Број 2711  сабота, 14 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Заканувачки вежби во Лерин

Станко Георгиевски, Скопје

Словото на поглаварот на МПЦ , архиепископот Стефан, на молебенот на гробот на сесловенскиот просветител свети Кирил во Рим, во кое наведе дека Грција практично ги негира постоењето на македонската нација и црква, предизвика оркестрирана хистерија на Атина. И наспроти посочените историски факти, како и фактите за сегашната состојба со непризнавањето на македонското малцинство во Беломорска Македонија и непризнавањето на македонскиот јазик, битно било само реченото „...Солун е наш..“ . и започнува фронтален напад кон „иредентистичка“ Македонија.

Околу средината на мај локалниот Баталјон на националните бранители ги повикал сите „национал-бранители“, но и заинтересираните граѓани од општина Лерин на „програмирано образовно стрелање со пушка Г3 А3/А4“. Инаку, публицитетот за оваа манифестација бил целосно организиран преку локалните медиуми во Лерин, како и со плакати по улиците низ градот. А, како главна мамка за овој настан организаторите наголемо го најавувале „бесплатното јадење и доделување спомен-плакети“ и на крајот, за да не заборават, колку за потсетување, следувале изјавите дека „Македонија е една и е грчка“.

За да нема забуна, според законот на јужниот сосед, „Националната гарда е воена сила што се формира заради справување со вонредна национална опасност, вообичаено надворешна“. Освен тоа, според Законот 1295/1982, Националната гарда се смета за „инструментална вооружена сила на грчката армија“.

Е, за да (им) ги разјаснат работите, претставниците на Виножито - партија на Македонците во Беломорска Македонија свиткува табак и се обраќа до министерот за одбрана на владата на Атина. Меѓу другото, таму се вели: „Која е причината за постоењето на Баталјонот на Националната гарда на Лерин во 2008 година, во момент кога и во други слично национално „сомнителни“ региони (како што е тоа во Сапес Родопис) е расформиран? Од што се плаши Грција? Од која „надворешна национална опасност“ ги брани именуваниот баталјон жителите на општината? Можеби о�� нив самите? Дали е информиран министерот за национална одбрана за активностите и за идеологијата на именуваниот баталјон и ако - да, дали ги одобрува? Според која логика се бара од даночниот обврзник да плаќа за да се организираат борбени фиести со храна и малку национализам.

Однапред знаеме дека овие прашања нема никогаш да бидат одговорени. Па, сепак, уште еднаш го повикуваме министерот за национална одбрана и сите други грчки политичари, кои со огромна дрскост и лицемерство ја обвинуваат Република Македонија за „иредентизам“, нека фрлат еден поглед прво во својот двор.


#
Статијата е прочитана 1731 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Писма
Високо оценето виното „шардоне“ во Канада
Еден поинаков пример

"""