12.10.2012, 17:49 Прашањето за бранителите секој го чита по свое
Македонските политичари сметаат дека EK бара да се реши само статусот на бранителите, а Албанците тврдат дека се бараат исти права и за припадниците на ОНА
Татјана Поповска
Бара ли Европската комисија (ЕК) да се изедначи статусот на бранителите со припадниците на ОНА, со што сите би имале еднакви права, е дилемата што се појави по добивањето на извештајот од Брисел за напредокот на Македонија оваа година. Македонскиот и албанскиот политички блок различно ги толкуваат пораките од ЕУ во врска со прашањето за законот за бранители.
Додека за едните ЕК само бара да се реши проблемот што предизвика владина криза и блокирање на парламентарната Комисија за труд и социјална политика, другите сметаат дека во извештајот е прецизно наведено дека се бара изедначување на правата на припадниците на безбедносните сили и поранешните припадници на ОНА.
Во извештајот на Комисијата пишува дека „тензиите меѓу заедниците по инцидентите во првата половина на годинава предизвикаа загриженост. Владата одговори зрело на овој предизвик. Владата и во иднина треба да продолжи со јакнењето на меѓуетничките односи и помирувањето, вклучувајќи го и статусот на жртвите од конфликтот од 2001 година“. Истовремено, ЕУ забележува дека односите во Владата биле засегнати поради различните мислења околу статусот на жртвите од конфликтот од 2001 година.
„Коалициските партнери треба да го продолжат дијалогот за да најдат решение за ова прашање и да обезбедат стабилност. Собраниската Комисија за труд и социјална политика продолжува да расправа за предлог-законот за бранителите, чија цел е да обезбеди поддршка за жртвите од 2001 година. Треба да се најде заеднички прифатливо решение кое ќе обезбеди помирување, врз основа на неодамнешниот владин извештај за Охридскиот рамковен договор“, се наведува во извештајот.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вчера го поздрави тој дел од извештајот на ЕК, кој, како што вели, предвидува дека треба да се реши прашањето на сите жртви во конфликтот во 2001 година.
„Тоа прашање ќе мора институционално да се реши. Штом ЕК го бара тоа, значи имаме меѓународна поддршка“, вели Османи, кој додава дека тоа е предвидено и во Прегледот на Рамковниот договор, кој е усвоен на владина седница.
Истите аргументи вчера ги искористи и пратеникот Талат Џафери, кој го прекина молкот на Комисијата за труд и социјална политика, чија работа повеќе од еден месец ја блокира за да го спречи донесувањето на законот за бранителите.
Во ВМРО-ДПМНЕ вчера избегнаа да го коментираат овој дел од извештајот и посочија на ставот на премиерот и лидер на партијата, Никола Груевски, што го искажа на седницата за изгласување недоверба на Владата. Груевски тогаш рече дека законот за бранители треба да се донесе, но со него не треба да бидат опфатени припадниците на ОНА.
Поранешната вицепремиерка за евроинтеграции, Радмила Шекеринска, не се согласува со позициите на ДУИ. Смета дека ЕУ не прави изедначување меѓу припадниците на безбедносните сили и борците на ОНА.
„ЕК посочува дека владејачката коалиција треба да си ги реши проблемите. Но, не лицитира како би го направиле тоа. Тие само велат дека треба да се најде заемно прифатливо решение, кое ќе поттикне помирување“, вели Шекеринска.
Бесими: Се' што не е забрането со Устав е дозволено
За министерот за одбрана, Фатмир Бесими, вообичаено е во своите обраќања пред Армијата да зборува на албански јазик. Тој, во интервју за МИА, објаснува дека командата и пишаните наредби во АРМ се на македонски јазик, а обраќањето и говорот се гарантирани со уставното право - над 20 проценти од граѓаните кои говорат еден јазик да можат да го користат својот јазик.
„Кога станува збор за говор, нема ниту едно законско ограничување. Има уште една друга основна одредба во Уставот – се' што не е забрането е дозволено. Мислам дека тоа беше чисто некоја сензација која некој ја искористи во оваа фаза, но не е ништо ново. Оние што се внатре во институцијата го знаат тоа“, вели Бесими.
|
|
Статијата е прочитана 886 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 13.10.2012 01:31:51 | Ako borcite na ONA nemaat isti prava kako branitelite, ako se smetaat za teroristi sto ne gi pohapsite? |
| ФЕЛИКС, 13.10.2012 10:55:35 | Не е важно кој како го чита законот,туку како го подразбира.Па така имаме козистентен став помеѓу НСДП и ДУИ.Исто читање,исто разбирање, исто предлагање на законски решенија правата на................нека дополнат другите коментатори. |
| пријател, 13.10.2012 10:55:41 | Припадниците на ОНА се веќе изедначени со бранителите.Тие учествуваат во власта како заменици на претседателот на владата, т.е. заменици на премиерот и министри и заменици министри. Кого сега го лаже Груевски дека ќе донесе закон за бранителите со кој нема да бидат опфатени и припадниците на ОНА? Ниту Албанците и нивните претставници, заменици премиери и министри во владата и нивните пратеници во парламентот ќе го прифатат тоа,а исто така нема да прифати ни меѓународната заедница. |
| Насрадин-оџа, 13.10.2012 11:10:42 | Терористи се само мртвите борци на ОНА , со нив ни тендер не можеш да поделиш! Ако не веруваш , Пејо , прашај го Талат Димовски или Илија Џафери! |
| pile, 13.10.2012 11:55:12 | ЕУ забележува дека односите во Владата биле засегнати поради различните мислења околу статусот на жртвите од конфликтот од 2001 година.Ako vakvata ocenka EU ja nosi so predlog Zakonot za branitelite, togas e vo pravo koga branitelite (citaj aktiven ili rezerven sostav na ARM ili MVR dostojni na pozivot za odbrana na teriotorijalnata celovitost suverenitet i integritet na zemjata, i pokraj golemoto komandno raziduvanje i nekoordinacija megju ARM i MVR kako i vnatresno vo samite drzjavni Organi,nedozvolija masovni dezerterstva ili sprotivno, samovolie i vrsenje na voeni zlostorstva protiv civilnoto naselenie i povredi na humanitarnoto pravo, sto od drugata strana ne bese slucaj, a veke posle deset godini nema nikakov ishod pred nadlezjnite institucii),no samo vo odnos na statusot na branitelite neclenovi na DPMNE.Ovaa kategorija braniteli ne mozje da se zjrtvi na konfliktot od 2001 godina,tuku se zjrtvi na vladeenjeto na DPMNE i DUI kako i neopredelenite 40% gragjani zatoa sto se preck
|
| nikola, 13.10.2012 14:20:20 | Nie sakame da vlezeme vo evropska unija ne zatoa sto Evropa e med i mleko, nego cisto za razmena na stoka, transport i sl. A isto sakame da vlezeme vo NATO, ne zatoa sto e super vo taa organizacija, nego da ne ne snajde istoto kako Srbija. Koga NATO ke ne zacleni togas niedna zemja nema da se osmeli da napadne.Posto neli sme natovska zemja. |
| BitolaHamiltonCanada, 13.10.2012 14:31:03 | Shekerinska ne se soglasuva so DUI i veli TIE SAMO VELAT DA SE NAJDI ZAEMNO PRIFATLIVO RESHENIE.A shto toa ZAEMNO znaci??Znaci deka EK GI IZEDNACUVA i ednite i drugite i samo so izednacuvanje mozi da se najdi prifatlivo resenie za pomiruvanje.Vakva nikakva Opozicija,Gruevski so borina da barashe nemashe da najdi.Samata VMRO ne saka da go komentira ovoj del od izveshtajot a Shekerinska trcha da komentira toa shto tie ne sakaat da go komentiraat.Bravos Opozicio,se dodeka se slozuvate so VMRO,a ne se slozuvate so EK,ke si sedite kade shto ste i ke bidite metla vo racete na Gruevski......DRUGO NE ZASLUZHUVATE. |
| bezanec, 13.10.2012 15:49:40 | Е Македонио си страдаш од самите свои потомци македонци кои се нарекуваат патриоти. А тие патриоти расплаќаа многу мајки во 2001 година. За да не се најдат на маргините, бидејки никогаш пред 29-30 Ноември 1943 година, Македонија, немаше своја држава, побрзаа патриотите вмровци да ги амнестираат припадниците на ОНА. |
| do prijatel i nikola, 13.10.2012 21:11:46 | Mnogupati nekoi napisaa deka stom ministri i pratenici od DUI se vo vlasta i imaat privilegii zosto i drugite teroristi od ONA da nemaat benefiti zaedno so branitelite.No ministrite i pratenicite od DUI gi nemaat benefitite sto se predlagaat za branitelite i sto gi baraat i za ONA.Minister i pratenik od DUI nema borecka penzija,nema besplatno lekuvanje,nema povolen kredit...,a ovie benefiti nema da gi imaat ni drugite teroristi od ONA.Zatoa ne drzat voda stavovite deka stom DUI ima ministri i pratenici da se prifatelo izednacuvanje na ONA so branitelite.Takvi baranja nema da se prifatat.Ene Turcija e vo NATO pa e napadnata od kurdskite buntovnici i od Sirija.Britanija isto tamu clen,pa bese napadnata od Argentina i IRA,SAD od Al Kaeda.Clenstvoto ne e garancija za mir.A i za Makedonija nema opoasnost od agresija. |
| до „до пријател и никола“, 14.10.2012 10:00:28 | Ти покушаваш со извртување и невистини да ги прикажеш работите поинакви од што се.Факт е дека командантите на ОНА се ИЗЕДНАЧЕНИ со командантите на бранителите.А ако командантите на ОНА имаа исти привилегии како командантите на бранителите,зошто обичните војници да немаат?Што има тука нелогично?Што тука не држи вода?А дали нема да се прифатат такви барања,тоа ќе видиме.Далеку е од умот да се рече дека Сирија ја нападнала Турција,а искрцувањето на Аргентински воени единици на пуст остров покрај Аргентина, оддалечен 10 000 км од Англија, за напад на Англија!Смешен си и со НАПАДИТЕ на Англија од страна на ИРА или на САД од Ал Каеда за да „докажеш“дека „НАТО не е гаранција за мир“.Не велам дека вакви „мудрувања“не врват кај голем дел од народот.Затоа и сме на ова дереџе. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|