Број 3662  понеделник, 22 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Насловна








Site Meter
3662

Се радикализира ли Нова демократија?

Кастриот Хаџиреџа, хирургот од Дебар, кој своевремено се експонираше со тезите за федерализација на Македонија, до крајот на годинава ќе претседава со Нова демократија - партијата, која пред околу три години стартуваше со амбиција да се ослободи од етничките стеги и да биде граѓанска. Хаџиреџа ќе биде на чело со Централниот комитет на НД додека да се одржи вонредниот конгрес за избор на нов партиски лидер по оставката на Имер Селмани, кој се повлече од функцијата поради дебаклот на парламентарните избори.

Освоените околу 20 илјади гласа на 5 јуни ја сместија НД надвор од парламентот, што претставуваше своевидно изненадување, особено ако се направи споредба со билансот што го постигна на претседателските и на локалните избори во 2009. Тогаш, настапувајќи со имиџ на „македонски Обама“, Селмани, како претседателски кандидат освои близу 150 илјади гласа, од кои голем дел од гласачи Македонци. Но, потоа почна да паѓаат рејтинзите и на Селмани и на НД паралелно со напуштањето на граѓанската платформа и преорентирањето кон етнички теми.

Сега, откако партијата му е препуштена на Хаџиреџа, процените се дека Нова демократија дефинитивно ќе раскрсти со обидите да се профилира како граѓанска.

Во албанскиот политички блок речиси нема партија во која не бил Хаџиреџа. Почнува во ПДП, па ја формираше Националната демократска партија - што потоа ја спои со ДУИ, за подоцна да премине во ДПА, па во НД... Беше и независен пратеник во периодот 1998-2002 кога и ја пласираше тезата за федерализација, односно за поделба на државата на три региони: северозападен, југоисточен и третиот - Скопје, со специјален статус.

По конфликтот во 2001, Хаџиреџа се најде на американската црна листа заедно со Невзат Халили и Гафур Адили поради „загрозување на напорите на меѓународната заедница за стабилизирање на Западен Балкан“. Тој тогаш изјавуваше дека никогаш не дејствувал во насока на дестабилизирање на овој дел од Балканот и оти не се чувствува виновен. А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1885 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Жаклина Ѓорѓевиќ
МЕРИДИЈАНИ
Дејвид Блум
Мислења
Пламен Пантев
Панорама
Чудесен поглед на двете езера

Пет минути интервју
Никогаш не знаеш со кого си имаш работа

Ребека Јанковска-Ристески, пејачка
Анџелина Џоли на Бриони
Би сакала да глумам со Раде Шербеџија

Архитектура
Архитектонска арија во Кина

"""