Б интегрирана дозвола за „Скопје Север“
Друштвото за снабдување со пареа и топла вода „Скопје Север“ ќе добие Б интегрирана еколошка дозвола. Градоначалникот Коце Трајановски донесе решение за издавање Б дозвола за усогласување со оперативен план на Топланата и на бетонската база „Три браќа“ . Издавањето Б интегрирани еколошки дозволи е регулирано со Законот за животна средина со кој се воведуваат два вида дозволи А и Б. За А- интегрираните дозволи е надлежно Министерството за животна средина, а Б дозволите ги издаваат општините. (С.Р.) |