Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Претседател во служба на Владата

Гордана Дувњак

Власта не можеше да си посака подобар татко на нацијата од сегашниот. Шеф на државата, кој е на иста владина фреквенција и по „мерка“ на десничарската ВМРО-ДПМНЕ. Да не беше професорот Ѓорге Иванов ваков каков што е, едноставно требаше да го измислат.

Претседател во сенка (или служба) на премиерот. Тивок, послушен, со скромен професионален и демократски капацитет, кој не остава личен белег во политиката. Кој не „бранува“, туку ги аминува сите потези на извршната власт. Кој не се чувствува жртвуван, туку тоа го прави доброволно тогаш кога од него се бара да го подметне грбот место премиерот. Кој не се буни кога му кратат пари или му укинуваат надлежности. Просто човек да се праша да не е случајно избран на тоа место за да ја самоукине функцијата. Која е висок рангирана во архитектурата на власта и со широк легитимитет добиен од гласачите на непосредни избори. Тоа ли е цената што треба да ја плати Иванов за поддршката добиена од владејачката партија, која целата своја партиска машинерија ја стави во погон за токму тој да биде избран за четврт претседател на државата. Претседател кој ќе дозволи толку да се обезличи неговата функција, што после никој нема да ја доведе во прашање идејата за избор на новиот претседател во државата во парламентот. Зошто ни се избори и трошење пари, кога претседателот има мали ингеренции што се во несразмер со добиениот легитимитет од избирачите.

Претседателот Иванов свесно избра да молчи околу Агенцијата за разузнавање, која е под негови директни ингеренции и го сервисира со информации од безбедносната сфера. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, деновиве призна дека наскоро во владина процедура ќе влезе новиот закон за безбедност и разузнавање. Со овој закон се планира да се формираат две разузнавачки служби. Едната, под капа на МВР, а другата - военото разузнавање да остане под команда на Министерството за одбрана. Првата ќе биде добиена со претопување на Агенцијата за разузнавање во УБК, чиј номинален шеф би требало да биде моќниот братучед на премиерот, Сашо Мијалков.

Идејата не е нова, бидејќи и порано се тврдеше дека концентрирањето на разузнавачките служби е поефикасно и порационално. Искуствата, пак, во компаративното право се различни. Голем број земји во светот се' уште го имаат нашиот модел и тој се покажал како многу ефикасен. Земјите од поранешна Југославија го имаат моделот што сега се заговара. Но, штедењето не може да биде бланко-покритие за навлегување во уставните надлежности и поделбата на власта. Настрана што за една ваква крупна работа се потребни политичка одлука и консензус од сите партии. Зашто не е секогаш се' до парите. Многу повеќе е до начинот на кој се практицира власта, а уште повеќе за намерите.

Домашните експерти со право предупредуваат дека моќен разузнавачки апарат, кој е сконцентриран во една агенција и под раководство на еден човек, може да биде опасна ал��тка во рацете на власта и може многу лесно да се искористи и да се злоупотреби. Особено кога на чело ќе седне висок партиски функционер, а не професионалец, чија задача нема да биде работење во интерес на државата, туку дискредитација на политичките опоненти и на неистомисленците во сопствените редови. Зашто оној што е чувар на информациите, тој ја има моќта! Уште поопасно е кога постои нескриен стремеж таа да биде апсолутна.

Познавачите на оваа област уште на времето предупредуваа дека именувањето на сегашниот прв разузнавач, Александар Боцинов, не е случајно и оти е во функција на спроведувањето на идејата за претопување на Агенцијата во УБК, која би била под директна контрола на извршната власт. Своевремено, токму Иванов го именуваше Боцинов на таа функција и покрај тоа што лично не го знаеше. Доволна гаранција беше тоа што е другар на Мијалков.

Но, тоа е веќе проблем на Иванов, а не на институциите на државата и на демократијата.


#
Статијата е прочитана 1474 пати.

Испрати коментар

Од: ...
Датум: 25.09.2010 12:36:38
Кутриот Хорхе, изгубен во просторот и времето.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 12:56:12
Три написи за една иста работа,па затоа сосема накратко.Имам прашање визави преседателствувањето отсекогаш.Дали некој се сеќава да преседателот укине закон донесен од собранието и собранието безрезервно се сложи.А пред тоа мнозинството во собранието со благослов на преседателот а нивни неприкосновен лидер го предложи законот.
Од: ХАЈКА ПОЛИТИКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВАЖНА
Датум: 25.09.2010 15:06:29
Иванов имаше успех во Њујорк за Македонија. По��еке неможеше. Грците лажат имаше во Вол стрит Журнал и изјавата од Иглбергер кои патем Утрински ниту ги објави. Зошто. Па тоа се расправаме дека со Грција нема решение. Има само капитулација. На друго тие нема да се согласат. Што е ова цел весник хајка а нема врска.
Од: Трпе
Датум: 25.09.2010 15:08:34
Зарем Македонија има претседател.Да,да има еден професор од правен факултет без никакви овластувања.Англиската кралица има многу повеке овластувања.Жалниот Ѓоле,ако малку скрене од патот,владата веднаш ке му го скрати буџетот.Нека си ужива човекот додека може.Нема разбирачка со дпмне-овците.Се секавате кога фрла со дрвја и камења по починатиот Борис.
Од: Маркос
Датум: 25.09.2010 15:53:02
Секако е утка на Утрински толку да се острви на еден всушност МРТВОРОДЕН ПОЛИТИЧАР, и тоа во еден ист број (Владата му ги врзува рацете на претседателот, Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум? Претседател во служба на Владата). Чуму трошење толкава енергија од одличните пера на весникот? Белки не се очекува ликот „за греови„ топрва да заземе „гард„. Па тој е од прв ден во „нирвана„ од формалните почести. По мое мислење, за оваа гротеска со председателот на државата, права мета е Никола Груевски. Тој реално ја има апсолутната власт во државата. Се надевам дека не му е потребен „декор„ кој служи за мајтап (вервувам не само во земјата). ЗАТОА, НЕКА ПОВЕЛИ СО СВОЈАТА МАШИНЕРИЈА (ДПМНЕ И КОМП) МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НАПРАВИ СО ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ СИСТЕМ. Така барем ќе се знае во чии е раце формалната и реалната власт во државата.
Од: stavre
Датум: 25.09.2010 17:04:25
Djorge e den od podobrite profesori no, Horhe E UBEDLIVO NAJSLABIOT PRETSEDATEL NA RM.
Од: Горан
Датум: 25.09.2010 19:52:08
Добар аналитички текст но имам корекција и појаснување. Имено, земјите од Поранешна Југ0ославија имаат издвоена независна заедничка служба директно под Влада, при што директорот на службата во дел од случаите се бира со врзани потписи на претседателот и премиерот, со што се дава каква таква гаранција дека ќе биде избрано професионално решение. Решението кое се заговара во РМ е заедничка служба но под МВР. Решение кое освен Грција го нема нигде во Европа и релевантните светски земји...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
Тужба до проститутката за лажните изјави
Плоштадот „Скендер-бег“ ќе има 20.000 квадрати
Данок во здравје
Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум?
Денови на стил со „Леонтиќ“
Лондон се преслушува околу визниот режим
Проекциите за раст од два отсто - луда радост
Лејди Магбет од Пјонгјанг
Последната тајна на „Титаник“
И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен
Смартфон со врвен дисплеј
Монти Пајтон лустрација
Планинска авантура низ Европа
Отворен првиот Саем на жената
Светот во 2020 година
Елизабета немала пари за парно греење






Roma in Romania and Bulgaria: despised and stigmatised
Nato to downsize in Kosovo
Leader of Hungarian energy giant rumoured to resign