Број 3285  вторник, 18 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Туризам без алтернатива

Миркица Поповиќ

Со идејата за развој на алтернативен туризам си играме веќе неколку години. Да имавме како држава профил на „Фејсбук“, статусот за алтернативен туризам ќе ни беше „комплицирано е“. Велосипедски и пешачки тури по планините, јавање коњи и уживање во традиционалната кујна на Галичник, Маврово и Лазарополе, прошетки по водопадите, посети на Куклици и Кокино, црковен туризам, параглајдерски авантури во Крушево и на Попова Шапка. Идеите се вртат, но се' уште само во глава или на маса. Суровиот материјал за развој на алтернативен туризам постои, само уште да се одлучиме дека сакаме „сериозна врска“ и да си направиме стратегија.

Не е потребно којзнае што да се смислува. За почеток, сите не' советуваат да се посветиме на задоволување на основните стандарди - чиста природа, понуда на соодветни сместувачки капацитети со чисти тоалети, топла вода за туширање, добра хигиена, ознаки на патиштата, средени комуналии и, главно, подобрување на патната инфраструктура. Неколкуте координатори на успешни проекти за алтернативен туризам, кои минатата недела беа во посета на Македонија, велат нема потреба да измислуваме топла вода или веднаш да се расфрламе со идеи за мегаломански проекти. Слободно може да се искористи веќе смислен проект и да се приспособи за нашата средина. Нам ни останува да си ја смислиме својата егзотична приказна со која ќе ги привлечеме туристите, да подготвиме проект и да побараме дел од европските пари кои и онака се распределени за нас и нашите соседи преку инструментот за п��етпристапна помош ИПА за државите кандидати за членство во ЕУ.

Едноставно е. Треба да се стави крај за „комплицирано е“ и да се смени статусот на државава во „во сериозна врска со“ алтернативниот туризам.


#
Статијата е прочитана 1044 пати.

Испрати коментар

Од: Лазо Стефанов
Датум: 18.05.2010 07:28:48
На сите нас, или на поголемиот дел од нас, посладок им е муабетот отколку нешто конкретно да се стори. А ќе мораме да работиме , нема друго.
Од: nekoj
Датум: 18.05.2010 10:31:58
Makedonija e edna golema deponija...na koja strana da se svrtis ima toni gubre, plastika..Poglednete gi rekite.. Da ne zboruvam za druga nehigiena, uste imate cucavci kako toaleti! Daleku ste od civilizacija, zatoa za da vi dojdat turisti ke treba mnoooogu da se pomacite...
Од: Ози
Датум: 18.05.2010 13:53:48
Одлична забелешка - “основни стандарди“. Штета што ги немаме. А со нашиот “црногорски“ менталитет (нека ме извинат црногорците) уште долго нема да ги имаме.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Младенов не сака да слушне за малцинства
За српскиот патријарх Иринеј, МПЦ е минлива епизода!