Број 2990  среда, 20 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Берлин побара трпеливост за визите


Членките на ЕУ сакаат да имаат контрола врз последиците од либерализацијата, изјави германскиот шеф на дипломатијата, Франк Валтер Штајнмаер, за „Утрински весник“

Според чешки дипломати, Македонија е единствена што ги исполнила сите услови

Од нашиот дописник
Слободанка Jовановска

Брисел - Германскиот шеф на дипломатијата, Франк Валтер Штајнмаер, побара трпеливост во земјите од Западен Балкан, но и разбирање дека процесот на укинување на визите треба да оди стапка по стапка. Ваквата порака тој ја упати по министерскиот состанок на ЕУ во Брисел, демонстрирајќи очигледно дека ова прашање предизвикува нервоза во Берлин и се следи со големо внимание.

„Ние сфаќаме дека основна цел на овој процес е целосна визна либерализација. Но, морате и вие да разберете, исто така, дека земјите-членки и, конкретно, министрите за внатрешни работи се заинтересирани да не го испуштат овој процес од раце т.е. да имаат контрола врз последиците од либерализацијата. Затоа, бараме трпеливост околу процесот. Германија, според тоа, не е земја која го блокира, но ние сакаме да бидеме сигурни дека либерализацијата ќе дојде чекор по чекор“, изјави Штајнмаер за „Утрински весник“.

Претставник на германската влада беше уште поексплицитен, оценувајќи дека се „обично ѓубре“ тврдењата оти Германија го блокира укинувањето на визите, бидејќи е факт дека мнозинството земји-членки се договориле за одредена процедура и таа сега треба да се испочитува. „Постојат ’патни мапи‘ за либерализација на визите, погледнете ги“, препорача тој, избегнувајќи го зборот укинување на визите и инсистирајќи на зборот „процес“ на либерализација.

Извори од полската влада потврдија дека околу визите се' уште се кршат копјата и оти отпорот да се оди кон нивно укинување е голем од страна на Германија и на Австрија. Според овој извор, Полска бара либерализација на визниот режим за балканските земји, и од нивна гледна точка, најдобро е нив воопшто да ги нема. Задржувањето на визите не е начин Балканот да влезе во ЕУ, оцени овој извор, додавајќи дека, кога веќе се противат некои земји, можеби е подобро да се примени американската практика, каде што има огромен број различни визи и за долг временски рок.

Ваквите оцени сугерираат дека во Брисел се' уште нема јасен став околу исходот на преговорите за визите и оти постои притисок и тенденција наместо укинување да се форсира натамошна либерализација на визниот режим, бидејќи така ќе можат да влезат и земјите кои не ги исполнуваат условите во моментов.

Тоа го фрли во сенка извешта��от за напредокот околу исполнувањето на условите во балканските земји, кој на новинарите во Брисел им беше раскажан, но не и доставен од претседавачот, Чешка.

Според чешки дипломати, Македонија е единствена земја која ги исполнила сите услови за укинување на визите, Црна Гора би можела да се најде на белата шенген-листа, додека околу Србија се појавиле отворени проблеми, пред се', околу можноста да им се издаваат пасоши на Србите во БиХ и на Албанците на Косово. БиХ и Албанија не се надеваат на позитивна оцена, бидејќи се најдалеку во исполнувањето на патните мапи. Заменик-шефот на чешката дипломатија, Јан Појар, изјави дека извештајот содржи стотина страници и оти ќе им треба време на земјите-членки да го разгледаат и да се изјаснат, но најави таков состанок веќе за наредната седмица.


#
Статијата е прочитана 3689 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.05.2009 00:10:32
Makedonija ke go ceka Kosovo. Dosega nekako odese deka Makedonija odi vo "paket" so Srbija, no po se izgleda deka i Srbija ke ne pretekne, pa nie ke ostaneme da go cekame Kosovo i taka zaedno vo "paket" da ne oslobodat od vizi.(ako voopsto imaat namera nas i na Kosovarite da ni dadat bezvizen rezim).Kosovo vecno ke si ima problem dali e i,ili ne e drzava, i poradi toa vecno ke gi "driblaat", a nas ke ne "driblaat" okolu imeto, i zatoa od Evropa ne ocekuvajte nisto konkretno, osven lagi i prazni vetuvanja.
Од: makedonija
Датум: 20.05.2009 00:30:16
Dobro be jovane arens ili ti treba detalen lekarski pregled edinstveno MAKEDONIJA gi ispolnuva uslovite za bezvizen rezim i edinstveno MAKEDONIJA dobi preporaki da se stavi na bela sengen lista a srbija "mali morgen" so bi rekol milosevic kakvi se gluposti treskas i so se ne trpit "hartija" to e cudo edno
Од: St.Patrik
Датум: 20.05.2009 00:58:39
„Постојат ’патни мапи‘ за либерализација на визите?!?!? Вас господо одамна Ви е загубен компасот. Иако само ние ги исполнуваме условите, нема да добиеме безвизен р��жим. 2 милиони човеци, ќе ја покорат ... од Вавилон. Море марш сите во три лепе..
Од: Vistinata
Датум: 20.05.2009 01:13:12
Za vo NATO nas nikoj ne ne cekase tuku vlegoja Albanija i Hrvatska a sega morame nie da gi cekame ostanatite...Ovie evropjanite samo lazat i si gi gledaat nivnite interesi...ZATOA SUM RAZOCARAN OD EU...
Од: blazo0870
Датум: 20.05.2009 08:12:41
ima luge po se izgleda samo slusaat toa sto ke im se SERVIRA,odnosno mnogu im e milo sto iako sme gi ispolnile site uslovi no pak sakaat da ne ne bide.zboruvam ZA DEL OD MAKEDONCITE, pa sega sme trebale so SRBIJA ,KOSOVO ii tn .Bitno e deka nie go ispolnivme toa sto go baraa od nas ,a za nivnata pocit prema nas ,toa e veke drugo.
Од: Mene
Датум: 20.05.2009 08:42:07
Ej da ti se smaci od vakvata politika na EU. Se nesto site se "za", no se mnooogu vnimatelni, nemoj nesto da im napravime, ako otideme da se prosetame po evropskite prestolnini. Ce sme im ostanale tamu! Pa imaat milion nacini da se zastitat i ne e tocno deka ce ima emigracija! A vaka narodot samo se zatupuva i misli deka sme centarot na svetot, najstarata bibliska zemja, dopreni od gospod i sto ti uste ne! A LIBERALIZACIJATA koja ja imame e nepostoecka! Nisto ne e smeneto, ama na hartija sme dobile olesnuvanje za vizite! Jas licno ne vidov nikakva razlika - procedurata sekade e ista, sekade se cuvstvuvas kako posleden kriminalec koj treba da pomine sekakvi testovi samo za da otide nekade na strana! I zboruvame neli za studenti, intelektualci i slicno. Slesno, ama jas polesno dobiv Amerikanska viza ododsto angliska. Pa normalno deka so ovaa politika na EU celiot Zapaden Balkan ce stane proamerikanski! Na nasata vlada ovaa razocaruvanje od EU i odi vo prilog zatoa sto tie SAKAAT izolacij
Од: Nikola - Germanija
Датум: 20.05.2009 09:17:49
Od srce vi posakuvam vizna liberalizacija,bidejki toa ke pretstavi krupen cekor vo Evropskata integracija.No, ako misli nekoj deka moze da najde rabota vo Evropa,mnogu se vari.Cela Evropa se naogja vo najgolemata opstestvena kriza posle 2ta svetska vojna,pa i edna Italija ne e veke veteniot raj.Sepak,so gospod napred!
Од: struja
Датум: 20.05.2009 10:04:52
Makedonija e lider na balkanot da bea nasi komsii swegani, finci i danci sega ke bevme svajcarija. Ama nie gi imame srbive bugari grci i albanci toa ti e ..
Од: b
Датум: 20.05.2009 10:06:05
Ја разбирам ЕУ. Со ваква власт, со вакво судство, со ваков однос кон Уставниот суд, со вакво ниво на демократија, со настани какви што беа со студентите на плоштадот, со слики на студенти со ками и пиштоли и тоа од раководството на т.н. студентска организација, и јас би се мислел дали на луѓе од таква земја би им дозволил слободно да шетаат низ Европа.
Од: Iko
Датум: 20.05.2009 11:35:49
Ako 18 godini vizna izolacija za Stajnmaer ne se znak za postepenost i umerenost i bavnost i nebrzanje na procesot za liberalizacija navizniot rezim togas ne znam sto bara toj poveke. Koga vo ekot na vojnata negovata zemja insistirase na vizna liberalizacija za Hrvatska kade i samiot toj mozebi ima nekoi investicii na jadransko more, togas se bese logicno za nego. A sega mu e logicno da drzi milioni lugje zaloznici za negovite politicki ambicii na prestojnite izbori vo Germanija? Treba da izlezeme na protest pred Germanskata ambasada ovde vo Skopje i da go izrazime naseto nezadovolstvo od dvolicnosta i licemerieto na nekoi nejzini politicari.
Од: meco
Датум: 20.05.2009 11:41:59
Mene me zanima kolku bugarski pasosi ima vo Makedonija i prosecna cena na eden takov pasos. Kolku vizi se izdavaat za Grcija a jas mislam nekolku stotoni iljadi. Kolkumilioni evra izkegle do sega samo od ovie dve raboti. Plus edna druga bitna rabota vo ovaa drzava sekoj vtor avtomobil na nasite ulici e so bugarski tablici. Za mnogu raboti se krivi site vladi do sega. Ne reagiraat na vreme samo za sitni interesi na lugje koi drzat nivni biznisi.
Од: komentator
Датум: 20.05.2009 12:17:52
Na strana ovie sto ne driblaat i si igraat majtap so nas...ama da go prasam prosecniot graganin na Makedonija..za sto ke ni e bezvizen rezim..samo da se slikame za pasos i tolku...???? Pominaa onie vreminja koga so nasiot licen dohod i penzija mozevme da setame i odime kaj sakame i pari za terkame cel mesec imase...Pa sega do Ohrid ne mozez da odis a ne da ja fatam EU "duz i popreko" a bas i mi potrebala...kaj niv uste poloso odkolku kaj nas ..samo e zavitkano vo celofan...i ne se apla gleda...Dokaz.. kolku e namalen transfer na parite od dijaspora..i na niv ne im e rozevo...A sto se odnesuva do nas covek koj ima pari za setanje bez sekiracija ..toj i do sega sekogas imal VIZA. bez problem po onaa narodna kade nejke burgija para otvara...!!!..
Од: Владо
Датум: 20.05.2009 13:23:19
до "b" Секој е невин се' додека не се докаже спротивното. Со таков менталитет каков што имаш, не знам зошто воопшто губиш време. Почни да се саморануваш.
Од: Anita
Датум: 20.05.2009 13:34:32
Kakov cekor po cekor?Pa nie tapkame vo mesto od 1991.

Најди! во Утрински
Насловна
Кое беше и кое е сега семејството Броз
Двајца полицајци повредени при вежба кај Штип
Девалвација на достоинството
Алмодовар ги оправда очекувањата
„Боингот“ на МАТ ќе се врати во Македонија само со нова носна нога
Зелена тортура
Трескавична битка за денарот
Директорот на кумановската болница му поднесе оставка на Али Ахмети
Владата нема да се жали за „Радко“
Спикерот на британскиот Парламент заминува во јуни
Карикатура
Руската црква бара СПЦ и МПЦ да го продолжат дијалогот
Проработе првата централа на гас
Продажбата паѓа - цените на автомобилите ќе растат