Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Вујче од Авганистан

Мирче Јовановски

Колку повеќе немаш, толку повеќе штедиш. Мајтапчиите, веројатно, би го одбрале ова како локално мото на годинешниот Светски ден на штедењето по објавените податоци дека во првото полугодие годинава заштедите во банките кај нас се зголемиле за респектабилни 8,3 проценти. Или, за оние што сакаат поопипливи податоци, се проценува дека македонските граѓани им довериле на банките 2,3 милијарди евра. Парите што се чуваат под перници не се земени предвид.

Дека сме штедлива нација, тоа е општопознат факт. Дека многумина и' пркосат на статистиката и на нејзините податоци колку пари се потребни да се истурка месецот, исто така.

Но, навистина звучи неверојатно дека во време кога кризата на овие простори го достигна својот врв и кога е зголемен бројот на фирмите со блокирани сметки и на оние што останале без работа или, пак, не ги примаат платите редовно, вредноста на заштедите да се зголемува. Згора на се', повеќе растат заштедите во домашната валута отколку во омилените евра, долари, швајцарски франци...

Логично би било ако не се намалуваат, барем да стагнираат. Но, не е така.

По се' изгледа, повторно во овие тешки времиња ни помага вујче од Америка, синонимот за нашинците што се на работа во странство и кои годишно праќаат стотици милиони евра во земјава. Сиромаштијата и бесперктивноста во земјава натера многумина да заминат на работа по парче леб во кризните подрачја во светот, како во Ирак и во Авганистан, па, веројатно, и тие имаат свој удел во јакнењето на контата на граѓаните во банките.

Очигледно, порастот на заштедите не е резултат на некоја зголемена економска активност или на благосостојбата во државата, туку напротив, од стравот од неизвесноста. Или, што би рекле старите, бели пари за црни денови.


#
Статијата е прочитана 2332 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Македонија и НАТО пред Лисабон
Вербатим
Уште многу состаноци до решение






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU