Број 3030  среда, 08 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Хороскоп

Овен

Иако постигнувате успех на сите страни, сепак, енергијата треба да ја насочите кон љубовта. Доколку сте во љубовна врска или брак ве очекуваат многу незаборавни моменти со саканото лице, а доколку се' уште сте сами можете да се надевате на исклучителна средба. Ви претстојат многу убави и среќни моменти. Збогатете ја исхраната со вода и сокови.



Бик

Чувствувате потреба да ја докажете сопствената вредност. Надевајте се на успех. Амбицијата ви е изразена, па некој ќе ја забележи и ќе ви понуди раководно место. Младите бикови го решаваат емотивниот живот, средовечните, деловниот, а постарите повеќе внимание ќе му посветуваат на здравјето. Ќе добиете поддршка од пријателите од кои најмалку сте очекувале дека можат да направат такво нешто.



Близнаци

Одличен период за успех во сферата на филозофијата, религијата, правото и патувањата. Сериозни сте кога е во прашање учењето и пристапот кон овие науки. На моменти ќе бидете непрактични, па внимавајте да не претерате. Ќе ве заинтригира веста дека постои можност некаде да отпатувате.



Рак

Послушајте ја молбата на вашиот организам, кој ви вели да се одморите. Ќе ви биде пријатно во осаменост, па доколку сте во можност да ја остварите, осамете се зашто тоа ќе ви помогне да ги наполнете батериите и да се почувствувате како преродени. Прошетката во природа, добрата книга или филм ќе ве релаксираат. Ви претстои конфликт со јарец.



Лав

На околината и' изгледате привлечно, но тоа не значи дека треба да претерувате со желбата за доминација и мудрување. Пред вас се многу пријатни случувања, што на прв поглед не се обврзувачки. Не сте ни свесни колку тие имаат влијание врз развојот на натамошните настани. Бидете што подалеку од скорпиите.



Девица

Многу проблеми ќе решите на ваш својствен дипломатски начин. Нема да бидете сами доколку се најдете во непријатна ситуација. Од голема утеха ви е тоа што своето искуство го споделувате со другите. Ќе присуствувате на некој јавен собир или ќе се најдете во ситуација да започнете соработка многу позначајна од онаа што сте ја замислиле.



Терезија

Заморот и лошата здравствена состојба се резултат на хроничните проблеми. Не се форсирајте, туку правете исклучително нешта кои не ве оптоваруваат. Ќе сфатите дека како луѓе сме ограничени во време и во простор. Уживајте во малите работи наместо да се оптоварувате со безначајни работи.



Скорпија

Доколку сакате добро да се чувствувате, обрнете повеќе внимание на правилната исхрана и уредниот живот. Насочете се малку кон спортските активности. Подготвувате долгорочни планови. Никако не се откажувате од ништо. Ќе имате можност да зборувате на јавен собир.



Стрелец

Најпосле можете да здивнете. Активностите поврзани со патување и опасноста за повреда се позади вас. Успешни сте во се' што работите, па тоа искористете го конструктивно. Доколку се јави желба да се вмешате во туѓите проблеми, настојувајте да ја потиснете. Свртете се малку кон сопствените пробл��ми, макар и да ве прогласат за себични.



Јарец

Интуицијата е изразена, но и нервозата која доаѓа во пакет со неа. Се' што е добро има и свои лоши страни. Искористете ја првата погодност, а што се однесува до нервозата обидете се да ја ублажите. Ништо не е толку значајно за да ви го расипе денот. Тоа не им го дозволувајте ниту на пријателите, иако упорно се обидуваат да го направат спротивното.



Водолија

Сериозни сте и одговорни, пред се', затоа што тоа од вас го бара околината. Таа конечно ќе се увери дека може да се потпре на вашата поддршка, иако оставате впечаток на несериозни. Како и вообичаено, првиот впечаток може да излаже. Не обрнувајте внимание на внатрешниот немир, ниту на извесни работи кои се повеќе од тривијални.



Риби

Исклучително успешен и креативен ден. Се' што ќе работите, лесно ќе го извршувате. Не претерувајте со фантазирање, бидејќи можете да ја изгубите и така несигурната подлога под нозете. Иако ќе работите во некој вид изолација, потсвесно посакувате средба со пријателите. Ќе се појават проблеми со кожата и некаква алергија.



































































Најди! во Утрински