Жители од Аеродром и од Карпош 2 сметаат дека на „Топлификација“ и' одговараат надворешните температури, па затоа штеди на парното
Жители од населбите Аеродром и Карпош 2 се жалат на слабо парно во изминативе денови, особено во утринските и во вечерните часови. На „Топлификација“ и' одговараат повисоките надворешни температури, па веројатно и штедат во дистрибуцијата на топлинска енергија, коментираат тие. Се жалат на студени домови, сосема незагреаните радијатори наутро и млаки попладне, кога по работните обврски се прибираат во своите домови. Загарантираните 21 Целзиусов степен според условите за испорака на топлинска енергија не ги исполнуваат, а ние не можеме да го докажеме тоа, се жалат граѓаните.
Веќе цела недела до 9 часот наутро речиси студени им се радијаторите на станарите во зградата број 11 на булеварот „Јане Сандански“. Ниту попладне не се многу топли како што беа некогаш, се пожалија од оваа станбена зграда. Притоа, напоменаа дека од самото парно имаат и подно греење. Тоа сега како сосема да откажало и според тоа, заклучуваат дека навистина им е студено. Во друг случај подот им бил топол . Тие не знаат дали можеби станува збор за дефект. Но, и во тој случај една седмица е премногу време за тој да биде отстранет. И станарите во зградата број 1 на улица „Веселин Маслеша“ во населбата Карпош 2 велат дека имаат слабо парно. По проверката што ја направија на сите параметри на станбениот објект во Аеродром, од „Топлификација“ ни потврдија дека нема дефект.
„Мора да се провери дали можеби станува збор за индивидуален проблем во некој стан. Точно е дека вчера имавме поплака за греењето од зградата број 11 на булевар „Јане Сандански“, но во 9 часот наша екипа беше таму и утврди дека се' е в ред. И сега кога ја гледам испораката на топлинската енергија, протокот на температура и сите други параметри, заклучувам дека нема проблем. Ако поединечно некој стан има проблем, сопственикот треба да го пријави тоа, вели Алфонс Вета, одговорен за испорака на топлинска енергија во АД ’Топлификација’“. (Сн.К.)
prasajte gi toplifikacija kakvo e parnoto greenje vo Kisela Voda? i zosto ne prezimaat nisto?
Од: васка
Датум: 02.12.2009 08:58:12
Катастрофа е парното и во зградите кај Универзална сала. Се изради околината со толку многу згради, така да ние порано имавме одлично парно, а сега млако. Сметам дека топлификација е ажурна само кога е во прашање наплатата на сметките, друго ништо не ја интересира.
Од: mene
Датум: 02.12.2009 10:08:44
vo kisela voda parnoto e katastrofa, do lani bea radijatorite topli a ovaa godina se mlaki. a smetkite se' povisoki
Од: bojan
Датум: 02.12.2009 10:24:21
I vo Micurin e katastrofa. Ne mlako, recisi i da go nema...i kakva e taa glupava politika da se gasi parnoto vo 21:00 saatot
Од: од станар
Датум: 02.12.2009 11:17:38
а во Капиштец -ул Народен Фронт 29 парното е катастрофа секој месец плаќаме сметка од 4000 денари колку се тоа пари за цела година и да се смрзнуваме, радијаторите се млаки скоро да нема парно . Невидено, ова може само овде кај нас.Мора да постои начин ваквата состојба да се измени.
Од: kosmopolit
Датум: 02.12.2009 11:23:21
ne "Nekoi Skopjani" recisi site vo Skopje se zalat na mlaki radijatori ili nemanje voopsto parno vo tekot na denot, za da go pustat malku navecer. od 20.30 veke pocnuvaat da go gasnat parnoto. Sto treba da dademe, pari davame dovolno, da ne treba i krv da dedeme za da se zgreeme?
Од: violeta
Датум: 02.12.2009 11:30:42
sega procitav i ne mozam da ne kazam deka vo kisela voda sega nema parno casot e 11:30 smrznavme a toplifikacija ne reagira
Од: topansko
Датум: 02.12.2009 13:31:18
Parno greenje imame samo na smetka. Sekoj den go isklusuvaat i vo Topansko, radijatorite se mlaki koga e vkluceno parnoto i prinudeni sme de trosime struja dopolnitelno. Od toplifikacija Sever na reagiraat i ne gi interesira isporacanata energija, samo dali se plateni smetkite. Za sto zemaat pari?
Од: jas
Датум: 02.12.2009 15:05:52
Mislam deka se preteruva, zima e oblecete nesto potoplo po doma, site stedat treba i nie da se naucime. Prasajte gi tie sto sami se great dali sega celo vreme pustaat greenje.