Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Кафеана во основно училиште

Стефан Петровски, Скопје

Во рамките на Преродбата каде што се става посебен акцент на квалитетното образование и виспитување на младата генерација се случува невиден скандал! Во самиот центар на градот, во дворот на основното училиште „Коле Неделковски“ егзистира гостилницата „Илинден“! Таа е посетена од млади и малолетни лица на кои им се точи алкохол. А откако е во сила Законот за забрана за продавање алкохол по 19 часот, тој може да се купи во гостилницата, а да се консумира и во училишниот двор, кој во вечерните часови ечи од пијани викотници на млади луѓе! Оваа ситуација кулминира во текот на викендите.

Пензионерски дом претворен во кафеана! Таму каде до пред некоја година децата купуваа лижалчиња, сега можат да се опијануваат.

Каков напредок! Во време на изјави за грижа за младината во реалност ја имаме оваа неверојатно негативна појава.

Каков спротивен пример на сите прокламации и заложби!

Кој дал дозвола за отворање ваков објект во рамките на воспитно-образовна установа? Како родители и како граѓани бараме да се стави крај на оваа крајно негативна појава и да се заштитат нашите деца и нашето општество!


Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар

Од: Grujovizija
Датум: 11.12.2008 07:20:31
Javi se kaj Grujo, toj ako doznae, kafeandzijata moze i da bi de osuden za etnicko cistenje, a moze i za nelojalna konkurencija!
Од: Sonja
Датум: 11.12.2008 09:38:15
Ne treba da ne iznenaduva ovaa pojava. Gruevski kafanskata mafija ja postavi na rakovodni mesta vo drzavnite obrazovni i kulturni institucii:Zoran Dzorlev od svadbarski tezgar, otkako mu svirese na svadbata na Gruevski, stana direktor na najgolemiot ucilisen centar vo Makedonija, a Oliver Arsovski, negoviot prv pajtas, stana direktor na edinstvenata Opera i balet vo Makedonija. Okolu niv vo site strukturi na upravuvanje se imenuvani licnosti so slicna aktivnost i interes. Veruvam deka ovaa pojava e karakteristicna za vladeenjeto na VMRO, bidejki slicno bese i vo 1998-2002. Tragedijata na rusenje na kvalitetot vo obrazovanie i kultura e redovna pojava na VMRO, koe ednostavno vo svojot sostav go ima nekultiviraniot, malogragjanski i kafanski mentalitet.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Нема спотови за огромните хонорари на функционерите