Број 3285  вторник, 18 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

За српскиот патријарх Иринеј, МПЦ е минлива епизода!

Од врвот на нашата Црква не сакаа да ги коментираат најновите провокации од поглаварот на СПЦ

Билјана Јовановска


Патријархот на Српската православна црква, Иринеј, откако е седнат на тронот, во континуитет дава изјави од кои е кристално јасно дека тој ни оддалеку не размислува да го затвори отворениот црковен спор со нашата Црква. А токму ова, како приоритет, го побара од него и вселенскиот патријарх Вартоломеј на последното испраќање на покојниот Павле, кој имаше желба за надминување на спорот, но не успеа да му се спротивстави на силното радикално крило во српскиот епископат.

Во последното интервју за агенцијата Бета, Иринеј Буловиќ, меѓу другото, изјавил дека обидите за создавање православни цркви во Црна Гора, порано во Македонија и сега во Хрватска се епизоди од минлив карактер. „Секаде имало предавници. Случајот со Македонија е малку постар и посериозен, но ќе се најде пат и желба да се надмине. Сега тоа е потешко отколку пред неколку години, но се надевам дека тоа ќе биде само епизода“, изјави српскиот патријарх.

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ, вчера не сакаше да даде каков било коментар, со објаснување дека ваквите искази на г. Иринеј „се надвор од секаква реалност“.

Иако пред изборот за наследник на г. Павле, тогашниот нишки епископ, се сметаше за умерен, уште со првата изјава испрати јасен сигнал дека е илузорно Македонската православна црква да се надева на скорешно решавање на проблемот. За волја на вистината, експлицитно, вакво нешто не кажал, ама она што го соопштува меѓу редови ни оддалеку не оди во полза ни на седнување на заедничка маса за продолжување на дијалогот, а не за негово надминување. Новоизбраниот 80-годишен поглавар на СПЦ уште во старт навести ново непријатно поглавје во меѓуцрковните преговори и рече: „Ние сме најблиски едни со други. Заеднички ни се историјата и културата, јазикот, исто така, е разбирлив и на едните и на другите. Тоа што досега се случуваше не е нормално и ние секогаш настојувавме да го надмине тој проблем. Тие не го сфатија ова доволно. Сега го сфаќаат, но сега има еден нов проблем. Постои официјална Македонска црква, која тие не ја признаваат, а која ја признаваат сите други цркви. Сега се потребни напори и од нивна страна заемно да го решат проблемот“.

Со други зборови, патријархот побара од нас да му го решиме „проблемот Вранишковски“ што е невозможно, бидејќи ставот на МПЦ е познат: „ Може да зборуваме за Јован, ама не и со Јован“.

Најновата изјава на Иринеј не �� ништо друго, туку најобична провокација, зашто се обиде во ист кош да ја стави Македонската православна црква во чија реалност самиот во повеќе наврати се уверил и Црногорската, која постои на хартија, но нема ниту црковен живот, ниту клер, ниту цркви и манастири. Иако двете цркви се разликуваат како ден и ноќ, г. Иринеј ни стави знак на равенство, што говори дека намерно замижува пред фактите.

Синодот на МПЦ непосредно по изборот на новиот патријарх, испрати писмо во кое побара од Црквата на нашиот северен сосед седнување на заедничка маса и решавање на отворените прашања. Покажаа дека се подготвени за разговори, меѓутоа, од Патријаршискиот двор во Белград, наместо официјален одговор, стасуваат пораки, кои се надвор од здравиот разум. За каква „епизода“ говори г. Иринеј кога Македонската православна црква има историски континуитет или, како што велат каноните, апостолско преемство. Пред точно 52 години тогашниот српски патријарх Герман ги ракоположи првите македонски архијереи на возобновената Охридска архиепископија - Македонската православна црква и писмено соопшти дека со тој чин на територијата на Република Македонија повеќе не важи Уставот на СПЦ.


#
Статијата е прочитана 1781 пати.

Испрати коментар

Од: nick hill
Датум: 18.05.2010 00:24:17
kerkata ne si ja priznava majkata
Од: Stevo-bojler
Датум: 18.05.2010 01:17:18
Se plasam deka za Patrijarhot Irinej problemot so MPC e veke zatvoreno prasanje. Sto znaci, ako tie samite cuknat na vratata ke im bide otvoreno. Vo sprotivno, nikoj nema nasila da bide prinuduvan za da vleze vo zaednica so pravoslavnite.
Од: Vangel
Датум: 18.05.2010 03:17:19
Za Stefan pak SPC e rani kuce da te lae.
Од: 1672
Датум: 18.05.2010 03:43:42
Tvoite nepromisleni kometari koi vo koi sukcesivno go napagas Poglavarot Stefan i izmisluvas sekakvi raboti za nego, mnogu mu pomagaat na Irinej da dava takvi ocenki. Zatoa najmalku imas ti pravo da bides iznenadena. Toa sto go izjavi Vartolomej e cist Pilatov gest i mienje race, a vo sustina se isti. Jas licno ne sum iznenaden od seto ova. No MPC-OA ke opstoi. Vo toa sum silno uveren
Од: Afion
Датум: 18.05.2010 07:13:21
Abe da ne sakaat par? Tie istite sto gi platija na Carigradskaat Patrijarsija da dobijat jurisdikcija nad od nikogo ukinatata Ohridska Ariepiskopija?
Од: Александар
Датум: 18.05.2010 07:56:53
СПЦ како и нашите политичари кои од 1991 година работат по директиви на Белград имаат јасна цел и чекор по чекор си ја остваруваат. Македонија никогаш не била независна, туку постојано е зависна од Белград преку своите инсталирани структури во Македонија кои поседуваат медиуми, кои се советници на премиери, претседатели итн. Медиумите се преплавени со српски емисии, филмови, музика. Србите добиваат се повеќе права во Македонија, официјален јазик, пратеници итн. За многу кратко време Македонија ќе биде дел од Србија.
Од: loki
Датум: 18.05.2010 09:07:01
Napravete razlika megju srpskiot patrijarh Irinej i vladikata Irinej Bulovic.Stanuva zbor za dve licnosti.Vnimavajte drug pat da ne vi se provlekuvaat takvi greski koga pisuvate
Од: lelo
Датум: 18.05.2010 10:23:25
Irinej Bulovic ne e patrijarhot. Proverete gi faktite! Bulovic e backiot mitropolit, toj i go sozdade Vraniskovski.
Од: pero
Датум: 18.05.2010 12:54:25
Turcite 5 veka ne uspeaa da ja iskornat MPC od narodot, a bea tuka. Srbite od kaj niv moze sto sakaat da kazuvaat. Nie sme Makedonci, crkvata ni e Makedonska, seedno sto kje rece Irinej ili nekoj drug. Probaa so Vraniskoski da ja urnat i ete sto se sluci so nego i negovite 49.5 vernici...
Од: Пројко
Датум: 18.05.2010 13:25:46
Патријархот Иринеј нема да реши никаков проблем во СПЦ а камо ли да воспостави односи на СПЦ и МПЦ брз канонски темели... Тој, по создавањето на клонираната ПОА изјави, дека тоа требало да го направат уште пред 30 години. Значи, и како патријарх ќе живурка заробен од минатото. Тоа што Вранишковски го покажува заедно со својот кралски престолонаследник, е декор за покритие на вистинските проблеми во СПЦ. Кога архиепископот Ангелариј му рече на проф. д-р Чедо Драшковиќ: кога овие Вашите ќе не’ признаат, - тој одговори: Кој да ве признае? Па и тие не се ништо подобри од вас. Ја имате Црквата, афирмирајте ја со своето работење; некаков потпис за признавање не значи ништо. За Црквата е важно тие што ја раководат да созреат во Верата, и да ја сведочат, па каде и да се, во Белград, Атина или Скопје, сеедно... Јурисдикцијата не еднаш се менувала и со пари и со војни. Знаете како станавте дел од СПЦ. Или заборавивте??? Јурисдикцијата е само лоша политика, измислена за доминација или кавги

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Младенов не сака да слушне за малцинства
Туризам без алтернатива