Повод: Колумната на Филип Петровски под наслов „Србомански бугаромани“,објавена на 30-31 октомври 2010 година во „Утрински весник“
Кога не би било жално, тогаш сигурно ќе биде смешно, но бидејќи е и едното и другото, тоа зборува за моралниот пад на пишувачот на колумната, Филип Петровски. Еве зошто?
Прво, пишувачот Филип Петровски без срам и перде, за сосема приватна работа ги злоупотребува страниците на „Утрински весник“ и се обидува „многу неуспешно“ да се пресмета со автор од еден неделник. Зарем е тоа демократија, кога е „царот гол“, ама излезе дека е „Филип - гол“ и со фотографијата фатен на дело, со своите идеолошко-партиски определби. Оттука, ја молам Редакцијата да му се заблагодари на пишувачот на колумната, зашто во два наврата тој приватно се пресметуваше со нешто што во „Утрински весник“ го нема...
Второ, на еклатантен начин се виде, а тоа одамна го знаат и врапчињата во Скопје, на која опција и' припаѓаше Филип Петровски, односно дека беше под шинелот на марксистката Доста Димовска и нејзината определба „до Групчин и отаде Групчин“. Фотографијата е најдобар и несоборлив доказ за неговото напредување и за неговите палавштини со негативна резултанта...
Трето, и последно, за она што Ф.П. не може и никогаш нема да може да го разбере. Имено, бидејќи припаѓаше на две третини од бугароманското крило во ДПМНЕ (несоборлив аргумент на Љ. Георгиевски, неговиот идол), затоа тој ја велича Мара Бунева и полага цвеќе на нејзиниот „гроб“. Со тоа покажува дека е роб на една тажна идеологија и аргументација. Го прашувам Ф.П. зошто прво неговата хероина - „Македонката“ Мара Бунева не отиде во Горна Џумаја (денешен Благоевград) да го убие бугарскиот ѕвер, таа можела да отиде и во Солун и да го убие грчкиот ѕвер, па да дојдеше во Скопје и да го убиеше српскиот ѕвер! Добро е што го уби, ама го уби за една друга политика, а не македонска. И, сега несоборливото: Мара Бунева е етничка Македонка, асимилирана Бугарка и борец за бугарската кауза во Македонија. Ете, тоа е формулацијата за таа „македонска хероина“.
И, сега откако патрдиите на Ф.П. завршија така како што завршија, барем горенаведеното нека го научи наизуст, па после да велича предавник(ци).
Ke vi kazam nesto malku poznato na javnosta.Istiot toj spski zver bese ljubovnik na mara Buneva.Znaci samoto ubistvo nema ama bas nikakva politicka pozadina.toa bese samo edna ljubovna vrska koja nemase "happy end".
Од: karokan "gambit"
Датум: 04.11.2010 18:50:41
Pa spored se ona sto se pisuva za i okolu Mara Buneva,ispagja deka i denes imame kopie na
istata.
Sosema nesto slicno se slucuva so Spaska Mitrova,koja kako "etnicka" makedonka,stana asimilirana bugarka i go rasturi brakot so soprugot koj ima srpsko etnicko poteklo.
Dobro,barem ne go ubi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: devicanecot
Датум: 04.11.2010 20:13:24
А мара Бунева...под наводници храбрата..беше бремена од него