Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Русија до 2020 со нов ракетен парк

Во наредните 12 години во целост ќе се обнови атомскиот потенцијал

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Русија планира во наредните 12 години во целост да го обнови својот стратегиски атомски потенцијал, изјави потпретседателот на владата, Сергеј Иванов, кој е задолжен за военоиндустриски комплекс. Покрај новите ракети, Русија до 2020 година целосно ќе ги замени своите сателити со многу помодерни и поефикасни. Во периодот од 2009 до 2011 година, армијата ќе добие 70 стратегиски атомски ракети и 30 ракетни комплекси „искандер“.

Поранешниот министер за одбрана, Сергеј Иванов, кој во руската влада сега го следи остварувањето на програмата за модернизација на вооружените сили, истакнува дека сега една од главните задачи е да се произведе доволен број сосема ново оружје кое ќе биде компјутеризирано, па затоа многумина го нарекуваат „паметно“. Пред неколку дена претседателот Дмитриј Медведев изјави дека за армиските програми нема да се спроведува рестрикција.

„Во создавањето високо технолошко вооружување ќе бидат вклучени многу области од науката и производството. Стотици компании ќе бидат ангажирани за создавање модерно оружје“, објасни Сергеј Иванов.

Не е никаква тајна дека Русија по распаѓањето на СССР, во времето на владеењето на Борис Елцин ги прекина сите програми за модернизација на вооружувањето и во армијата со години владееше хронична беспарица. Во таква ситуација Русија можеше да се потпре само на техниката што ја наследи од СССР. Нејзините генерали тврдат дека, за среќа, СССР создал можен ракетен потенцијал, а тоа е причината што никому не му падна на памет да ја нападне таа географски голема земја. Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт изјавуваше дека е „неправедн�� Русија да има такви рудни богатства“. Руските генерали со право се прашуваат: „Замислете што би направиле Олбрајт и нејзините истомисленици Русија да немаше ракети со атомски боеви глави“.

Рускиот потпретседател на владата, Сергеј Иванов, објаснува дека во создавањето на новото оружје ќе се користат материјали направени со помош на т.н. нанотехнологија. „Нашите произведувачи веќе направија материјали кои се поеластични и подобро ги поднесуваат разликите во температурата. Една од компаниите која ќе ги користи тие материјали ќе биде ’Сухој’ чии авиони се познати во светот. Значи, не се работи за научна фантастика, туку за реалност“, рече Сергеј Иванов.

Стратегиските атомски сили на Русија се основен фактор кој треба да ги „задржи и вразуми“ потенцијалните агресори, бидејќи ниту една земја не може да направи таков „атомски чадор“ кој би ги спречил сите атомски проектили на непријателите. Поради тоа, единствена ефикасна заштита е што противникот знае дека во случај на војна и тој би имал огромни жртви. Досега таа „рамнотежа на стравот“ е најефикасен начин да се спречат амбициозните генерали од намерата да тргнат во атомски судир.


Статијата е прочитана 576 пати.

Испрати коментар

Од: laze
Датум: 27.02.2009 00:19:45
Samo taka, neka ne veruvaat na amerika. Bravo za Putin i Medvedev, ne se naivni i potkuplivi kako Elcin. Od amerika nikoj ne videl fajde, moze da dobie samo porast na kriminal i voeni krizi.
Од: антирусин
Датум: 27.02.2009 07:27:52
Отврат!!!
Од: analiticar1
Датум: 27.02.2009 10:32:31
Nikoj ne moze da ti ja brani zemjata ako toa ne go pravis sam.toz vo Rusija mnogu dobro go znaat.Istorijata na taa golema zemja ne ednas pokazala deka neprijatelite nikogas ne smeat da se potcenuvaat.Bravo za patriotizmot i lojalizmot kon svojata zemja.
Од: devicanecot
Датум: 27.02.2009 10:47:44
Кој сака нека биде русин или антирусин. Негова работа и негова слобода на избор е. Ама рамнотежа на тег, се постигнува со против тег. Земјата има северен и јужен магнетен пол. Замислете дали би постоела планетата земја, да има само еден пол? Така е и со еднополарниот свет. Но за среќа, веќе е тој зад нас.
Од: nekoj
Датум: 27.02.2009 12:45:48
Bravo na rusija
Од: neanticki makedonec =slavjan
Датум: 27.02.2009 12:50:23
silna rusija e garant na mirot vo svetot.Amerikanskata agresivnost ,prepotentnost i siledzistvo mozat da se sprecat samo so jaka rusija.

Најди! во Утрински
Свет
Кина лута на „Кристи“
Разбиен мексиканскиот наркокартел
Кој прв ќе оди на посета кај Обама?
Обама има економски разузнавачки тим
„Лов“ по 19 воени злосторници
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Финансиер на изборната кампања на Обама амбасадор на САД во Лондон
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ