Сара Џесика Паркер
Прва фотографија со близначките
Сара Џесика Паркер и сопругот Метју Бродерик и' ги покажаа на јавноста ќерките-близначки Марион Лорета Елвел и Табита Хоџ Бродерик во Њујорк.
Двојката ги доби близначињата од сурогат-мајка на 22 јуни во Охајо.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик претходниот месец ја прославија дванаесетгодишнината од бракот и веќе го имаат синот Џејмс.
Близначките станаа ѕвезди и пред да дојдат на свет, откако се дозна дека Сара и Метју ќе добијат деца од сурогат-мајка, па постојано се пишуваше во медиумите. Непосредно пред да се породи жената што ги носеше децата, беше провалено во нејзиниот дом.
Во тој период кружеа и гласишта дека славниот пар се одлучил на ваков чекор само за да го одржи бракот, кој во последниот период беше разнишан, откако Метју ја изневери Сара, додека таа беше на снимање во Лос Анџелес. |