Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Овен



Постојано мислите дека постои трета личност која ви го буди внатрешниот немир, па затоа не можете да се фокусирате на професионалните обврски. Можеби грешите, па затоа испитајте ја природата на вашето сомневање. Во периодов ќе треба малку подобро да се покажете кај вашите соработници, бидејќи и тие ќе започнат да се сомневаат во вас.





Бик



Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметате дека темпото на позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Напротив сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку самите не ги направите условите за тоа. Уживајте во моментите со партнерот, затоа што тоа за момент ќе ве однесе во поубав свет.







Близнаци



За вас слободата преставува најголемо задоволство. И покрај обидите на партнерот да ве задржи крај себе, вие имате потреба да побегнете и да ја сфатите реалноста со поинакви очи. На работното место ве очекува критика од вашите претпоставени, бидејќи повеќето од работите не сте успеале да ги завршите на време, па следствено на тоа ќе имате последици. Затоа внимавајте и бидете претпазливи со професионалните задачи.





Рак



Проблемите никако да ве одбегнат во овој период. Тамам успеавте да решите дел од нив, пристигнаа нови. Работата ви е најголема преокупација, бидејќи сте познати како голем зависник од неа, но и приватниот живот ви е важен. Семејството ќе застане на ваша страна, доколку се одлучите да донесете некоја важна одлука. Внимавајте на здравјето и не потклекнувајте на депресијата, иако сте познати како знак кој ужива да се повлече во себе.







Лав



Постојано сонувате за некоја романтична љубов, која само што не се случила. Меѓутоа вие сте и повеќе од свесни дека вашиот карактер е тешко прилагодлив на барањата од спротивниот пол. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања, кои за жал партнерот не може да ви ги исполни. Рибите во периодов ќе ви ги окупираат мислите, затоа свесно впуштете се во авантурата.





Девица



Изразувањето на љубомората во однос на партнерот може да ви донесе проблеми со кои нема да успеете да излезете на крај. Внимавајте дали имате право или не, затоа што никој не сака да се оправдува за постапките ако не се чувствува виновен. За да ви се оттргнат мислите од љубовта, сконцентрирајте се на работата и на способноста на соработниците, бидејќи некој навистина треба да се подобри.





Терезија



Веројатно поставеноста на планетите ви дозволува веќе подолг период да се чувствувате одлично. Сите аспекти на вашето живеење се под контрола, па немате никаква причина да се грижите за било што. Успешно ќе склучувате договори од кои ќе имате добра финансиска корист, а постои веројатност во периодов да ја доживеете и судбинската љубов со која наскоро би можеле да отидете еден чекор понапред и да го остварите сонот за семејство.





Скорпија



Месеците на вашиот знак се полн сјај, па ѕвездите ви навестуваат убава есен. Сите започнати обврски ќе ги завршите со неверојатна брзина, а потоа ќе се свртите кон нештата кои се поврзани со естетиката, убавината и љубовта. Имате доволно енергија за да и пријдете на водолија која постојано се труди да ви испрати сигнал дека навистина ја привлекувате. Внимавајте да не се занесете во тој однос, па да заборавите дека срцето е кршлива работа.





Стрелец



Вие сте едни од ретките кои се сакаат да испланираат и доживеат како веќе видена приказна. Понекогаш морате да му се препуштите на задоволството и да сфатите дека некои работи мора да се случат како голема авантура, за на нив да се сеќавате многу долго. Преставниците кои се занимаваат со интелектуална работа ќе постигнат значителен успех, додека останатите ќе западнат во некоја апатија. Чувајте се од настинки и пијте повеќе витамини.





Јарец



Понекогаш имате чувство дека се знаете и дека никој не е попаметен од вас. Можеби и во повеќето случаеви сте во право, но никој не сака да биде омаловажен во ваше присуство. Обидете се да бидете малку повеќе флексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи. На емотивен план ве очекуваат убави случувања со партнерот, но внимавајте да не претерате со испрашувањата и љубомората.







Водолија



Посакувате да бидете заведени, бидејќи ви недостига нечие внимание и љубов. Сепак можеби треба малку да почекате, бидејќи во периодов се што ќе ви се случува на емотивен план ќе биде само минлива авантура, за која нема да имате време ниту да се сеќавате. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта и можеби наскоро ќе се изненадите.





Риби



Кај вас расположението се менува од ден во ден. Кога ќе помислите дека сте во одлична состојба, ќе се случат непредвидени проблеми кои веднаш ќе ве фрлат во апатија. Морате да разберете дека проблемите им се случуваат на сите и секогаш има излез колку тоа да ви се чини невозможно на самиот старт. Посветете повеќе внимание на партнерот кој постојано се труди да ви угоди.

Најди! во Утрински