Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Епархијата знаела за црквата во Аеродром

Место завршни зборови, судскиот процес против актуелниот градоначалник на Општина Аеродром Кирил Тодоровски и за четворица негови соработници вчера продолжи со распит на Коста Станоевски, секретар на Скопската епархија при МПЦ.

Во своето сведочење прота Станоевски потврди дека почетоците на изградбата на црквата „Свети пророк Илија“ датираат од пред неколку години и дека за нејзината изградба била добиена дозвола уште во времето на Љупчо Димов, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Црковниот секретар потврди дека постоело граѓанско здружение за изградба на црквата и дека по територијалното разграничување во 2004 година, било оформено ново здружение со кое претседателствувал градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски.

Сведокот потврди дека на една средба се говорело за донација од 200 илјади евра, а спомена и дел од компаниите кои веќе издвоиле пари за изградба на црквата, а која извесно време била во стагнација. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 581 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 06.12.2008 01:15:36
nesto ne stima kaj ovie od mpc?...barat donacii od gragjani da gradat crkvi a oni se rasfrlaat so pari? navistina nesto ne e vo red vo postavenosta na crkovnive lica.vo posledno vreme i nivnite nastapi po tv se tolku arogantni,samobendisani ,kako da se carevi ovde..e popovi ke dojdete i vie -,,bogu na istinu,,
Од: jas
Датум: 06.12.2008 13:56:05
abe nema vrska glavata na klasicniot reket sekogas se svestenite lica, mislam pazi vamu dosol lopovot da svedoci deka ne kradele hahahahah ziti se
Од: mene
Датум: 06.12.2008 17:53:43
Па има ли поголем криминалец од овој Коста.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Се обидел да ја убие невенчаната сопруга
Нова жртва на предозираност
Референтката од куќен во истражен притвор
Изгоре трафостаница во Тетово