Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Плоштадот „Скендер-бег“ ќе има 20.000 квадрати

Општина Чаир нема пари за изградба на плоштадот, па ќе бара од Владата

„По многубројните идејни проекти на Владата и на Општина Чаир за ревитализација на Старата чаршија, сега е време за еден мегапроект каков што ќе биде плоштадот ’Скендер-бег‘. Тој треба да и' даде ново значење на чаршијата, бидејќи таа ќе добие 20.000 квадрати плоштад што ќе го користат граѓаните, уметниците, граѓанските здруженија“, рече вчера градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на визуелната презентација на идејното решение на проект��т за новиот плоштад. Истовремено ја отвори јавната дебата, во која, како што рече, можат да се вклучат сите архитекти, медиуми, јавни личности, граѓани чии прифатливи идеи ќе бидат вградени во главниот проект.

Плоштадот ќе се гради по идејното решение на проектантската куќа „Инженеринг архинггруп“ од Тетово. Тоа нуди две варијанти. Едната во опсег на границите на општината Чаир, при што плоштадската површина ќе допира до стоковната куќа „Мост“. Дуќаните кои се на потегот, а се привремени објекти, ќе влезат во безистенско решение, поради кое плоштадот ќе добие одредена нивелација кон споменикот на Скендер-бег и голема градска тереса над самиот безистен. Постојниот паркинг пред стоковната „Илинден“ за 360 возила ќе биде решен со подземно паркирање.

Со втората варијанта, плоштадот се проширува и добива дополнителна површина која ги поминува границите на општината Чаир и влегува во јадрото на слободниот простор помеѓу МНТ и Филхармонијата, што е површина на општината Центар. Овој дел од плоштадот со останатиот ќе се поврзе со премостување на булеварот „Гоце Делчев“.

Засега Чаир нема пресметка за тоа колку ќе чини плоштадот, но е познато дека пари за негова изградба ќе се бараат од Владата. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 3138 пати.

Испрати коментар

Од: Aero
Датум: 25.09.2010 12:15:34
Bi trebalo da se izgradi spomenik na Enver Hodza na ovoj plostad! (izvinete ako veke e vo plan a ne e uste javno objaveno)!
Од: Dragan Kumanovo
Датум: 25.09.2010 12:20:17
Ihaaa vozi MISKOOOOO!
Од: milco
Датум: 25.09.2010 12:34:37
kade ke bide granicata , aj aj se poznavame dosta dobro mozebi direkno ke mineme na premin so licna karta ,
Од: todor
Датум: 25.09.2010 13:29:24
ima vo blizina plostad Makedonija nema potreba gradenje na nov plostad vo skopje ako se izgradi to ake znaci i gradenje nov Erusalim odnosno novi podelbi vo Makedonija tie pari ako gi ima treba da se prenasocat za potrebite na deca i klinikite a na zagovaracite za gradenje na takvi plostadi koi ke gi delat grganite treba d aodat zad reszetki ili nadvor od granicite na MK.
Од: demokrat
Датум: 25.09.2010 14:59:33
Izgleda ideata na Ljubco ke ostvari, samo bez zid!
Од: заинтересиран
Датум: 25.09.2010 15:09:31
еве веднаш да се вклучам во јавната дебата.Предлагам да се урне чаршијата и на нејзино место да се прошири Битп Пазар, а што ќе остане да се изградат споменици на Џемо и Мефаиљ, борци против комунизмот, и нивните наследници предлагачите на проектот. Втората варијанта е да се изгради плоштадот но да зафаќа простор се до Собранието, така што ќе се потенцира интегрираноста на борците во општеството.
Од: забеган.
Датум: 25.09.2010 19:00:55
Некои работи не можам да разберам.Министерката за култура ја слушам Бладата не дала пари.Додека вчера беше објавено дека биле дадени 10.Милони денари за почеток,И ќе се градело со пари од Буџетот еде Бладата.Па кај ги наоѓа Бладата тие пари да неги копа во некој рудник?.Сироти ГРАЃАНИ на Македонија.Уште долго ќе сонувате кога задно сте јаделе Мевце.А копуциве фрлат ли фрлат пари.
Од: felix
Датум: 26.09.2010 07:49:43
Nemoj mnogu da se sekiras za Enver Hodza bre drugar Aero, koga mozite vie da go stavite Grkot Ace golemiot togas i nie moze da si go stavime Skender Beg Albanecot Jas tuka ne gledam nikakov problem,. toa e demokratija
Од: Komentator
Датум: 26.09.2010 09:14:27
Se slagam jas so gospodinot gradonacalnik na Cair deka trebe urbanisticko resenie na Starata skopska carsija ama po star terk ..da se obnovi ..sekako opinci nema da se podavaat ama i drugi esnafi ne im odi zatoa "lezi" ona negovoto "da se integrirame kulturno so ostanatiot del na gradot" E...gospodine gradonacalnice ..so plostatd i spomenici na istorija ne se kultivira narod ..da istorija e ucitelka na zivotot ...ama Vie kako perfidno rabotite kako na Kosovo sto e zabraneta vo ucebnik KOSOVSKA VOJNA ..onaa so Osmanliite ne so Srbite.. taa na perfiden nacin ja dobivte..e sega i nas ne ceka ucebnik bez Naum i Kiril...verojatno i tie Vi se "krvni nepijateli"
Од: nacional-patriot
Датум: 26.09.2010 18:09:57
Nekoi od DUI predlagaa na plostadot vo Skopje da se napravat spomenici od istoriski licnosti koi ne se rodile i ne ziveele vo Makedonija,a tie spomenici da bidat del od proektot Skopje 2014.Epa togas neka predlozat na plostadot vo Tirana ili Pristina ili na drugi mesta vo tie gradovi,neka se napravat spomenici od Kemal Ataturk,potoa spomenik od sozdavacot i osnovacot na srpskiot literaturen jazik Vuk Karagic,Ljudevit Gaj,France Presern,Krste Petkov Misirkov...
Од: usamkd
Датум: 26.09.2010 18:13:27
Se vrsi nacionalizacija na zemjisteto na sekoj mozen nacin preku makedonsko-albanskite komunjarski strukturi.. ahmeti treba da si ja iscisti partijata od komunjari i da ne vleguva vo ovaa stapica na branko i grujo
Од: cair
Датум: 27.09.2010 00:17:44
gradonacalnikot bi mozel da gi dade tie pari izgradba na jaja pasa i na dizonska ij da sredi topansko pole najpametno ke mu bide ot opstinata mu izgleda na bruklin

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Претседател во служба на Владата
Стил
Тужба до проститутката за лажните изјави
Данок во здравје
Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум?
Денови на стил со „Леонтиќ“
Лондон се преслушува околу визниот режим
Проекциите за раст од два отсто - луда радост
Лејди Магбет од Пјонгјанг
Последната тајна на „Титаник“
И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен
Смартфон со врвен дисплеј
Монти Пајтон лустрација
Планинска авантура низ Европа
Отворен првиот Саем на жената
Светот во 2020 година
Елизабета немала пари за парно греење



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing