Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
На прво место

Кој е третиот функционер што го уловија лустраторите

Комисијата за лустрација го чека „Драматург“ да се
врати од странство

Курирот од Комисијата за верификација на факти вчера неколку пати наишол на затворени врати во домот на познатиот режисер, за кој лустраторите откриле дека повеќе години соработувал со тајните служби под псевдонимот „Драматург“.

Од Комисијата за лустрација велат дека имаат информација дека режисерот е надвор од државата и дека в понеделник повторно ќе се обидат да му го достават решението, според кое, тој од 1976 година како соработник на службите, ги кодошел колегите од „високообразовните и културно-уметничките кругови“.

Томе Аџиев, претседател на Комисијата за лустрација, објаснува дека досието „Драматург“ било „откриено“ откако режисерот и поранешен директор на високообразовна институција, од позиција на бивш функционер, доставил изјава дека не соработувал со тајните служби. При проверката во Комисијата, како што ни потврди Аџиев, било утврдено дека тој прво бил следен од службите, но потоа почнал да соработува со нив.

Обврската поранешните функционери да се отчитаат дали соработувале со полицијата или со разузнавачките служби произлезе од измените на Законот за лустрација што беа донесени пред предвремените парламентарни избори по иницијатива на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со тие измени енормно се проширија категориите на лица што се под опсервација, така што, покрај актуелните функционери, изјави треба да поднесат и поранешни носители на функции, а на лустрација подлежат и партиите, медиумите, верските заедници, невладиниот сектор. Се прошири и периодот што се проверува, почнувајќи од 1944 година досега.

Законот забранува да се објавуваат имињата на лицата за кои ќе се утврди дека соработувале со службите, но од информациите што протекоа, јасно се наѕира дека станува збор за личност блиска на опозицијата, каков што беше случајот и со претходниот уловен кодош, советник во град Скопје, Слободан Угриновски, кој сам си го откри идентитетот.

Пред тоа, за соработник на службите беше прогласен поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, кој ги помина сите инстанции на жалба против решението на лустраторите, а сега неговиот случај е во Судот во Стразбур.

Најновиот случај, „режисерот“, има право да се произнесе по решението на Комисијата за лустрација, а потоа може и по судски пат да ја обжали одлуката на лустраторите.

Аџиев вели дека во законски предвидениот рок во Комисијата за лустрација стигнале околу шест илјади изјави на поранешни функционери. Процените, пак, се дека бројката на некогашни функционери што треба да се лустрираат е многу поголема, дури и се оперира со бројка од околу 300 илјади. Досега, според Аџиев, се прегледани околу 300 изјави, а другите се' уште се проверуваат, врз основа на информациите од УБК, АР, военото разузнавање и Државниот архив. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1393 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 23.07.2011 05:28:54
A be eve, so godini vi kazuvam deka sum Kodos,a Vie ni so Prst ne mrdnuvate.Navistina bi sakal ,da me proglasite-naglasite ,deka sum Kodos, i navistina sum Kodos,i zosto? ;Za nekogo Vistinata e Kodosluk,a Jas bi sakal da bidam takav Kodos, i navistina takov Kodos sum Jas! Celo vreme-Ves Den Kodosim,a nikoj uste ne me Pr[o\e ziva,a imam ime i prezime Ljubotan -Trade Name!
Од: ?
Датум: 23.07.2011 09:32:51
A dali nekoj proveril kolku kodosi ima vo Vladata , vladinite kabineti, sudstvoto i parlamentot.
Од: Baba Kata od Sekulicu
Датум: 23.07.2011 11:15:52
Ljudi,sto da vi kazu? Sve je jasno kako beu dn!Grujo i njegovi resie da zatvore usta na Vlado Milcin i sg, ke vidimo kko Latas,burekcija, onaj mnogo pametan Milenko,bumbarite, Zoki, Sotir,Mirka tralalajka i ostala bratija ke navelev kako GLU na TELEFON! A osameni i siroti Vlade nema od kde da se branev.Ostanae edino ALFA televizija.Ama i na njoj se kratev dnovi...Sg mie jasno zasto Unkovski, Popovski begav da reziraju vo Srbiju i Hrvatsku!Od ovu nasu nepismenu bagru u MMRTO ne da nema leb za nji nego nema ni vozduh.Gospodi,Gospodi da ti ibu majku, u tebe se krstismo,a i ti dignae ruke od nas!
Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.07.2011 12:55:51
Duri tretiot kodos e lustriran,a na nasa zalost,sekoj treti,ili vtori kaj nas,se zanimava-l so ovoj vnosen i istovremeno gnasen ,,biznis,,!Na takvi ,,principi opsto- juvaat i funkcioniraat i partiite i instituciite,,!
Од: milko
Датум: 23.07.2011 13:11:04
stramota od 40 000dosieea samo trojca kodosi i komisijata sija pravi rabotata?
Од: Macedonia
Датум: 23.07.2011 17:17:38
Замислете го развојот на ситуацијата. Секој што бил со минатиот режим, за да добие привилегија биле „кодоши“. Кај нас испадна дека сите што биле против претходниот режим, биле „кодоши“. Ама баш нема никаква логика во ова. Али кај нас само може, приврзаниците на претходниот режим (барем досега), испаднаа „кодоши“. Сите оние кои биле против претходниот режим (а сите се од владеачката гарнитура), немале никаква врска со „кодошењето“. Ако е ова исправниот начин, ние сме уникатни, а испаѓа дека сум во право и сме уникатни. Кој разбра, разбра.
Од: matematicar
Датум: 23.07.2011 17:29:33
Dali e kodos onoj stoj javil deka na komsijata mu gori kukata!? nastrana segata,vistina e deka lugjeto kako ovoj sto policijata go vodela kako 'dramaturg" imaat sto da kazat,kazanoto da go argumentiraat a da se odnesuva na vladeackata tajfa,i vistina e deka ima koj da gi slusa.E,ako vlasta ne moze da gi kontrolira slusatelite,barem moze da go ocrni Dramaturgot.A bogami i da go zamolci.Tie sto si molcat i sto si gledaat seir i i pagjaat v oci na vlasta-tie samo tivko gi preraskazuvaat nastanite sto gi sozdava vlasta.

Најди! во Утрински
На прво место
Воените злосторства не застаруваат, но тешко одново да се отворат
ВМРО-ДПМНЕ контра Хелсиншки комитет
Лиценцата на А1 зависи од судската одлука

"""