Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Лондон се преслушува околу визниот режим

Ако ги укине визите за Македонија, британската влада треба да го стори тоа и за Србија, а таму ситуацијата е покомплексна

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Граѓаните од сите земји-членки на ЕУ, како и уште од десетици други со кои таа има билатерални договори, може да влегуваат во Британија без британска виза, но таа привилегија се' уште ја немаат граѓаните на Македонија. Македонската Влада формално веќе побара отворање постапка за безвизен режим за нашите граѓани, но како што стојат работите сега, мали се изгледите да се уреди тоа во некој покус рок.

Во Лондон велат дека за тоа е потребно време, а причина се внатрешните британски состојби, имиграциските прашања и, секако, политиката. Се оценува дека Македонија има завршено голем дел од својата работа со тоа самото тоа што визите се укинати за шенген-зоната. Сите услови потребни за укинување на визите ги бараат и британските власти, но бараат и свои дополнителни. Во нив се вбројуваат присуството или не на азилантите, процентот на оние што илегално престојуваат и работат во земјата, потоа колку од државјаните на земјата (претенденти за безвизен влез) се вклучени во криминалот, како и колку од нив се во британските затвори. Колку му се важни овие работи на Лондон, покажува случајот со Јужна Африка и со уште некои држави од Комонвелтот што беа на листата на земји со безвизен режим, но го изгубија тој статус. Хоум Офисот и имиграциските власти забележаа дека јужноафриканските државјани се' повеќе се вклучуваат во британското подземје, во користењето лажни документи, како и во илегалното имигрирање, преку најчесто користената варијанта да се допатува како турист или гостин, а потоа да се остане на работа и живеење.

Македонските државјани, колку што е познато, нема на црните листи на криминалците во Британија, а поради нивниот мал број во однос на другите етнички заедници, ги нема како предводници на криминални банди, ниту, пак, може да се зборува за македонски организации во овдешното подземје, како што е случај со граѓани од некогашниот СССР. Овие состојби внимателно ги следат Хоум Офисот и имиграциските власти, не само поради евентуалното укинување на визите туку и како дел од вкупните состојби во имиграцискиот сектор. Дипломатски извори велат дека она од што најмногу се стравува е заканата од злоупотреба на слободниот влез за нелегално имигрирање. Последниве години, особено по напливот на странци од новопримените членки на ЕУ од источна Европа, населувањето во Британија стана политичко прашање околу што се собира крајната десница, но со што се занимаваат сите партии во британскиот парламент. Бројот на имигрантите беше едно од главните теми во кампањата за мајските парламентарни избори, а партијата на Дејвид Камерон, која доби најмногу гласови, беше најтврда кон странците, а особено кон потребата за нова политика во имиграцискиот сектор.

Новиот британски премиер честопати од медиумите блиски до него се потсетува дека не треба да заборави на своите предизборни ветувања, па во таква внатрешна политичка ситуација има малку простор за забрзано укинување визи, посебно со земја од регион од каде што луѓето настојуваат да се преселат некаде во странство и од каде во Велика Британија има многу дојденци, дојдени по разни причини и со различен статус. Британците велат дека тоа, сепак, не значи затворање на просторот за исполнување на македонското барање. Уште од времето на лабуристичките влади, одолжувањето на работите се објаснува со потребата од британско преиспитување на сопствената визна политика воопшто, за кое се вели дека е започнато и по кое ќе се знае британската позиција.

Прашањето на визите има и своја политичка заднина. Дилемата е дали одлуката за безвизен режим да важи за сите што веќе ги исполниле условите за безвизно патување во шенген-зоната или тоа да се прави со секоја држава посебно. Односно, дали безвизен режим да се воведе само со Македонија или и со другите две земји од регионот, што според Лондон, не е само имиграциско, туку и дипломатско прашање. Според едно толкување, логично е ако три земји исполниле услови за безвизен режим во шенген-зоната, на сите три да им се укинат и британските визи. Но, логиката ја губи смисла��а кога се анализира секоја земја посебно зашто македонскиот случај е многу полесен за решавање од српскиот, не само поради тоа што Србија е поголема туку и поради Косово и Република Српска, тамошните внатрешни состојби и сето она што следува со нив. Впечаток е дека британската дипломатија, која беше мошне анг��жирана во разубедувањето на Белград околу неговата косовска резолуција во ОН, не би сакала наградата за добро однесување да ја прими само Македонија, па затоа ќе се залага за колку што е можно подолго одлагање на прашањето на безвизниот режим. На таа дипломатска математика македонската страна може малку да влијае, но може многу (за себе) да постигне ако продолжи да ја одржува добрата оценка што ја има, со држење под контрола на сопствените лажни азиланти и илегални имигранти, кои претендираат да се сместат во некоја од земјите на шенгенската зона.


#
Статијата е прочитана 3216 пати.

Испрати коментар

Од: JON
Датум: 25.09.2010 13:44:04
London, Pariz I Berlin nikogaš ne bile prijateli. Go blagoslovele samo rascepuvanjeto na Makedonija. Samo naivnite veruvaat vo nekoj prijatelski karakter na odnosite so niv. Ako stanat prijateli, togaš treba tie samite da gi srušat stolbovite na istorijata koi gi sozdadoa so nevistini. Impossible.
Од: maja
Датум: 25.09.2010 17:52:16
Licemeri najgolemi vo svet! Ostavete gi neka se ugusat so Pakistancite,Iracanite,Avganistancite ,Afrikancite sto gi imaat dovolno!Poljacite rabotat za bez pari,a gospodata so sina krv,ke razmisleole za Makedoncite.Vratete se na zemjodelieto,susete zdravo ovosje i zelencuk,proizveduvajte zdrava hrana,cuvajte gi semejstvata,a tie ke ne baraat kako primer za zdrav covek i ke barat vizi da dojdat tuka!
Од: koki
Датум: 25.09.2010 18:59:05
mizi asan da ti bajam e rabotava! ako sakaa da go ukinat vizniot rezim ke go ukinea.. demek zaradi srbija sea i nejzinite vnatresni problemi, ko vo makedonija meguetnickite odnosi da se sjajni....tuku si vikaat aj da pocekame da vidime sto ke stane so zapadna makedonija, da ne treba begalski kampovi da gradime!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Претседател во служба на Владата
Стил
Тужба до проститутката за лажните изјави
Плоштадот „Скендер-бег“ ќе има 20.000 квадрати
Данок во здравје
Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум?
Денови на стил со „Леонтиќ“
Проекциите за раст од два отсто - луда радост
Лејди Магбет од Пјонгјанг
Последната тајна на „Титаник“
И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен
Смартфон со врвен дисплеј
Монти Пајтон лустрација
Планинска авантура низ Европа
Отворен првиот Саем на жената
Светот во 2020 година
Елизабета немала пари за парно греење



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing