12.10.2012, 17:36 Откриен гробот на Александар Четврти
Дали е откриена кралската гробница на Роксана, сопругата на Алексадар Велики, и на нејзиниот малолетен син кој го носел истото име
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Се наоѓа ли во месноста Амфиволос во близина на грчкиот град Серез гробницата на првата сопруга на Александар Велики, Роксана?
Група грчки археолози кои работат на ископување во регионот имаат индикации дека можеби се на трагата на гробницата во која се закопани Роксана и нејзиниот син Александар Четврти, за кои според историските факти се знае дека биле погубени во овој предел. Во месноста е најдена гробница, чиј надворешен дел има обем од 480 метри со висина од 3 метри. Предниот дел на гробницата е од мермер што се користел само за гробници на моќни личности и благородници за разлика од гробовите на обичните граѓани кои се покривале со камен.
За целиот проект во Грција се гледа внимателно на случајот затоа што се' уште нема некаков солиден доказ дека се работи за кралската гробница на сопругата на Александар Велики.
Градоначалникот на Серез, Јоргос Војаѕис, за „Утрински“ објаснува дека од досегашните ископини се покажало дека мермерот што се наоѓа на предниот дел на гробницата е квалитетен мермер од Тасос, фино обработен што за археолозите е дополнителен индикатор, покрај грандиозната големина на објектот, дека е можно да се работи за гробница на важна личност, можеби и од кралската лоза. Како што потенцира, археолошките работи се во тек, но се' уште нема некаков артефакт што би ги потврдил сомневањата на археолозите дека ова е гробницата на Роксана.
Ископувањата се' уште се во делот надвор околу гробницата, а не внатре во неа, поради што се' уште е прерано и не може со сигурност да се каже дали се работи за гробницата на Роксана или, пак, за гробница на некој познат воин. Главниот археолог, Перистери, за грчките медиуми има изјавено дека не може да се каже ништо поконкретно затоа што сега имаат само некакви индикации, историски извори и приказни што се пренесуваат од генерација на генерација во регионот. Ископувањето во овој дел започнало летото 2009 година, меѓутоа било прекинато и повторно реактивирано ова лето. Тимот го предводи археологот и раководител на секторот за класични антички дела во Серез, Катерина Перистери, а според неа на археолошки ископини во овој дел во периодот од 1965 до 1985 работел археологот Димитрис Лазаридис.
Причината зошто постои сомнеж дека ова може да е кралска гробница се историските податоци дека Роксана била погубена токму во пределот Амфиволос кај Серез. Роксана била ќерка на поглаварот Оксијартис од Бактарија, регион во денешен Авганистан, а според податоците се омажила за Александар на 14 или 16-годишна возраст во 327 година пр.н.е. откако војсководецот го освоил и овој регион. Роксана го раѓа нивниот син Александар Четврти во Бабилон по ненадејната смрт на Александар Велики. Податоците што постојат за неа покажуваат дека ја убила втората сопруга на војсководецот, Статеира. Роксана и нејзиниот син се смета дека ја имале поддршката и заштитата од мајката на Александар, Олимпија. Меѓутоа, по убиството на Олимпија од страна на Касандар, основач на династијата Антипатриди, во неговиот обид да го преземе кралскиот трон, Касандар во 310 година пр.н.е. тајно ја погубува Роксана и тогаш 13-годишниот Александар Четврти во Амфиполис.
Како што се дознава, ископувањето моментно е стопирано поради недостиг од финансиски средства. Финансирање се бара од и Министерството за култура и од Министерството за Македонија и за Тракија, а некои грчки медиуми коментираат дека тимот ќе побара финансирање и од фондовите на ЕУ. Градоначалникот на Серез, Војаѕис, вели дека и општината и префектурата на регионот се обидуваат да помогнат да се најдат финансии за да продолжи ископувањето. Неодамна биле посетени и од министерот за Македонија и за Тракија кој ветил дека ќе се заложи да се помогне за финансирање на проектот. Војаѕис додава дека ова ископување е од исклучителна важност за регионот, кој е познат и по тоа што бил главна воена морска база и родно место на главниот капетан на морските воени сили на Александар Велики, чиј гроб се претпоставува дека е означен со познатиот Лав на Амфиполис. Доколку понатамошното ископување ги потврди сомневањата и надежите дека се работи за кралска гробница, според градоначалникот, ова значително ќе помогне за зголемување на туристичкиот интерес за регионот на Амфиполис и Серез.
Грчкиот весник „Етнос“ потенцира дека во гробницата во Вергина е најден детски гроб, за кој, исто така, постојат претпоставки дека е можно да е гробот на Александар Четврти, поради што се смета дека е потребна особена претпазливост и цврсти докази пред да се прогласи дека во Амфиполи се наоѓа кралската гробница на Роксана и нејзиниот син.
|
|
Статијата е прочитана 2244 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Kojco, 13.10.2012 00:21:45 | Bravo za Grcija, imaat najstara istorija od cel svet. |
| astro, 13.10.2012 06:30:33 | dali site imame svest kolko pari se trosat po tie pominali raboti a sega ima famili koi umirat za lep zaprasajte se site dali se ispravni tie raboti |
| od ostrijot, 13.10.2012 07:48:02 | grcite znajat sto sakat daslusnat VMRO-ovcite pa zatoa im servirat takvi gluposti. |
| Грција лаже, 13.10.2012 08:05:50 | Во Македонија и во Тракија до 1913, 1920 год. не живееја Грци. Мнозинство во Македонија под отоманите беа Македонците. И во стара Пела од каде е Мисирков немалo Грци. Во Кавала ниту еден Грк. Кукуш на Гоце. Серез на Сандански. Еееееее. Што било пред три илјади години само господ знае. А и зошто толкаво враќање назад во историја. |
| grujovicius, 13.10.2012 08:25:16 | eve motiv za uste stotina spomenici. kako samo ce legnat onie 250 mil evra na stavreski. |
| mitre mutaviot, 13.10.2012 10:30:31 | Ќе се шекне Паско Кузман, ќе ја прекопа цела земја во потрага по славното ни минато??????? Ај недоделкани едни, нити ми треба Алекс Големиот, ниту Паско и неговата братија........... |
| Паско, 13.10.2012 11:03:57 | Што не ме пуштат мене таму , јас ќе ги најдам двата черепи на Александар Македонски , и оној кога бил дете и оној кога бил возрасен!
П.С. Не сум знаел дека Турците ги чувале Македонците под отоман! |
| до „Грција лаже“, 13.10.2012 11:27:11 | Што тоа Грција лаже? Тие само изјавија дека пронајдената гробница МОЖДА припаѓа на Роксана и нејзиниот син.Што ти толку си се уплашил ако се докаже дека е тоа гробница на жената и синот на Александар Македонски?И не само господ,туку и историјата знае што било пред 3000 г.,и не само пред 3000,туку и многу,многу порано.Точно е дека мнозинството „до 1913,1920“беа Македонци.Но тие наши предци дојдоа пред 1300 години.Дали ти мислиш дека,пред да дојдат нашите предци,овде никој не живеел?Значи,станува збор за едни други Македонци,ант.Македонци кои живееле пред 2300 години, за Александар и неговат жена и син кои умреле 1000 години пред да дојдат нашите предци.Тоа што се случувало на овие простори 1000 години пред да дојдат нашите предци, тоа нас не ни` се случувало.Му се случувало на некој други.Затоа не се вознемирувај премногу. |
| Goran, 13.10.2012 12:46:10 | Zacuduva upornosta na Utrinski da insistira na grckite nazivi na toponimite vo Egejska Makedonija!!! Serez=Ser, Vergina=Kutlesh. Tolku li e teshko? |
| Ајван Доктор®, 13.10.2012 13:01:05 | Најнапред,местото се вика Амфиполис(а не „Амфиволос“) и токму тоа е местото од каде Александар Велики тргнал во освојување на Персија и на Светот!За разлика од „Дневник“кој посочува дека се работи за „наши“кралеви и дека откритието е од завчера (?!првиот текст се појавува најрано на 6.9.2012),Утрински се држи до сказната и тоа е сосем позитивно!Жална е заблудата дека,ако се открие гробот на некој од овие антички личности,тоа ќе биде доказ за нашето потекло!Текстовите на кои е испишано името на Ἀλέξανδρος ὁ Μέγας (ΑΛΕΞΑΝΡ·Υ),укажуваат на печатна грешка,или поточно,на говорна маана на нашите претци кои наместо на македонски,беседеле и пишувале на грчкиот јазик! :0)))) Се шегувам!Таквата печатна грешка повеќе говори за нашите денешни маани! |
| И Америка лаже!, 13.10.2012 20:12:59 | Во САД и Канада до 1613 не живееја Американци и Канаѓани. Мнозинство во Северна Америка беа Индијанци под вигвам. И во стара Дакота од каде е Хијавата немалo Американци. Во Минесота ниту еден Американец. Јута на Лудиот Коњ. Вајоминг на Бикот Што Седи. Еееееее. Што било пред три илјади години само господ знае. А и зошто толкаво враќање назад во историја. |
| dedo dimo, 14.10.2012 05:46:20 | Vo komentarive ima luge koj ne mislat ni malku .Da se razberime Drvo ne rasti bez korena isto ni narod mozi da ima bez svoeminato.A za nekoj luge shto ne mozele da si gi prehranat familiite ,ve molam zapnete rabotete za da mozite da si gi prehranitefamiliite Pred 40 - 50 godini lugeto ziveea so zemjodelie i stocharstvo i sepak ziveea .Vie ne sakate da rabotite a sakate da imate .Bez rabota nikade vo svetov nema nishto. PROBUDETESE. |
| Tome, 14.10.2012 10:12:14 | 100% Grobnicata pripaga na Makedoncite se gleda na slikata deka i togash bile goli kako i sega. |
| Imale indicii, 14.10.2012 10:40:50 | Grckite raheolozi imale indikacii deka se mozebi na tragot na grobnicata , kade se zakopani Rokasana i nejziniot sin Aleksandar IV?!INDIKACIO:pokazuvanje, oznacuvanje, upatstvo., med. oswnov za davanje na nekoj lek kako najcelishoden za odredena bolest. INDICIO ; -znaci, predznaci, simptomiosnovi za somnenie.Znaci arheolozite imale indicii deka go otkrile grobot |
| Ante Pasko, 14.10.2012 11:08:05 | Isus e doshol na ovoj svet skoro 350 godini posle Aceta, taka da i pokraj silnata zelba za vistinata, ni toj ne znae i ne moze da ni pomogne okolu ova prashanje. Ostanuva da se nadevame vo Pasko, Grujo, Feliks i ostanatite vmro-vci. Tie se znaat! Edino ne znaat kolku sme dolzni i kako utre ke gi vracame dolgovite, odnosno kako voopshto ke ziveeme i preziveeme. Najverovatno ke jademe spomenici i artifakti. Nazdravje! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|