Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Скопје

Матица на иселениците на удар на инспекцијата

Повеќе од две години Матица чека да добие одобрение, а Општината не го издава

Деспина Трајковска

Матица на иселениците вчера се спаси од поместување на лимената ограда поставена поради доградба на објектот. Џентлменски, претседателот на Матицата, Илија Џо Петревски, му ветил на градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, оти оградата деновиве ќе ја повлече во дозволените граници. Ваков договор паднал откако утрината Општинската градежна инспекција дошла со намера да интервенира. Сепак, неколкутемина извршители и полициското обезбедување се повлекле од терен. Но, и покрај мирното надминување на проблемот, од Матицата на иселеници реагираат, како што велат, на неодговорното однесување на надлежните страни во врска со случајот.

Имено, според Петрески, повеќе од две години Општина Центар и Министерството за транспорт и врски не одлучуваат за предметот, поради одредени притисоци. И покрај барањето до Општината за добивање одобрение за доградба на објектот, поднесено уште пред три години, надлежните не одговориле позитивно, како што тврди Петрески, неосновано.

„Ситуацијава е резултат на притисоците што ги врши на сите страни тогашниот и актуелниот претседател на Советот, Владимир Здравев, кој смета оти има право на сопственост на објектот. Имаме добиено локациски услови, а сигурни сме дека Аларова не ни одговори позитивно оти Здравев и' се заканувал. Поднесовме жалба до Министерството за транспорт, од каде што го поништија решението на Центар и сега согласно со законите случајот треба да се разреши кај нив.Но, иако изминаа два месеца од рокот кога требаше да пресечат во ситуацијава, оттаму немаме никаков одговор“, објаснува Петрески.

Тој ги отфрла наводите дека Здравев има било каква врска со објектот, откако негови предци го продале на Матица на иселениците. И Врховниот суд утврдил оти Здравеви немаат право на наследство, односно денационализација. Во периодот, пак, на Владата на Љупчо Георгиевски, според Петрески, објектот присилно бил отстапен на тогашното Министерство на иселеништво, но откако Матица тужела за бесправно одземање на имотот, тој бил вратен во нејзина сопственост и до ден-денешен Мат��ца поседува имотен лист. Бара да го догради објектот во рамки на дозволените граници со ДУП, односно со катност до 29 метри.

„Очигледно работата намерно се одолжува, не знаеме што ќе преземеме понатаму. Вчерашната планирана акција сметам дека неосновано значи опомена за нас“, дополни Петрески, кој вети оти поставената ограда ќе ја помести половина метар назад за колку што признава дека отстапил од дозволеното.

Тарабите се поставени пред две години кога Матица добила локациски услови за доградба, со одобрение од Град Скопје.

Инаку, вчера за случајот не успеавме да добиеме коментар од Владимир Здравев а на прашањата без одговор останаа од општина Центар. Од Министерството пак објаснија дека Управата за културно наследство за овој случај издала мислење оти во период од една година не треба да се преземаат градежни активности. „По истекот на овој период барателите треба повторно да се обратат до Управата“ дополнија од Транспорт.


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Градски парк ќе добие нови рампи и пешачки патеки
Трето прскање против комарци
На Бит-пазар променет сообраќаен режим
Затворени врати за посвоители на кучиња