Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Финансиер на изборната кампања на Обама амбасадор на САД во Лондон

Незадоволство во Лондон од предложениот кандидат за амбасадор на САД во Британија

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Британските дипломати во Лондон и во Вашингтон не сакаа да го коментираат предлогот на Белата куќа во раскошната резиденција Винфилд хауз, во империјалниот северен дел од британскиот главен град, како нов американски амбасадор да се смести Луј Сашман. Кусото образложение дадено за овдешните новинари беше дека тоа, сепак, е работа на Американците, но критичарите на ова се' уште не до крај завршено решение и од двете страни на Атлантикот не кријат дека се незадоволни, а лондонските критичари затоа што не доаѓа дипломат од кариера и знаење, туку поранешен банкар. Тие цинично забележуваат дека новиот амбасадор, како човек кој едно време бил директор во банката Сити груп, ќе може да има со кого и за што да разговара со финансиерите во финансискиот центар Сити во Лондон. Критичарите, пак, во Вашингтон се незадоволни што Барак Обама за амбасадор во земјата со која САД повеќе од шест децении имаат „специјални односи и врски“ испраќа неискусен за таа работа човек и над се' затоа што неговата најголема „заслуга“ е што е донатор на Демократската партија на САД и што е еден од финансиерите на изборната кампања на новиот американски претседател.

Критичарите се согласуваат околу тоа дека испраќањето таков човек за едно од двете најпрестижни места во американската дипломатија го отвора прашањето за тоа колку навистина Обама е определен да има специјални врски, или специјално партнерство со Лондон, потоа дека претставува удар врз британските настојувања да се зачува и да се одржи и понатаму таа „специјалност“ на билатералните односи и, конечно, дека знач�� потврда на се' погласните забелешки во Америка дека Обама, само по малку повеќе од еден месец, се повлекува од ветувањата дадени во текот на изборната кампања. Наместо тоа, се вплеткува, како што се вели, во политички игри и од предлогот за нов амбасадор во Британија прави случај кој „како да личи на она што го направи Род Благоевиќ“, продавајќи го за пари сенаторското место на Обама во Илиноис.


Луј Сашман

Сашман (71) доаѓа од Чикаго и важи за многу богат човек кој уште е и близок до „патријархот“ на демократите, сенаторот Тед Кенеди. Тој е некогашен правник, поранешен банкар вклучен во инвестициониот сектор, но, над се', „собирач на пари“ за американските демократи. Лондонски „Дејли телеграф“ вели дека го нарекле „вакуум правосмукалка“ откако има обезбедено 240 милиони долари за кампањата на Џон Кери за претседателските избори во 2004 година. Тој самиот има приложено 300 илјади долари за кампањата на Обама, со кого се запознал водејќи грижа за финансирањето на изборната трка за сенаторот Кери. Советникот на поранешниот претседател Џорџ Буш-таткото, Џим Начо, за лондонскиот весник вели дека Обама, всушност, го наградува својот финансиер со доделувањето амбасадорско место во престижна локација, каква што е британската престолнина. Тоа, според соговорникот на весникот, е отстапување од најавената етичност и висока моралност во надворешната политика и дипломатијата, на што во кампањата толку многу инсистираше новиот претседател.

Се смета дека ставајќи се во рацете на демократите и нивните настојувања да се соберат колку што е можно повеќе финансиски прилози од сенаторот Џон Мекејн, претседателот Обама (во изборната трка собра три-четири пати повеќе пари од Буш-синот на претходните избори) стана зависен од демократските лидери и од оние кои финансиски го помагаа неговиот пат кон Белата куќа. Во меѓувреме, официјален Вашингтон настојува да ги ублажи критиките, инсистирајќи дека Сашман, пред се', е банкар, намерно одбегнувајќи ја неговата улога во прибирањето донации и отфрлајќи ги тврдењата дека станува збор за едноставно „купување“ на местото амбасадор. Тоа, во секој случај, не е никаква новина, зашто и сегашниот американски амбасадор Роберт Татл, кој си заминува во јуни годинава, поранешен богат автомобилски дилер од Калифорнија кој за изборната кампања на доскорешниот претседател Џорџ Буш има дадено прво 100 илјади долари, па подоцна уште толку за инаугурацијата.

Во Лондон и во Вашингтон, меѓутоа, велат дека Обама вети промени и најави дека нема повеќе амбасадори „по награда“, а наместо тоа, Белата куќа неволно призна дека и овој пат ќе има такви што ќе бидат назначени како амбасадори, затоа што пред тоа биле донатори на изборите. Повеќе кандидати досега јавно се промовираа за да се преселат следните три-четири години во Винфилд Хауз. Најдолго се зборуваше за Каролина Кенеди, ќерка на убиениот претседател Џон Кенеди. Подоцна по (велат) наговарање на чичкото Кенеди, таа најави дека сака да ја наследи Хилари Клинтон како сенатор на Њујорк, но по лошиот настап како сенаторски кандидат во една ТВ-дебата, сега изгледа дека ќе биде само амбасадор во Ватикан. Ниту таа нема никакво дипломатско искуство, па за неа главната квалификација е што го носи името на Кенедиеви и што е ќерка на братот на сенаторот Едвард (Тед) Кенеди.


Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар

Од: lenin
Датум: 27.02.2009 00:17:18
bilo za chto da e za da se dojde na vlast nekoj trba da gi pomaga tie chto sakaat da dojdat na vlas .Sami sigurno ne bi uspeale i kako chto e sekade sega Obama treba da im se razdolzi na tie chto go donesoja do vrvot.

Најди! во Утрински
Свет
Кина лута на „Кристи“
Разбиен мексиканскиот наркокартел
Кој прв ќе оди на посета кај Обама?
Русија до 2020 со нов ракетен парк
Обама има економски разузнавачки тим
„Лов�� по 19 воени злосторници
Три хипотези за паѓањето на турскиот „боинг“ во Амстердам
Хаг го ослободи Милан Милутиновиќ