Број 3451  вторник, 07 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

Сонцето ги спаси „Око“ и фонтаните во Вардар

Дводневниот зголемен водостој не ги довел во опасност објектите од „Скопје 2014“

Сончевото време и смаленото ниво на Вардар во споредба со водостојот во изминатиов викенд, вчера на терен укажуваше дека темелите на мостот „Око“ и фонтаните во реката, сепак, се спасија. Изградбата на објектите, кои се дел од „Скопје 2014“, продолжи по дводневниот прекин поради надојдениот Вардар во саботата и во неделата.

Општинарите од Центар тврдат дека дводневниот зголемен водостој на реката не ја довел во опасност изградбата на мостот и на двете фонтани. Единствено била направена незначителна штета на дел од насипот, која не е пречка за продолжување на градежните работи. Состојбата би била поразлична, како што напоменаа од општината, доколку продолжело покачувањето на водостојот.

„Градежните работи што се однесуваа на темелење во водата веќе се завршени, при што покачувањето на нивото на реката нема да претставува проблем за продолжување на останатите градежни активности и нема да бидат предизвикани штетни последици врз работата“, велат од општината Центар.

Оттаму информираат дека за мостот досега се завршени подземните армирано бетонски работи, а останатите градежни работи се одвиваат според утврдениот план и динамика за работа. На фонтаните, пак, во тек е завршната фаза на армирано бетонските работи и се изведува плоча на втората фонтана врз веќе изведени колови (сипови). (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 2799 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanka
Датум: 07.12.2010 14:08:47
Naprotiv sonceto ne ne spasi nas od ludite idei za mostot i fontanite. Fontani na fekalii ili ke bidat? Samo naludnicav covek moze da forsira vakva izgradba i toa vo esensko vreme koga vodostojot se pokacuva. Do kade ke odi gluposta na gradonacalnicite i politicarite ?
Од: Goran
Датум: 07.12.2010 14:50:39
Sonceto ne gi spasi tuku dizajnot. Za site SDSM-ovci koi se molea da se polavi vardari da go unisti proektot sega im se stemni. Sram mi e da kazam deka sum roden vo ista zemja so vas, koga se molite Skopje da poplavi i se sto e izgradeno da se unisti. Se vide po vcerasnite komentari kakov zloben narod ste. Zosto ne go krivite Branko sto nisto ne vi izgradi za 15 godini na vlast?
Од: realen
Датум: 07.12.2010 15:11:44
Vcera na eden kanal kazuvaa deka centarot na Viena e zastiten i deka za sekoja urbanisticka promena, najcesto, se raspisuva referendum. Inaku, Viena e eden od gradovite so najdobro zivenje. Se prasuvam dali i nie po "Skoje 2014" ke bideme kako Viena, no se somnevam. Zosto, pa od minatoto nikoj ne sme da se srami, nie sme bile 7 veka pod Otomanskata imperija, a ne pod Habzburgaskata monarhija. Ludost, megju mnogute drugi.
Од: skopjanec
Датум: 07.12.2010 16:59:07
Barem nesto se gradi. Nenaludnicavite si izgradija fontani i bazeni samo vo svoite dvorovi.
Од: nekoj
Датум: 07.12.2010 18:56:19
Ako nesto se gradi neka se gradi toa sto treba! a ne fontani i slicni drugi gluposti. Skopje ke bide Viena na kukovo leto.
Од: jas
Датум: 07.12.2010 20:43:46
Nemam vpecatok deka gi spasi se e poplaveno i toa po tret pat no ne se priznava za da nekoj ne prasa kolku ne cini sve ova, frlanje pari vo Vardar
Од: Ace
Датум: 08.12.2010 03:35:31
Ne sum mnogu vooduseven od fontanite vo Vardar, megutoa koga veke resile da gi gradat neka gi zavrsat, pa posle ke mozeme da kazeme dali se dobri ili ne. Vaka na nedovrseni raboti se sto ke se kaze ke bide samo predpostavka.
Од: Мики
Датум: 08.12.2010 03:46:09
Подобро да има фонтана во Вардар, мостови, згради и споменици на плоштадот македонија, отколку со истите пари "некој" да направи стратегија НАДЕЖ или пак да направи палата во Флорида. И ВЕ МОЛАМ, пишувајте ги своите коментари на КИРИЛИЦА!
Од: do skopjanec
Датум: 08.12.2010 08:08:03
Да,не е битно што!Битно е да изгледа дека градат!Битно е да изгледа дека работат 24/7,а што работат,воопшто не е битно!Аман, доста ни е од „преродбава“, ја растурија земјава!
Од: zoran
Датум: 08.12.2010 13:32:32
луѓе доста се карате меѓу себе времето се ке покажа кој е кој. Ниту Никола Груевки е вечен ниту пак Бранко Црвенковски. Демократија не се гради за 20 години, колку само француски револуции имало колку европјаните крв проелате меѓу себе за да стасаат до тоа што се днес. Ниту Груевски и Црвенковски ке не оправат сами треба да стремите кон што поголемо почитување меѓу себе па така ке не почитуваат и други.Минатото поминала иднината е таа што доаѓа, треба да се стремиме кон подобро утре.

Најди! во Утрински
Скопје
Улиците во темница, граѓаните во страв
Лифт за лицата со хендикеп во СУГС „Михајло Пупин“
Трибина за семејно насилство во Гази Баба
Б интегрирана дозвола за „Скопје Север“
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu