Еден поинаков пример
Ратка Николовска, Скопје
Дел од кадарот во Дневната болница на Клиниката за хематологија при Клиничкиот центар - Скопје е и проф. д-р Александар Стојановиќ, редок човек, покажа дека озборувањата за лекарите и медицинскиот персонал не мора да се точни. Спомнатиот лекар го обелува образот на својата професија. Проф.д-р Стојановиќ е од оние благородни лекари кои пациентите не ги сфаќаат само како статистички број туку вистински се обидуваат да му помогнат и да му ги намалат маките. Не е претерано ако кажам дека често ја врши и работата на медицинските сестри, само за да ја олесни состојбата на болниот. Како долгогодишен негов пациент со малигно заболување имам искуство од контакти со многу голем број медицинари и оттаму велам дека во нашето здравство постојат бројни позитивни примери. |