Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Експертска поддршка за кинеските автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и Машинскиот факултет вчера потпишаа меморандум со кој факултетот се обврза да им даде експертска поддршка на кинеската „Џенгџоу јутонг групација“ и на украинската ЛАЗ при конструкцијата и изработката на автобусите наменети за Македонија. Во согласност со договорот, „Џенгџоу јутонг групација“ треба да произведе 202 двокатни автобуса, а ЛАЗ 84 нископодни градски автобуси, од кои четири ќе бидат зглобни.

Со потпишувањето на меморандумот Машинскиот факултет се обврза во иднина да соработува со ЈСП, давајќи му консултантски услуги поврзани со технички прашања од областа на конструкцијата и градбата на возилата. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1205 пати.

Испрати коментар

Од: Od kogo
Датум: 27.05.2010 07:52:45
Од кого и за кого - ќе се одлеат парите и кој колку ќе добие е вистинското прашање.И кој ќе плаќа а кој ќе зема и за што - конкретно. За консултантски услуги - колку сакав лов во матно.Но ние сме крава музара - па ќе молзе кој ќе стигне.
Од: Скопјанец
Датум: 27.05.2010 07:53:26
Кинеска роба? Чешма да не купиш а не автобус.
Од: Зачуѓен и Увреѓен!?
Датум: 27.05.2010 14:44:40
Туф,туф...Глеј ги ти Кинезиве и Украинциве!?Толку да ти биле неспособни,та сега им требале „експерти“од Најразвиената земја во свет на залезот на сонцето,за да им ја опраит работаа!Каде ли живееме?!Што ли произведуваме?!Него... Беееее... „Скопјанец“...Не чешма,со Кинезиве можеш и до Марс (и назад,ако посакаш) да се провозиш,што за нас,не може ниту да се помисли,а камо ли да се спомне!

Најди! во Утрински
Скопје
Куќните совети имаат уште два месеца за да најдат управители
Градот го стави под своја капа поставувањето урбана опрема