Брoj 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Високо оценето виното „шардоне“ во Канада

Мики Марина, Скопје

Виното „шардоне“ на „Фонко вајнс“ е добитник на Сребрен медал на најголемата винска манифестација во Северна Америка - Selections mondiales des vins Canada.

На овој престижен вински натпревар, во конкуренција на 2.130 вина од 30 земји од светот, врвното бело вино „шардоне“ успеа во конкуренција со најреномираните светски производители да освои голем број поени, со што го обезбеди ова високо признание.

Добиениот Сребрен медал во Канада е најново признание во долгата низа врвни награди за вината на „Фонко“, добиени на големите вински манифестации во Европа и во светот и претставува уште една потврда за врвниот квалитет, со што широко се отвораат вратите за пласман на вина на најпребирливиот, но и најбогатиот пазар во светот – северноамериканскиот.

Винарската визба е сертифицирана според ИСО 2000, во кој се инкорпорирани широко применетите ХАСАП- принципи за управување со квалитет во производството на храна.


Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Заканувачки вежби во Лерин
Еден поинаков пример