Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ЏЕСИКА СИМПСОН

Незадоволна од својот задник

Џесика Симпсон би сакала нејзините бујни облини да имаат различен распоред на телото. Пејачката, позната по тоа што вечно мака мачи со вишокот килограми, моментално е задоволна со резултатите на вагата, но има желба да биде градена малку поинаку.

„Имам тело на типична бела жена. Немам голем задник. Би сакала да можам да одземам малку од градите и да го додадам тоа на задникот. Така би имала совршена рамнотежа“, изјави Џесика.

Пејачката се пожали дека не разбира зошто сите дискутираат околу нејзината тежина. „Цела година го слушам само тоа. Би немало смисла да сум славна само за��оа што се здебелив пет килограми. Никогаш не сум се чувствувала толку дебела како што другите ме замислуваат. Дури и претседателот коментираше за мојата тежина, иако мислам дека го фатија во тесно, подметнувајќи му ги моите фотографии под носот“, рече русокосата, додавајќи дека и' е зголемено нивото на самодоверба откако започна врска со новото момче, играчот на американски фудбал Ерик Џонсон.


#
Статијата е прочитана 1304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Објавено писмото на музичарот по 40 години
Откриен рак на грлото кај актерот