Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
На прво место

Лиценцата на А1 зависи од судската одлука


Горан Адамовски


Советот за радиодифузија (СРД) ќе ја чека разврската околу стечајната постапка за А1, по што ќе се произнесе дали ќе и' ја одземе дозволата за работа на телевизијата на Велија Рамковски. Доколку судот донесе одлука за стечај, односно ликвидација на субјектот, тогаш Советот по автоматизам ќе му ја одземе лиценцата, бидејќи „правниот субјект што ја поседува дозволата за работа е ликвидиран“.

„Но, доколку стечајната постапка заврши со предлог за реорганизација, односно управителот добие можност да го реорганизира субјектот, тогаш нема причина да ја поништиме дозволата за работа“, изјави вчера претседателот на СРД, Зоран Стефаноски, кој објасни дека ставот на СРД бил по консултација со нивните правни служби.

Иако најавен, „случајот со А1“ не беше дневна точка на вчерашната седница на СРД, прва по летните одмори. Датумот на седницата несреќно се совпадна да биде четири дена откако Собранието ги изгласа измените на Законот за радиодифузна дејност, со кој е предвидено зголемување на членовите на Советот од 9 на 15. Обидите на власта да го оправдаат ваквиот потег со цел да го зголеми квалитетот на работа на Советот за досегашните членови е алиби да се стави контрола врз ова регулаторно тело.

Според СРД, иако Законот е веќе донесен и нема што да се направи, најголемиот дел од нив (шестмина беа „за“, двајца п��отив и еден воздржан), сепак, сакаат да изразат протест и револт зошто измените беа донесени во скратена постапка, по само четири дена и без да се консултира Советот.

„Немаше составено ни влада, а прво што беше направено е измена на Законот. Законот го изгласаа на 18 јули во 18,39 часот, набргу беше потпишан од претседателот на државата, а истиот ден веќе објавен во ’Службен весник’“, зборуваше Стефаноски.

Членовите констатираа дека немало потреба за зголемување на бројот бидејќи тие солидно си ја вршеле задачата, а извештајот за нивната работа едногласно минал во Собранието. Освен тоа, стравуваат дека сега ќе биде доведена во опасност неутралноста на Советот, укажуваа дека при избирањето на новите членови, нема да биде запазена процедурата, а посебен проблем се финансиите.

„Собранието смета дека зголемениот број членови нема да се одрази врз буџетот, но забораваат дека СРД се финансира со четири отсто од радиодифузната такса, како и од плаќањето лиценци, а не од буџетот“, зборуваше заменикот Милаим Фетаи.

Двајцата новинари што се членови на СРД констатираа дека ќе се минимализира влијанието на новинарите во Советот, но не беа децидни дали ќе се повлечат оттаму како што најави Здружението на новинари.

„Оставките останува како опција и секогаш може да ја искористиме“, смета Столе Наумов.


#
Статијата е прочитана 619 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 23.07.2011 00:30:26
Najdobriot, najgledan i demokratski medium kako A1 da se zatvori...toa e loso za Makedonija...dali vlasta ima ist arsin preku UJP koga na Makedonskata televizija se prostuvaat dolgovi ili se plakaat na odlozeno plakanje...ova e koumnizam...ako ne ja falis komunistickata VMRO-DPMNE ke bides pod pritisok...
Од: miki
Датум: 23.07.2011 07:15:23
Trpe te zalam
Од: Ranko od Puzderci
Датум: 23.07.2011 11:25:55
MIKI, namesto da te zalam, ke te potsetam na eden stih od Vasko POPA,ako voopsto si cul i znaes koj e toj. (parafarirano) "VO PRAZNATA GLAVA SE KOTAT SAMO VETERCINJA"! Samo bi dodal deka tvoite se smrdlivi!
Од: milko
Датум: 23.07.2011 13:06:44
od kako mu se rasipa rajatot vo kancelariite evegi sega na sekade i so izjavi,dosega molceja i nikoj ne znaese sto rabotat vo sovetot.bea ne dopirlivi. ako tie debeli nareceni ispektori si ja pravat rabotata kako sto treba mak.ke cuti.a1 ili bilo koj treba da si go plajka danokot kako jas sto si go plakam, i negledam golema greska vo neplakacite tuku vo tie debeli ispektori koj ne si ja pravat rabotata za sto se plateni i dozvoluvaat da se natalozat dolgovite do suma koja nemoze da bide platena pa sleduva likvidicija.kolku ispektori se kazneti ili odpusteni od rabota za nesovesno ili necelosno rabotene?so ovaa tema malku da se pozanimavate ili nemate hrabrost?
Од: Do Miki
Датум: 23.07.2011 13:54:33
Ti mozes da go zalis Trpe no narodot zali za a1 bidejki mu se losi od Sitel i Kanal 5 , no sepak A1 ako se zatvori ke voskresne poreku druga neka bide i A3 no vistinata za kriminalot na Vlasta ke izleze na videlina.Za novinari kako onie od a1 drugite slugi na vlasta mozew da sonuvaat.
Од: Macedonia
Датум: 23.07.2011 17:22:57
Па против кого да бидат. Секој пат се оди против тој кој е познат, препознатлив, ценет од другите. Како да се оди против оној кого никој не го знае, не го цени, не го познаваат и да го ословиш, кога после тоа никој нема да знае дека нешто си направил (па макар и лошо).

Најди! во Утрински
На прво место
Воените злосторства не застаруваат, но тешко одново да се отворат
Кој е третиот функционер што го уловија лустраторите
ВМРО-ДПМНЕ контра Хелсиншки комитет

"""