Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Кој прв ќе оди на посета кај Обама?

Гордон Браун е првиот европски лидер кој е поканет да се сретне со американскиот претседател

Британските медиуми со доза на задоволство забележаа дека премиерот Гордон Браун е првиот европски лидер кој бил поканет да се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Меѓутоа, на често поставуваното прашање во Европа кога новата администрација ќе ја преземе функцијата - „Кој е прв?“ - одговорот во Вашингтон честопати е „Што е толку важно?“

Факт е дека во сегашната глобална финансиска криза, суштината, а не стилот е она што е важно. Не е важно кој е прв, туку кој е посилен. И кога станува збор за суштината, Велика Британија помалку се надева на добар договор отколку што тоа е случај кај другите играчи - особено ЕУ како целина, во која Германија пред сите ја има клучната улога, и Кина.

Сосема природно е тоа што Браун прв ќе замине во посета на Вашингтон. Британија ќе претседава со самитот на Г-20 во Лондон закажан за 2 април, па за трансатланските позиции треба однапред да се дискутира. Покрај тоа, Британија обезбедува најголем број војници, по САД, во силите во Авганистан, а претседателот Обама направи воспоставувањето мир во Авганистан да биде клучна цел на надворешната политика. Би било бесмислено од оваа гледна точка да се упати навреда до Британија околу тоа кој ќе ја добие првата покана.

Многу поважно прашање за Американците и остатокот од светот е позицијата на ЕУ во услови на глобална криза. Тука се забалежува многу мешана слика, со лидерите на ЕУ кои штотуку почнуваат да реагираат заедно по тензичното неколкумесечно ривалство, конфузни анализи и конфликтни политики. „Европа, како и сите, беше изненадена од брзината на колапсот и многуте грешки што беа направени“, вели Питер Ладлоу, поранешен набљудувач на слу��увањата во Брисел кој е претседавач на Форумот за европска стратегија, група од експерти собрани на една маса како одговор на финансиската криза. „Германија, најважната земја-членка, беше неодлучна и внимателна околу тоа дека потрошувачката е излез, но вистинскиот проблем беше предизвикан од унилатеризмот на Британија и катастрофалното постапување на крајот од 2008 година од страна на претседателот Саркози и претседателот на Комисијата, Баросо. „Саркози стана преголем за ситуацијата. Тој се подбиваше, ја задеваше и исмејуваше канцеларката Меркел и замина во Лондон да се сретне со Гордон Браун, кого Германците го презираат како архитект на катастрофата од која сега тој сега претендира да го спаси светот. Меркел не беше поканета. Браун одговори на кризата со невнимателно решавање на потрошувачката и ефикасна девалвација што е протекционистичка политика“, изјави Ладлоу, осврнувајќи се на 15-процентниот пад на вредноста на фунтата во однос на еврото од октомври. „Нема основа за кохерентна позиција на ЕУ“, додаде тој.

Меѓутоа, сега се појавува нова стварност, забележува Ладлоу. „Германците заклучија дека е потребен стимул, и старата француско-германска оска влезе во игра на берлинскиот самит што се одржа минатиот викенд на кој беа договорени построги регулативи за финансиските пазари. Ова нема да му помогне на градот Лондон и тензиите останаа. Лондон е на работ од сликата, а позицијата на ЕУ за Г-20 е многу поконтинентална. Лекцијата е дека Германија мора во целост да биде инволвирана. Британија и Франција сега немаат таква моќ. ЕУ, исто така, не може да се потпира само врз трансатлантскиот дијалог. Треба директно да разговара со Кина и Јапонија. Сево ова ќе направи светот да биде поинакво место“. Не се само оние кои се запознати со работите во Брисел тие кои апелираат до ЕУ да преземе заедничка акција.

Лондонски „Тајмс“ во уводникот објави: „Европа е опколена од расправии, сега, кога најмногу од се' и' е потребно силно, координирано лидерство... ЕУ лидерите и особено Британија треба да ги зајакнат односите со Германија“. Британската влада не прифаќа дека беше погрешно порано да се побара стимул, наведувајќи дека и други им се приклучија и дека, далеку е дека се изолирани во ЕУ, Браун е пример за тоа.

Самиот Браун избра да нагласи уште еден резултат од средбата во Берлин, тој што ќе го одбележи самитот во Лондон - поддршката на ЕУ за зголемување на фондот на ММФ во вредност од 500 милијарди долари за помош на земјите да ја истуркаат рецесијата.

По разговорите во Берлин, чешкиот премиер Мирек Тополанек, на новинарот на АФП за време на летот кон дома му кажа дека и понатаму постојат несогласувања во рамките на ЕУ. „Најблаго кажано, несогласувањата во мислењата се навистина големи“, беше цитирана неговата изјава. „Беше очигледно дека четирите земји што ја претставуваат ЕУ на Г-20 (Британија, Франција, Германија и Италија) немаат исто мислење по голем број прашања“. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 362 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Кина лута на „Кристи“
Разбиен мексиканскиот наркокартел
Русија до 2020 со нов ракетен парк
Обама има економски разузнавачки тим
„Лов“ по 19 воени злосторници
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Финансиер на изборната кампања на Обама амбасадор на САД во Лондон
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ