Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас

Oдмор во вилата на Јадран

Славната американска двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс планира ова лето да престојува во својата куќа во Пераст, во заливот Бока Которска. Пред три години, тие за два милиона евра ја купија една од најубавите куќи во ова место на црногорскиот Јадран. Овие денови наголемо се подготвува куќата за пристигнувањето на славниот брачен пар.

„Пред три години, кога дојдоа во Пераст, никој не ги препозна“, раскажува еден од жителите. „По разгледувањето на куќата, седнавме во еден локален ресторан да се напиеме кафе и да поразговараме за можен договор за купување на куќата. Жената за која ни на крај памет не помислив дека е Кетрин Зета Џонс беше облечена во долги бели панталони, бела ленена кошула, носеше шапка и големи очила за сонце. Денот беше многу топол, па ми беше чудно зошто е толку многу облечена. Како да ми читаше мисли, рече дека има алергија од сонцето и дека мора да ја заштити кожата. На мажот му реков - вие сте ми познат, како да ве знам од некаде, дали порано сте доаѓале тука. Сакав во земја да пропаднам кога ми рече - јас сум актер. Тогаш го препознав Даглас“, раскажува стариот сопственик на вилата на Дагласови.

Богатиот брачен пар, чиј имот се проценува на 50 милиони долари, сака да купува имоти низ светот. Даглас и Зета Џонс имаат две куќи во Лос Анџелес, стан во Њујорк, вила во Канада.


Статијата е прочитана 1655 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Горан и Вања нови галички младенци
Таткото изоставен во тестаментот
Прва фотографија со близначките