Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Музика за увото на премиерот

Ден Дончев

На кои проекции да им се верува - на оние од Светска банка или од ММФ?

Веста дека Светска банка во своите ажурирани проекции за стапката на економски раст за 2010 година за земјите во Централна и Источна Европа и Централна Азија предвидува Република Македонија да постигне стапка на економски раст од 2 отсто за 2010 година, за Никола Груевски беше вистинска радост. Тоа му дојде како „музика за увце“. Очигледно среќен и горд што Светската банка ги потврдила проекциите на кои неговата Влада се држи од самиот почеток на годината, премиерот излезе пред нашата јавност за да ни соопшти дека Македонија навистина ќе постигне раст од 2 отсто оваа година. Притоа кажа дека му е драго што ова го потврдува една сериозна и престижна организација како Светската банка која има врвни економисти, за разлика од оние ква��и економисти кои ги има во нашава држава коишто за 2010 година предвидувале стапка на раст пониска од онаа на Владата.

Бидејќи од почетокот на годината укажував дека Македонија ќе биде среќна доколку успее да постигне стапка на економски раст значително поголем од 1 процент, лично се најдов во таа група на „квази економисти“ на кои премиерот алудираше во неговата еуфорична изјава. Лично сметам дека во секој случај ќе биде многу подобро премиерот и Светската банка да излезат во право отколку да е во право било кој економист или „квази економист“ кој предвидува стапка на раст помала од онаа на Владата. Ако нешто и' треба на нашата држава, тоа е што повисока стапка на економски раст и камо среќа стапката оваа година да беше и далеку повисока од 2 проценти.

За жал, економијата на една држава е првенствено математичка наука и многу малку зависи од нашите желби, а многу повеќе од нашите дела. Повикувајќи се на процените на „врвните економисти“ во Светската банка, премиерот заборави да спомне дека проекциите за Македонија за 2010 година беа дадени во контекст на проекции за триесет земји од Централна и Источна Европа и Централна Азија. Премиерот, исто така, не спомена дека дури и со 2 отсто раст, предвидувањата за Република Македонија се меѓу најниските во споредба со другите земји од овие два региона. Всушност, проектираната просечна стапка на раст на земјите од овој регоион за 2010 година изнесува 3,9 отсто, што значи дека дури и да се оствари стапка на раст од 2 отсто за Македонија, таа, сепак, ќе биде двојно помала од просекот на земјите во овие два региона.

Како и да е, не помина многу време за пред некој ден и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да излезе со своите ажурирани проекции за економскиот раст на Република Македонија за 2010 година. Економистите од ММФ, очигледно, не ги имале на ум предвидувањата на Светска банка, па нивната ревидирана проекција за Македонија во оваа година изнесува само 1,2 отсто. За големо изненадување, премиерот не излезе во јавноста да ја коментира проекцијата на ММФ.

Следејќи ја логиката на премиерот, се отвораат неколку дилеми и прашања. Првото логично прашање е на кои проекции да им се верува - на оние од Светска банка или од ММФ? Второ, ако во Светска банка работат „врвни економисти“, кои ја потврдиле проекцијата за стапката на раст на Владата од 2 проценти, дали во ММФ работат потпросечни економисти? Всушност, дали тие лица во ММФ кои проектирале стапка на раст за Македонија за 2010 година која е речиси двојно пониска од онаа на Светска банка, е направена од „квази економисти“? Конечно, како е можно да постои таква голема дискрепанција во ревидираните проекции на овие две институции, посебно кога станува збор за проекција за тековна година во услови кога две третини од годината ее веќе поминати?

Веројатно премиерот ги знае одговорите на првите две прашања. Што се однесува до големата дискрепанција помеѓу проекциите на Светска банка и на ММФ, веројатноста е голема дека проекциите на ММФ се поверодостојни од оние на Светска банка. Прво, мора да се има предвид дека основниот мандат на Светската банка е намалување на сиромаштијата и подобрување на квалитетот на животот во светот. Значи, во старт центар на вниманието на оваа институција не се макроекономските перформанси на било која земја туку прееземање и мониторинг на проекти кои се првенствено во улога на својот основен мандат. Значи, самиот состав на персоналот кој е директно одговорен за било која земја, првенствено е насочен кон следење на дефинираните цели и проекти во секоја поединечна земја. Тие цели и проекти се насочени кон намалување на сиромаштијата и подобрување на квалитетот на живеење.

Од друга страна, основниот мандат на ММФ е дефиниран како промоција на меѓународна монетарна соработка, развој на меѓународната трговија и стабилен систем на валутни размени. За да ги постигне дефинираните задачи во својот мандат, ова неминовно значи дека ММФ мора да има длабински преглед во фискалната и монетарната политика во секоја поединечна земја зашто токму овие две сфери го имаат најголемото влијание врз параметрите дефинирани во основниот мандат на ММФ. Тоа подразбира дека во составот на персоналот кој е директно одговерен за било која земја се претежно макроекономисти кои редовно и ажурно ги следат макро и микро економските настани во земјата.

Како и да е, времето ќе покаже кои од овие две проекции за стапката на економски раст на Македонија за 2010 година ќе биде точна. Но, без разлика дали конечната стапка ќе биде 1,2 или 2 отсто, во суштина ни едната ни другата нема да направат никаква разлика во секојдневниот живот за обичниот граѓанин во Република Македонија. Ниту едната, ниту другата проекција нема да можат да ја намалат огромната стапка на сиромаштија од 31 и огромната стапка на невработеност од 32 отсто. Суровата математичка вистина е дека доколку македонската економија и натаму продолжи да расте со просечна годишна стапка од 2 отсто (што, всушност, е нашиот просек во последните дваесет години), потребни се цели триесет и пет години за да го дуплираме денешниот просечен економски стандард на граѓаните.

Значи, вистинската дебата не е дали ќе оствариме два отсто раст во 2010, па да се радуваме на тоа и да ги етикираме сите тие кои проектираат помала стапка на раст како „квази економисти“. Вистинската дебата во Македонија треба да се води на прашањето што треба да направиме за да се обезбедат услови за континуиран економски раст на долгорочна основа од најмалку 7 отсто годишно. Бидејќи, ако ни се потребни 35 години да го дуплираме сегашниот просечен економски стандард со стапка на раст од 2 отсто, само 10 години ни се потребни да го постигнеме истото доколку растот е 7 осто. За жал, на виделина не постои некаква надеж дека оваа Влада, во останатиот дел од нејзиниот мандат, ќе биде подготвена да ги преземе неопходните чекори кои можат да обезбедат клима за висок и континуиран економски раст.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1623 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 13.10.2010 13:05:42
Ау, како да е добро да се има раст од само 2% и да плачеме од среќа дека ММФ се поклопиле во проекциите на Владата. Тоа е како мајка ми после испит да погоди дека едвај сум добила 6-ка. Жално со што се задоволува овој народ.
Од: viki
Датум: 13.10.2010 13:37:40
i da e 10% matematicki rast,nie nemame nisto od toa,vistinata e sosema druga
Од: do portokalite
Датум: 13.10.2010 15:06:23
Феликс, џими, ве чекаме за коментар, за успесите на вашиот омилен водач. Коментирате за Бранко! Знам дека на сите, и на фирерчето и на неговите увлекувачи им е ноќна мора, ама, сепак му давате преголемо значење за еден опозиционер, па макар бил голем ко Бранко. Дајте малку коментар за невидените успеси на фирерчето, за многубројните лопати, многуте споменици, убавиот живот, светлите перспективи со него.
Од: Валерија
Датум: 13.10.2010 19:17:24
Do "do portokalite": Aman, koj i da si, coveku, ne povikuvaj gi spodobite kako onoj do smrt zdodeven Feliks ili onoj gimi so IQ=65... vakvi kako tebe se vinovni sto ovie se provociraat i pisuvaat duplo povekje odosto im e naredeno od stabot na DPMNE. Utrinski e seriozen vesnik, mu trebaat i takvi komentatori, lugje koi imaat nesto umno da kazat. Dali si ti eden od niv ili mu pravis samo steta na kvalitetot na vesnikov?
Од: До Валерија
Датум: 14.10.2010 09:18:03
Ти да не си му пријателка на gimi ??? Тој да има IQ = 65 , не зфркавај. Нема повеќе од 35 , се кладам .
Од: lovec na plagijatori
Датум: 14.10.2010 10:24:07
Smesen e ovoj Den Doncev. Ke gi slusne pres konferenciite na SDSM, onie na Jovanovski, i posle gi preraskazuva, ama ne kazuva deka toa go ukral od Jovanovski. I si misli nikoj nema da primeti. Sodrzinata na denesnava kolumna na Den Doncev e vekje videna na sajtot na SDSM, uste od pred najmalku edna nedela.

Најди! во Утрински
Мислења
Лелек






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia