Емил Јегени
дир. на арх. студио „Платформа“
Уште еден интензивно работен ден, во кој почнувам да ги конкретизирам договорите од вчерашните состаноци во странство. Денеска ме очекуваат уште ред состаноци, главно, околу подготовката за почеток на изградба на новиот Драмски театар во Скопје.
Марјан Нечак
композитор
Конечно, втор ден едноподруго во кој можам да си дозволам одмор, по особено работниот период зад мене. Во неделата, на 10 мај, во Фиренца, Италија, со голем успех беше изведена премиерата на мојата опера „Окованиот Галилеј“. Од вторникот сум дома, во Битола и, конечно, малку да здивнам.
Јован Коцев
дир. на Дом на култура „25 Мај“, Валандово
Како што наближува 28 мај и почетокот на јубилејното 25. издание на „Фолк-фест Валандово“, работата почнува сериозно да не ни остава ниту еден слободен миг. Имам состанок со екипата што го подготвува фестивалот, па потоа со некои спонзори од регионот, а ги подготвуваме и промоциите што ќе се случуваат за време на фестивалот. |