Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Учество во детски климатски камп во Данска

Четири ученички од основното училиште „Мирче Ацев“ од Општина Ѓорче Петров од денеска до петок ќе учествуваат на „Детскиот климатски креативен камп" во Белеруп, Данска. Триста млади од целиот свет ќе се запознаат и ќе дискутираат за климатските промени и како дополнување на претстојната Конференција за климатските промени, ќе биде потпишан „Детскиот климатски договор“. Документот ќе им биде поделен на возрасните, со цел да ги земат предвид заклучоците при донесувањето на одлуките врзани за климатските промени.

Децата во „Детскиот креативен климатски камп“ ќе работат со уметници, танчери, писатели и музичари во 15 различни креативни работилници со акцент на темите енергија, отпад и вода. В сабота ќе биде презентирана заедничка визуелна климатска порака на меганастанот во суперарената во Белеруп пред многуилјадна публика составена од деца, политичари и медиуми. (С.Н.)

 


#
Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Проширувањето на „Илинденска“ ќе урне петнаесетина објекти
Некои скопјани се жалат на млаки радијатори
Ново идејно решение за Градски парк