Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма

Ќе останат ли пензионерите сопственици на својот дом?

Иван Станоев, пензионер, Струмица


Здружението на пензионерите во Струмица заедно со пензионерите од општините Босилово и Василево брои над 10.800 члена и е меѓу подобрите во Македонија.

Струмичките пензионери, меѓу првите во Македонија, уште од 1971 година го имаат на управување новоизградениот Пензионерски дом. Освен салата што служи за организирање секаков вид собири, административни и клупски простории, Домот располага и со депанданс од 10 еднособни станови за престој на пензионери со нерешено станбено прашање.

И врапците на просторот меѓу Беласица и Огражден знаат дека претседателка на иницијативниот, а потоа и на одборот за изградба на Домот на пензионерите во Струмица била Марија Георгиева (поранешна поштенска работничка). Се знае дека покрај средствата обезбедени од сопствени извори и кредитно задолжување на Здружението на пензионерите, изградбата на Домот е финансиски потпомогната и од Собранието на Општина Струмица, Општинскиот синдикален совет, Предилницата „Струмичанка“, Рудникот за неметали „Огражден“, Службата за општествено книговодство, Здружението „Југопамук“ и Градилиштето на ГП „Пелагонија“ во Струмица, кое воедно е и изведувач на објектот.

Изнесеното изгледа кристално јасно. Наспроти ова, не е јасно кога ќе заврши четиригодишната процедура што се води на релацијата Здружение на пензионерите, Агенција за катастар - Одделение во Струмица и јавниот правобранител во врска со издавањето имотен лист со кој ќе се потврди дека Здружението на пензионерите од Струмица е сопственик на својот дом.

Меѓу сегашните функционери во Здружението, меѓу кои има и правници, убедени се дека спорот ќе биде решен во корист на Здружението, бидејќи во една фаза од постапката имотниот лист веќе бил готов.

Интересот кај членовите за конечниот исход на постапката постојано се зголемува и поради тоа што пред една година Здружението на пензионерите најави дека во продолжение на постојниот депанданс од 10 еднособни стана, планира да изгради уште еден со 30 стана, што во овој момент зависи единствено од добивањето на имотниот лист.


#
Статијата е прочитана 705 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Писма
Патрдиите на Филип Петровски
Каде е еднократната социјална помош?






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis