Елизабета немала пари за парно греење
Лондон - Британската кралица се обидела да се искористат дел од парите од државниот фонд за сиромашно население за да се платат сметките за греење во Бакинганската палата, тврди „Индепендент“, повикувајќи се на официјалните документи што ги обезбедил весникот според законот за пристап до информациите.
Претставници на кралската палата побарале од британската влада дополнителни средства за покривање на трошоците за греење на службената резиденција на кралицата, што се наоѓа во центарот на Лондон, затоа што во последни��е години значително се зголемени трошоците за оваа намена. Владата, меѓутоа, го одбила ваквото барање, образложувајќи го своето решение со објаснувањето дека Фондот од кој се побарани пари е наменет, главно, за плаќање сметки за греење на семејствата со ниски приходи и за разни установи, какви што се училиштата или болниците.
Владата во објаснувањето до Бакингамската палата, според овој лондонски весник, вели дека би дошло до лош публицитет и до неповолен одглас во британската јавност ако парите наместо за некоја болница, се пренасочат за кралската палата.
Британските даночни обврзници годишно за издржување на кралското семејство одделуваат по 38 милиони фунти, или секој Британец за кралицата издвојува годишно по околу 60 пени. (МИА) |