Се обидел да ја убие невенчаната сопруга
Триесетгодишниот Ф.Р. од Струмица се обидел да ја убие поранешната невенчана сопруга, прободувајќи ја со нож во стомакот и во нозете. Ранетата жена била пренесена во струмичката болница, а насилникот побегнал, но набргу бил уапсен.
Инцидентот, според МВР, се случил во четвртокот околу пладне кога Ф.Р. ја начекал екссопругата М.М. (26) додека минувала улица со двегодишниот син. Против Ф.Р. е поднесена кривична пријава за убиство во обид. (Г.А.) |