Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Учебници од СФРЈ

Жаклина Хаџи-Зафирова

Во средните стручни училишта се' уште се учи од скрипти уште од времето на СФРЈ, кои се стари и по повеќе од 20 години. Во исчекување на новите учебници, кои ги најави ресорното министерство, средните стручни училишта се снаоѓаат онака како знаат и умеат. Но, состојбата не е таква насекаде, бидејќи во некои средни стручни училишта веќе пристигнаа новите учебници.

Директорите го поздравуваат потегот на Министерството да се обезбедат учениците со сосема нови, бесплатни учебници. Но, каде и како ќе бидат дистрибуирани новите учебници не се знае, особено затоа што моментно се испечатени само 100 од вкупно 536 учебници, колку што се потребни за да се покрие целото средно стручно образование. Прашање е и кога ќе пристигнат останатите учебници, кога веќе помина цел месец од почетокот на учебната година.

Досега неколку пати пропаѓаше конкурсот за учебници за средно стручно образование, поради тоа што немаше доволно заинтересирани автори за да ги напишат книгите. Тоа беше причина што неколку пати беше објавуван конкурсот за овие учебници. А, додека се чека на новите учебници, учениците се мачат со препишување и фотокопирање на старите книги за да можат да ја следат наставата.

Над триста ученици во средното стручно училиште „8 Септември“ учат од скрипти и од учебници стари уште од времето на СФРЈ што се напишани на српско-хрватски јазик. „Уште ги немаме добиено новите учебници ниту за општообразовните ниту за стручните предмети“, велат во училиштето.

За разлика од ова училиште, во угостителското „Лазар Танев“ веќе ги добиле учебниците за четиригодишното средно стручно образование, со исклучок на учебникот за Агенциско работење за трета година. „Добро е што по 20 години, конечно, имаме учебници, што е големо олеснување“, велат одговорните.


#
Статијата е прочитана 1891 пати.

Испрати коментар

Од: komentator
Датум: 22.09.2010 12:02:16
Срце, учебниците од СФРЈ беа квалитетни. Јас учев од учебник од физика кој беше квалитетно напишан и хемијата беше во ред. Се беше во ред. Единствено општествените науки би требало да се променат со распадот на СФРЈ. Инаку другото си беше добро. Не мора се да се мења.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.09.2010 12:43:39
Можеби и подобро!Замислете да учат од новиве учебници,каде Кромањонците се запишани како Кро-Магнонци!?Или да учат за великиот пеач „Слаткар“,кој ниту реченица не знае да состави.Замислете,уште колку Глупости се распоредени,низ новите учебници,а не само во оној „Општество за IV одделение“!Сте чуле за Цезар?Тој по новоговорот се нарекува Каесар!Татковината е состојба на поседување земја,вели другиот учебник!Како ли ќе ги разубедиме идните генерации дека супкултурата не се меша со културата,дека Пикасо,Пусен,Бернини се ненадминливи за „нашите“Кичмајстори?Или,дека Бах,Вивалди,Фаринели,Бодони... се немерливи со Ј.Јованов,А.Масевски,М.Вукичевиќ, Ребека,С.Спасовска!Замислете учебник по анатомија,со вакви грешки!Или,по статика и кинематика?!Што би произлегло од нив како резултат?Каков напредок нè очекува!?
Од: Itar Pejo
Датум: 22.09.2010 14:34:06
I jas mislam deka ucebnicite od SFRJ se pokvalitetni od segasnite. A mozat da bidat korisni i tie od sociologija, iako tamu se zboruva za samoupravuvanjeto. Nastavnicite ce im objasnat na ucenicite deka ne e dobro fabrikite da im pripagaat na rabotnicite tuku e podobro da imaat gazdi. Vo samoupravuvanjeto nikoj nistto ne rabotese a segas moras da rabotis, ama gazdata mora debelo da te plati! A ako ne si zadovolon od platata ce strajkuvas i toj mora da ti ja zgolemi platata!
Од: koko
Датум: 22.09.2010 14:53:55
Кешки сите да ги оставеа.
Од: maja
Датум: 22.09.2010 15:15:21
ti Ajvane ne vregaj umetnici! Slatkar e legenda vo cela Makedonija pozasluzen od mnogu politicari i profesori i magistri treba samo dobro da otvoris usi da slusas deckoto sto ima da kaze ...
Од: realen
Датум: 22.09.2010 16:58:01
Nema kadar za strucnite predmeti. Zatoa se uci od vremeto na SFRJ. Toa e fakt.
Од: goran
Датум: 22.09.2010 20:28:54
ucebnicite od sfrj se zakon vo odnos na toa sto sega ke se pisuva. ne deka sega nema kadar ami sto mislite koj kegi pisuva, pa sigurno nekoe kurle 28 godisno so krajno somnitelno obrazovanie
Од: Petko
Датум: 23.09.2010 07:24:19
A ti Zaklina od koi ucebnici si ucela? Sakas da kazes deka ne si dobro obrazovana?
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-dragon Fly
Датум: 23.09.2010 09:52:21
А бе Ајване, што би рекла Маја се потепа од вреѓање. Дали ќе биде Чезаре, Цезар, Кајзер или Цар мав ни е работа а со овој слатки што прави - батали го...

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Astibo
ЕДИТОРИЈАЛ
Гордана Дувњак
Поглед
Катица Чангова
Мислења
Јурико Коике
Мислења
Филип Петровски

Отворен првиот Саем на жената

Дејвид Бекам
Тужба до проститутката за лажните изјави



"""