Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Зошто се лути премиерот?

Сашко Димевски

Премиерот Никола Груевски дозволи да покаже суетност во јавноста, одбивајќи да го прогласи за отворено осмото Европско ракометно првенство во женска конкуренција. Причини има две. Едната е официјалната од Кабинетот на Груевски. Оттаму порачаа дека не било планирано премиерот да ги поздрави земјите-учеснички на ЕП 2008, високите гости од ЕХФ, новинарите, јавноста. Втората е неофицијална. Според неа, Груевски наводно се налутил на изјавата на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Марјан Начевски, дека Владата не презела ништо за промоција на земјата-домаќин, промоција на шампионатот и пропуштената можност за привлекување странски туристи.

Малку веројатна е првата, но ајде да речеме дека е така. Ако е така, ако не било планирано премиерот да го отвори ЕП, зошто тогаш се симулираше негово најавување на генералната проба во неделата на два дена пред почетокот на ЕП. Симптоматично е како одеднаш се избриша тој дел од протоколот. Затоа е поважна онаа втората, неофицијалната. Од Кабинетот го негираат тоа, но целата работа личи на она - кај што има чад, има и оган.

Критики имало, има и ќе има, а сите што се аргументирани и издржани, се добронамерни и доблесно е да се прифатат. Во целата ситуација со првенството Македонија навистина потфрли. Медиумските критики дека ништо не сторивме за наша промоција, за промоција на ЕП, за создавање атмосфера дека кај нас се случува голем спортски настан се факт. Но, наместо да се прифатат, да се мобилизираме и како што тече шампионатот да се коригираме во од, ако не го сторивме тоа кога требаше, ние правиме нови и нови грешки. Организацијата на еден олку голем настан е огледало на земјата во очите на светот.


Статијата е прочитана 1624 пати.

Испрати коментар

Од: sani
Датум: 05.12.2008 00:09:22
ne se ljuti tuku sto posto go sovetuvale deka moze pak da bide isvirkan kako na koncertot za toshe. i tamu ne mu bese mestoto pa se pojavi i valjda ja nauci lekcijata. ocajni se soopstenijata od kabinetot kade se sporeduva so angela merkel
Од: citatel
Датум: 05.12.2008 00:36:16
ostaj so ke bide isvirkan,reklamite se rezervirani samo za vladata a ne i za promocija na evropsko prvensto.Do koga vaka ke odime namesto da se promovirame vladata nasa poima nema so prai
Од: St.Patrik
Датум: 05.12.2008 01:54:23
Ako G-dinot premier go krenal nosot poradi kritika, togas tesko nam..Fakt e deka e propustena fantasticna moznost za promocija na drzavata vo SVETSKI ramki. Fakt e deka imame prenatrupana administracija koja sto so prefrlanje na topkata od eden na drug, NISTO ne rabotat. Taka i ovaa rabota ispadna kilava....steta...
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 05.12.2008 04:00:20
Navistina mislite deka se ljuti. Ubedena sum deka ne e taka. Negoviot siromav govor e samo t.n.ljutina na Gruevski. Samiot e svesen deka ne ce znaese sto da kaze,a ocevidci sme na site negovi govori i napisi. Koj go laze Gruevski???... Dragica
Од: mirko
Датум: 05.12.2008 04:23:07
dami i gospodo "premijerot" n gruevski e kako malo dete, se luti i tvrdoglavo se sveti, razmisluva i raboti kako nojot so glavata vo pesokot a Makedonija tone vo stilot na TITANIK za zal do koga.
Од: zasrami se Premiere
Датум: 05.12.2008 04:35:26
Ova e dovolen DOKAZ da svatime deka Premierot uvo ne go boli za drzavata. Toj ako saka Makedonija da ja vidi NAPRED ke napravese nesto za prvenstvovo. Ako ne mozel da dojde za otvaranjeto togas mozel da frli nekoj denar za reklama. Eden Premier stom nejke da ja promovira svojata zemja vo svetot togas poveke od JASNO E deka toj ustvari raboti protiv drzavata. Nikakvi izgovori i opravdanja ne se dovolni za da go isperat toa sto go napravi. Vo momenti koga se borime za imeto (a bozem tolku mu e vazno toa) toj ne mrdna ni so maliot prst da napravi nesto za drzavata barem vo sportskiot duh. Druga drzava do maksimum bi go iskoristila ova za promocija na svojata zemja vo svetot a nasiot Premier i na sporsko pole od Makedonija napravi crna dupka na Balkanot.
Од: ljupco,bitola
Датум: 05.12.2008 06:07:16
Да не беше оваа влада,првенството немаше ни да започне.Ќе ни беше одземена организацијата на истото поради технички услови-немање соодветна сала.Со години пред тоа сдсм само обеќаваше е не мрдна со прст да се изгради салата,па затоа експресно се изгради во последен момент.
Од: zoran
Датум: 05.12.2008 06:59:12
poleka premierceto ke si go pokaze liceto,nema sekoj pat p-ar agentite da se do nego i tie se izmorija.Samo gabe koga ke svatime koga ke bide kasno!
Од: Kiril
Датум: 05.12.2008 07:11:10
Таму не се мери рејтинг (како на Грдаски...), а и тој си е по боксот........
Од: zabegan
Датум: 05.12.2008 08:21:27
poarno sto ne izleze ke ne dosrami covekot ne znae siromaviot da svrze dve recenici. ko bajagi se nalutil prosta rabota.ete kolku covekot e za makeonia.
Од: andrej
Датум: 05.12.2008 08:52:13
Kolku samo neslavno ke zavrsi ova malo diktatorce koja ja peplosa zemjata!!I samiot ne e svesen!
Од: Saso
Датум: 05.12.2008 08:57:39
Se slagam so Sani, premierot izgleda razbra deka ne treba da se pojavuva sekade, po svirezite sto gi dobi na koncertot za Tose, zosto kollku go ima so reklamite negovi uste malku doma od frizider ke pocne da ni izleguva.
Од: народот
Датум: 05.12.2008 09:18:27
Камо до сега да имавме лидер како Груевски човек кој се бори за својата земја и кој прави за својот народ, кој е толку паметен ке бевме многу понапред. Ајде кажете што имаме како придобивка од предходниот Црвенковски една само набројте ке биде доволно. Како придобивка од неговото владеење ја имаме само мафијашката трансформација на државниот капитал во приватен, отстапки без успех на Грција и ништо друго. Затоа престанете и оставетего човекот да работи па после да критикувате. Ова ривалство што го пропагирате не води никаде освен во пропаст Свестетесе веке еднаш!!!!
Од: petar
Датум: 05.12.2008 09:33:00
covecki e da se gresi a covecki e i da se prosti ali za nekoi banalni raboti ne treba da snosi zaguba drzavata. zarem nebese covecki koga adziite zaminuvaa za na adzilak toa bese za pozdravuvanje zarem edna ulica ne nosi radost kaj mestanite koga posle 100 godini kal ke capnat na asfalt zarem nee ubavo i ne treba da se raduvame koga ke se sluci vakvo nesto za koe vo svetot se vlozuva a potoa da se vrati vo razlicni oblici pozitivno za drzavata. ne bese covecki da se reklamiras a od druga strana da pokazis dvolicnost GOSPODA kulturno e da vi se obratime taka ali stvarno treba taka i da se osetite napravete nesto sto nema da ostavi beleg od koj sto ke se sramime tuku beleg od koj ke imame korist i vie kako GOSPODA I NIE KAKO NAROD.
Од: Trpe 2
Датум: 05.12.2008 09:43:14
Kakva reklama za rakometot? Pa niti pari ostanaa nitu sloboden tremin na televiziite.Spotovite na vladata ni nasa,sto bi rekol pokojniot Kljusev, ne ostavaat prostor za takvo nesto.
Од: Narodot so zdrav razum
Датум: 05.12.2008 09:47:17
И после да не се чудиме кога ќе прочитаме како Данците на пример, не отсликале со епитетот ‘тажна држава‘. Тоа е апсолутно точно. Може само да се додаде и ‘очаен народ и очајна држава‘. Држава во која се изгубени сите вредносни критериуми и во која најголема вредност е некој просечен дипломец од прилепски факултет, во која настаните се делат на ‘наши‘ и ‘ваши‘ , и во која најголема уметничка вредност претставуваат рекламите на владата, не е ништо друго туку ТАЖНА и ОЧАЈНА.
Од: bobi
Датум: 05.12.2008 10:13:24
Nema pravo da se luti.Treba da se zasrami.Poveke pari dade za promoviranje na samiot sebe otkolku za evropskoto prvenstvo vo rakomet.Barem da platese 10 bilbordi za reklamata na prvenstvoto .Vaka da ne bea taksistite so znamencinjata nemase da znaeme deka vo makedonija ima evropsko prvenstvo.Ti si se samo ne ona za sto se prestavuvas.Od tebe i tvoite reklami mi e preku glava .Nemas nisto covecko a kamo li za patriotizam da zborime
Од: gv
Датум: 05.12.2008 10:17:05
N.Grujevski ne go otvara svetskoto prvenstvo a rajtingot se zgolemuva.Cudno!
Од: до народот
Датум: 05.12.2008 10:23:31
Не се секирај премиерот е оставен да рабти што сака ,само тој не не остава нас на мира.Не потече од реклами на сите телевизии и тоа со наши пари или можеби се лажам, да не продал случајно некој од мамините 4 стана па така ги плаќа кампањите за саморекламирање.И на крај извини за критиката. Почекај да ги најдам розевите наочари за подобро да видам- како тоа одиме само напред,а никој тоа не ни го признава.
Од: zane
Датум: 05.12.2008 10:24:27
Aman bre lugje,ostavete go covekot.Koga se pojavi na koncertot za Tose,...sto baral...,sega za otvoranjeto na prvenstvoto ne se pojavi na scena,ostana vo publikata kako normalen covek,...zosto ne se pojavil.Nisto ne vi odgovara.A i vie novinari,najdete nekoja pointeresna tema za pisuvanje,ostavete gi politicarite za politikata.Ne mesajte gi nasekade.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Поништена пресудата за армиското оружје