Брoj 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Повлекувањето на потерницата против Бошкоски изнудена со притисок

По наредба на истражен судија од скопскиот Кривичен суд, вчера е повлечена меѓународната и национална потерница за Љубе Бошкоски за случајот „Раштански Лозја“, затоа што престанале околностите за нејзино постоење. Веста вчера ни ја потврди и шефот на Истражното одделение на овој суд Седат Реџепагиќ, кој ги оцени како медиумски шпекулации пишувањата дека тоа е направено уште пред неколку дена.

По првичното објавување на веста во некои медиуми, „Утрински весник“ завчера побара потврда од министерот за правда Михајло Маневски, како и од државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. И двајцата потврдија дека потерницата е повлечена веќе неколку дена, затоа што престанала потребата од нејзино натамошно опстојување, бидејќи предметот „Раштански Лозја“ своевремено им бил предаден на хрватските правосудни органи.

Кој и зошто брзал со предвремено соопштување на ваквите вести? Неофицијално дознаваме дека во изминатите неколку дена бил вршен силен притисок врз истражниот судија Вања Јуруковски по секоја цена да издаде наредба за повлекување на потерницата. Во намерата да се изнуди ваква одлука, и тоа пред официјалното соопштување на пресудата против Љубе Бошкоски во хашкиот Трибунал, како што дознаваме, најупорни биле министерот за правда Михајло Маневски, државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, како и првиот претпоставен на истражниот судија, претседателката на Кривичниот суд во Скопје Добрила Кацарска.

Шефот на истрагата Реџепагиќ вчера не сакаше да се впушта во коментари околу тоа дали е вршен притисок врз неговиот колега да донесе ваква одлука. Околу несовпаѓањето на датумите кога е донесена ваква наредба, не' упати да побараме одговор од министерот Маневски и од обвинителот Шврговски. Вчера неколку пати телефонски се обидовме да добиеме коментар од Маневски и од Шврговски за ваквите тврдења, но не успеавме да ги добиеме. Судски извори за „Утрински“ тврдат дека кога станува збор за министерот Маневски, не е прв пат да интервенира и да врши притисоци кај одделни судии. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 09.07.2008 07:23:50
Podelba na vlast na tri funkcii, zakonodavna, izvrsna i sudska? Ne! Toa ne moze so vlast na DPMNE! Samo totalna vlast na Gruevski, a za razvoj na demokratska Makedonija nekoj drug neka se grizi!
Од: petre
Датум: 09.07.2008 07:42:25
Komunjari ..vie go predadovte brat Ljube i se uste sakate da mu nastetite. Se lazete ako mislite deka ke go zabosotite kodoslukot vas. Predavnicite na brat Ljube koga togas ke si dobijat svojata zasluzena kazna. Brat Ljube te cekame utre..spisokot od tvoite predavnici ke mora da se obelodani.
Од: мене
Датум: 09.07.2008 13:12:24
Г.Д. На кого му се тресат гаќите од евентуалното ослободување на Бошковски. Молимте биди маж и кажи.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Заев и Ивановски кандидати за претседател на СДСМ
ЗНМ најавува судска постапка против Латас
Проблемот со албанските паралелки ќе го решава новата влада
ЗЕЛС не одлучи кој ќе го замени Петров