела ЕУ. Мене друго ме интересира, дали во договорот за укинување визите стоеше дека Македонија е таа која треба да сиправи проверки на својата граница или земјите на ЕУ?
Трпе, 13.10.2012 22:48:22
Од убаина че е.Лугето бегат од родната грутка за парче леб.Кога во земјата во која се родиле неможат да им обезбедат работа за да го прехранат семејството нормално ке одат во земји каде и не го разбират јазикот.Не само простиот и беден народ и мозоците на земјата ни бегат.Неможе да дозволат некој да ги експлоатира за мизерни плати.И земјоделците ни бегат ,како аргати повече се платени отколку да ја обработуват сопствената земја и да ги залажуват со некоја субвенција.Многу добро е познато во чии џебови одат субвенците.Овие кои имат овоштарници на своите викендици.Девизата на пропагандната власт е со молби да дојдат инвеститори од странство во РМ работната рака била џабе.И во европските земји ке те исцедат како лимун ама трудот вистински го плаќат.
astro, 14.10.2012 05:02:17
e toa e veke igranje so narodo toa e kako sto si igra mackata so gluvceto narodo tera prospiritet da pregive a nikoj oko ne mu trpnuva da se napravat reformi da se izgradi ono sto e potrebno na narodo da se stavat infra strukturi da se gradat fabriki patista a ne da se vrakame tri iladi godini unazad sto e bilo kolko se gleda vo realnite potezi sto e izgradeno pred 50 godini i toa dozvolihme da propadne a za ponatamu samo poloso se gleda da gi ostaveme germanija i francija tie go imat napraveno temelot nimnite infra strukturi se izgradeni .
Пуста да е Германија!!!, 14.10.2012 17:07:01
А бе навалиле луѓето од радост да ги видат спомениците по Германија, па кога ќе се вратат да им дадат идеи на владата за нови споменици. Од пусти мерак да видат како се живее мизерно во странство па кога ќе се вратат со кеиф да си уживаат во нашево поднебје исполнето со политика. Да видат колку е досадна телевизијата без министри, лопата да не заигра со години на ТВ, колку се мизерни улиците без плакати од политичари од последните пет изборни циклуси, колку е досадно кога не ти тропаат локални членови на партии на врата а ти им велиш дека се супер. На што личи германска чаршија без партиски членови кои што цел ден зборуваат против “другите“ а на телефон со “другите“ бизнис си тераат на сметка на државата. Колку се досадни германските институции нигде брат ни сестра, ни братучед во соседната канцеларија, да нема преку кој врска да фатиш. катастрофа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |