Нови актери, стари идеи. Власта, во недостиг од свои и оригинални идеи како да ја извлече земјава од кризата, ги надградува и проширува старите идеи на Васил Тупурковски. Циле го нема да искоментира и да се побуни, ама затоа власта, за да не изгледа дека „апла“ ги препишала неговите, своите ново-стари идеи ги дува како балон.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, наместо Тајванците, сега ги повикува Кинезите да отворат фабрики во Македонија, а потоа од кај нас да извезувале во Европа. Милијардата на Циле од 1998 година, десет години подоцна, стана 8 милијарди на Груевски. Циле го израмни „Бунарџик“, а оваа власт, иако го воскресна, ништо од реализацијата.
Тајван со 23 милиони жители е минијатура во споредба со моќната Кина од 1,3 милијарди жители. Една во споредба со 8 милијарди евра инвестиции е гола вода, а влезот на странски брендови што би се произведувале во „Бунарџик“ е посакуван сон.
Иако не ги сакаме веќе, Тајванците имаат една оригинална идеја како да излезат од кризата. Ако и нашата Влада ја примени, верувам дека на неа ќе падне барем женскиот дел од македонската популација. Во обид да ја победи глобалната кредитна криза, владата на Тајван планира на секој од 23-те милиони жители на островот да му врачи ваучер за шопинг, во вредност од 80 евра. Парите ќе можат да се користат во бутици, ресторани и супермаркети. Целта на оваа идеја на Тајванците е да ја помогне економијата и да го зголеми бруто-домашниот приход за 0,64 отсто. За реализација на планот, ќе биде потребен буџет од повеќе од 2 милијарди евра. На премиерот Груевски ќе му бидат потребни многу помалку пари, или 160 милиони евра.
Од ВМРО-вските голтари друго и не се очекува, сето ова е deja voux....
Од: jas
Датум: 07.07.2009 09:36:52
од СДС-овците се виде што можат да направат. Им помина славата и влијанието. Останаа во СДСМ само оние кои одат на поклонение на лицето БЦ и му бацуваат рака. НЕ БЛАГОДАРАМ на никого не му бацувам рака не затоа што не го заслужил туку затоа што ми останало доволно чест да бидам исправен пред некојси лидери, олигарси, и слични самопрогласени владетели. Тоа што некои ги величаат, треба малку да се замислат а не како во вчерашните натписи според некои си БИВШИ министри да навиваат за комшиите а не за својата земја. Па тие се БИВШИ а не сегашни или идни. Отворете ги очите. Можеби звучам како симпатизер на владата ама вистината е не дека ги сакам ВМРОвците туку одвратно ми е некој да му бацува рака на тн бивш претседател на РМ. Ако е тоа начин за напредување во СДСМ - тогаш се надевам дека СДСМ никогаш нема да се врати на власт.
Од: kristo
Датум: 07.07.2009 10:32:21
Среќа што се "ВМРОвските голтари" на власт оти ако беа СДСМовските лопови и хохштаплери дури тогаш кучињата со сто кола маст немаше да не јадат.
Од: Verag
Датум: 07.07.2009 12:31:41
Оваа идеја можа да ја прифати Груевски- така ќе им ги врати парите на оние симпатизере кои донирале пари за изборите.
Од: KPMarija
Датум: 07.07.2009 12:34:21
Podobro " prepishuvaci " od Profesorot Topurkovski (i pokraj toa shto avtorot na kolmnava ne dava argemnti i fakti dali toa e taka ) otkolku od kriminalnite , alcni tranziciski politicari od opozicijata....... !!
Од: M.G.
Датум: 07.07.2009 12:37:07
Почитувана Маџовска... 'Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, наместо Тајванците, сега ги повикува Кинезите да отворат фабрики во Македонија, а потоа од кај нас да извезувале во Европа. ??
Можеби грешам, но статистички, според сите релевантни економски показатели, фактори и стручни анализи од врвни светски економски експерти, Народна Република Кина бележи галопирачки економски раст и развој на светско ниво, неколку години по ред и веќе ја престигна и Јапонија. Се прашувам што има лошо во тоа да соработуваме со економски гигант како Кина???!!! Зарем можеме да загубиме нешто? Доколку посочувате на можни неправилности и злоупотреба на службена должност од страна на владини претсавници (случајот Тупурковски), за тоа се надлежни судските органи, но волјата и идејата за продлабочување на соработката со Н.Р. Кина, од секаков карактер, па дури и економски, секако е за поздравување.
Од: Македон
Датум: 07.07.2009 12:38:26
Не разбирам, зарем не треба да се викаат странски инвеститори да отвораат фабрики кај нас, било тоа идеа на Циле, или на некој друг? Целосен апсурд. Во име на објективноста не треба на владата да и се забележуваат овие заложби, без разлика што таа е елементарна непогода и целосна катастрофа за државата.
Од: Alek
Датум: 07.07.2009 13:50:14
Не се замарајте толку со СДСМ де, небаре тие ја имаат целокупната власт во државава. Туку, ни се виде аирот со ВМРОвските селанчиња. Кој преживее, ќе раскажува...
Од: zabegan.
Датум: 07.07.2009 16:31:36
абе ТОКМАЦИ вмроски кај па ја најдовте КИНА ај што саглам производи има кинески???Ова е само една ГОЛЕМА лага на пилиштарциве.А да си земете по еден неповратен БИЛЕТ за Кина и да несе вратете повеќе.Ја закопавте МАКЕДОНИЈА.
Од: manta
Датум: 07.07.2009 18:55:06
Некој треба само да ги прочита овие коментари и да сфати зошто Македонија е за никаде!
Ако некој види аир од вакви гојда нека ги земи, јас ќе им платам патни трошоци...