Античкиот простор под името Македонија како компактна територијална единица не постои. Тоа е историски факт, кој не е запишан во ниту еден меѓународен документ. Македонија постои во делови што, исто така, со ниеден меѓународен документ не е констатирано, и тие не се именувани со званични меѓународно признати имиња. Македонскиот народ, во секојдневните меѓусебни комуникации, ги именувал трите дела на античка Македонија како: Егејска или Беломорска, Пиринска, Вардарска и како региони Мала Преспа и Голо Брдо, но тие имиња меѓународно не се признати поради што и ги нема во светската картографија.
Кој од овие три поголеми македонски делови има право да се нарекува и да го употребува само географскиот поим Македонија? Одговорот ќе биде никој, зашто Македонија ја чинат сите заедно. Инсистирањето секој дел посебно да се вика Македонија автоматски ги исклучува другите делови, како тие да не се, исто така, Македонија, ја исклучува поделеноста на македонскиот географски простор, што би значело непризнавање на фактичката состојба на поделеност.
Во таканаречениот Букурешки договор, со кој конечно се завршени Балканските војни, истовремено и фактички територијата која ја опфаќа името Македонија е разделена на делови. Во него терминот Македонија и особено дека нејзината територија е поделена или дека се дели воопшто не постојат, не се спомнуваат. Тоа значи дека поделбата на Македонија и нејзиниот македонски народ со тој меѓународен документ не се признати од страна на меѓународната заедница. Во тој договор се прецизираат и се утврдуваат само граничните линии меѓу окупираните македонски делови од страна на завојуваните балкански држави: Грција, Бугарија, Србија и др. Значи, во него не се вели, тој и тој, со име, дел од територијата на Македонија се присоединува кон таа и таа држава и сл. Деловите од Македонија не се именувани, да не беше тоа така, ние денес немаше да имаме проблем со името на нашата држава со соседот Грција. Македонските делови се третирани како територии кои им припаѓале на нашите денес соседни држави.
Веројатно поведена од фактот дека целосна Македонија не постои како единствена територијална единица и от�� нејзините делови немаат право да се нарекуваат со името за целината што значи Македонија, Грција оспорува државата што го опфаќа просторот на Вардарска Македонија да се нарекува Република Македонија и бара таа да се нарекува со географска определба во своето име за секаква употреба за да се знаело дека таа не е цела Македонија. Но, Грција тоа го бара само од Република Македонија, а истовремено не бара истото да се стори и за другите два дела - Егејска и Пиринска Македонија, што ја прави необјективна, со желба да задржи право само таа да го користи името и минатото на Македонија, затоа што држи најголем дел кој своевремено го окупирала.
Jas mislam deka treba da se prekrstime vo Republika X; so X jazik; koja bi se integrirala uspesno vo EU i NATO. A potoa koga ke sedne na ista masa so Grcija, da si bara priznavanje na nasite X luge vo severna Grcija, i da im se vratat imotite na luge koi se deklariraat kako X luge a bile proterani od Grcija. Pritoa ke vi se otvorat granici pa ke ne e bitno dali si vo republika X ili vo Grcija. Ke se otvorat mznosti, a zemjata ke napreduva-zemja koja napreduva pokazuva deka e sposobna.
Problemot e povekedimenzionalen, zatoa i mnogu pati se mesa so imeto na teritorijata a potoa so imeto na "nacijata"...se mesaat babi i zabi, a sustinata e druga. No se podrazbira toa mu odi vo Prilog na Gruevski koj muva ne go lazi, a namerno ja odalecuva Makedonija od EU i NATO za da moze da prodolzi so strizenje.
Од: mitko e poln so zivot
Датум: 14.05.2009 01:49:33
Dosta be se dogovorot vo Bukurest. Toa e veke minato. Sega se pisuva nova istorija, nikoj pameten ne razmisluva veke za ova. Get a life!
Од: Branko
Датум: 14.05.2009 02:42:17
Gospodine Ristevski koj ti plati seto ova da go napises? ili ako ne ti mnogu si zalutal.Toa vreme sto go opisuvas ne Ssamo Makedonija tuku i grcija ne postoese kako drzava.Formiranjeto na sovremenata grcka drzava e napraveno znaci nea ja formiraa Francija Germanija i Anglija vo 1832 godina znaci sovremenata grcka drzava pod imeto grcijapostoi od 1832godina .i se znaat granicite na taa drzava do kade se prostirale.Znaci pred 1913 teritorijata Makedonija ne bila opfatena vo tie granici na novoformioranata grcka drzava.Toa sto velis deka pod imeto Makedonija ne e priznata drzava od edna strana a od druga velis Makedonskiot narod pa kako?ako nema Makedonija ke go nema i Makedonskiot narod i tn ,i tn.Taka da pred nesto da napises treba i da proveris kolku toa e vistina ili kolku toa bi mu godelo nekomu za dnevno politicki nastani????
Од: jimmy1
Датум: 14.05.2009 06:42:07
Do Nekoj od EU: Pa i onaka ti si X, samiot neznaes sto si. Ako se osekas barem 1% kako makedonec ne bi pisuval nevideni gluposti vo sekoj tvoj komentar. Fatise raka za raka so Makedonec od EU, so Mihailov i skokajte zaedno kade sto e podlaboko
Од: Лавица
Датум: 14.05.2009 08:42:05
„Античкиот простор под името Македонија како компактна територијална единица не постои“? Не се согласувам со авторот. Па Македонија како територија е географски толку јасно ограничена со планини, што на нејзините граници се наоѓаат 5-те највисоки врвови на Балканот!
Од: XP
Датум: 14.05.2009 09:07:07
Na teritorijata geografski opredelena kako Makedonija sem vo vremeto na makedonskata dinastija, pred povece od 2000 godini, nikogas ne postoela drzava so naziv Makedonija. Ni Samoilovata drzava ne nosela takvo ime, ,naprotiv vo imeto na negovoto carstvo zborot Makedonija voopsto ne se spomnuva. Za vreme na Otomanskata imper. Makedonija bila vo sostavot na Rumelija.. Prv slucaj na formiranje drzava so toa ime se slucilo posle II Sv. vojna koga se formira Demokratska Federativna Republika Makedonija, pokasno Socijalisticka Republika Makedonija , a denes Republika Makedonija. Isto taka niz istorijata ne postoela drzava so naziv Grcija se do 1832 godina. Vo stariot vek postoel nazivot Elada kako obelezje za povece polisi drzavi ( Atina , Sparta, Teba , i sl) no istata nikogas ne bila kompaktna drzava. Znaci nazivot Makedonija povece se povrzuval kako geografska odrednica na eden prostor sliucno kako Trakija, Dobrudja Epir i t.n.
Од: tokmu taka
Датум: 14.05.2009 10:18:51
Sekoja cest na istoricarite i na ekpertite. Samo ima eden problem. Ovie liliputancive, so vecerno shkolo ne priznavaat nauka.
Од: Projko
Датум: 14.05.2009 12:54:53
Нас не не интересира оваа или онаа, ваква, или таква Македонија; ние се бориме да ни се прифати и признае држават, што значи во нејзините рджавни граници, и ништо повеќе и ништо помалку. Затоа Грчкаа Влада не е во право што измисли непостоетчки промлем. Впрочем, тие би сакале нас да не нема. Па зар им се дава право тоа да го посакуваат? На Република Македонија не и треба никаков СУФИКС- долна, горна, северна, јужна... Ние знаеме се се бориме само и само за Република Македонија. Зошто Европа и ја прифати глупоста на Грција, невидена во историјата на човештвото?! Грција ги лечи своите фрустрации на погрешен начин и со замајување на своите граѓани со измислени прашања за полесно да си владеат. Треба да се побара меѓународна комисија за ова прашање, па сите да се успокојат...
Од: Dr Stojadin B.Naumovski - Coci / Sovet na Tetovcani Detroit
Датум: 14.05.2009 15:36:26
Krajno sum iznenaden i revoltiran od neznaenjeto na eden Tetovcanec, Kako e toa mozno? Koja generacija e i koj go obrazuval? Vo Bukureskiot dogovor ima "Aneks pama" izrabotena od Balkanskata komisija (vidi na www.makedonija.tv) vo koja jasno e oznaceno se. Detali od popis od koj se gleda deka MK ima 4 Mil a Grcija 2.5 MIl (pred delbata). Vpisani sei i "the contested region" od Mala Prespa do Kriva Palanka za koja ne mozejki da se dogovorat ostavile do den denes nekazneto da se pravi etnicko cistenje na Makedoncite.
Obemen matrijal sto vklucuva i svedostva e sobiran so godini a naskoro jas ke go izdadam kako kniga so koja takvite kako G-din Risteski ke mozat da osoznaat sto e vistinata vo Makedonija kade sto spagja Tetovo i Shar Planina.
Од: Испревртена Приказна
Датум: 14.05.2009 21:13:25
Откако ќе наведете дека (античкиот) простор под денешното име Македонија не постои, навлегувате во она што може да се нарече самодемантирање. Се поставува прашањето: како е можно да се подели она што не постои. Односно - тоа што не постои не може да има делови. Така ќе дојдеме и до сознанието за некаква „окупираност“ од страна на Грција, кое упорно се протнува низ учебниците од страната на квази-историчарите, но не и во книгите за Озбилна Историја, затоа што овие вистински историчари не можат да ја потврдат ваквата Окупација. Тоа е како прогласувањето на некакво Прилепско Кралство (!?) со Кралот Марко (!?) (кој по своето потекло е Мрњавчевиќ) и други слични измислици од ваквите квазиисторичари.