Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Проекциите за раст од два отсто - луда радост

Економијата во второто полугодие треба да порасне пет отсто за да се дојде до проектираниот владин раст

Александрија Стевковска



Владините проекции за економски раст од два отсто годинава е невозможно да се постигнат со вакво темпо на раст, сметаат и експертите и стопанствениците. Според нив, во второто полугодие економијата треба да оствари раст од околу пет отсто, за на крајот од годината да се достигне владината проекција од два отсто. Незначителниот раст на вкупната економија од 0,4 отсто во вториот квартал за експертската јавност значи уривање на владините проекции за позначаен раст. Стопанствениците сметаат дека годинава тешко ќе се извлечеме од криза и оти воопшто ќе имаме некаков раст.

„Ние сме поконзервативни од Владата во врска со нејзината проекција за раст од два отсто годинава. Ќе бидеме среќни ако воопшто забележиме позитивен економски раст“, смета бизнисменот Мирче Чекреџи. Според него, оваа година ќе биде многу тешка за македонската економија, а позитивен раст е можен само со повеќемесечен регистриран последователен раст, што не е случај со нашата економија.

„Првите позитиви ќе бидат мали, како што е растот од 0,4 отсто, но нема некои позначајни подобрувања во реалниот сектор, бидејќи тој и натаму се соочува со истите проблеми. Има голема неликвидност, нема пари и не може да очекуваме дека брзо ќе излеземе од криза, туку бавно и макотрпно“, додава Чекреџи.

Според градежниците, падот во градежништвото од 12 проценти во вториот квартал се должи на глобалната економска криза, која кај нас доцни повеќе од една година.

„Во еден квартал може да се случи да нема почеток на инвестиции или да нема плаќања за одредени инвестиции, па затоа не може да се прави генерална слика од еден квартал за цела година“, вели Томе Костадиновски од Градежната комора при ССК.

Според него, влијание има и тоа што нашите иселеници веќе не ги испраќаат парите во Македонија, со кои се покриваше негативниот платен биланс на државата, туку сега ги трошат во земјите каде што живеат и работат или тие се враќаат во матичната земја.

„Тој дебаланс во платежната состојба во Македонија се одразува и во градежништвото и во инвестирањето во објекти“, објаснува Костадиновски. Тој очекува годинава во оваа гранка да биде постигнат позитивен раст од еден до два отсто.

Додека Народна банка веќе направи корекција на стапката за раст за годинава од два отсто на 0,6 проценти, Владата опстојува на ставот оти годинава ќе достигнеме раст од два отсто. Според власта, реално заживување на економијата се очекува во третиот и во четвртиот квартал од годинава, што би требало да овозможи да се реализираат проекциите и земјава, сепак, да го регистрира предвидениот раст на годишно ниво.

„Имајќи предвид дека живееме во услови кога светската економска криза се' уште има последици врз економијата, јас лично се радувам на секој позитивен резултат. Сметам дека е значајно економијата да остварува позитивни резултати и добро е што во вториот квартал се остварија нашите проекции дека ќе имаме позитивен економски резултат, иако низок. Тоа создава солидна основа БДП и економската активност во третиот квартал да бидат уште подобри“, истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески, коментирајќи ги податоци за раст на БДП во вториот квартал од 0,4 проценти.

Тој смета дека има добри шанси до крајот на годината државата да се приближи до очекуваниот економски раст од два процента, имајќи ги предвид податоците за раст на индустриското производство, подобрената наплата на приходите во буџетот и податокот дека се стабилизира потрошувачката.

„Верувам дека во третиот и во четвртиот квартал Македонија ќе има подобри стапки на раст, кои ќе помогнат да се оствари проектираниот раст од два процента“, посочи Ставрески.

Што се однесува до корекцијата што ја направи Државниот завод за статистика на растот на БДП за првиот квартал, министерот Ставрески истакна оти тоа е нормална статистичка практика.

„Затоа има фусноти во кои пишува дека податоците се проценети и оти не се конечни. Во сите земји, па и во развиените, се прави истата статистичка практика. Некогаш се оди нагоре, некогаш надолу“, рече Ставрески.


#
Статијата е прочитана 1187 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 25.09.2010 13:05:48
Vo momentov kako trgnalo i na nula da ostaneme ke bide "radovanje", no vo denesnive finansiski uslovi koj vladeat vo svetot, nemoze nisto tocno da se odredi sto i kako ke bide. Ako imaat "sreka" ne e iskluceno tie 2% da se ostvarat. Kako i da e brojkite i statistikite okolu eventualni porasti/namaluvanja veke se irelevantni pa i netocni, edinstveno sto se znae e toa deka mora da se raboti, i dobro organizira rabotata. Se drugo e "mlatenje prazna slama".
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 25.09.2010 15:11:54
Kumot dobro znae sto pravi.Toj e vistinskiot grobar na Makedonija,znaejki ja turka Makedonija vo nepovrat.
Од: son
Датум: 25.09.2010 17:14:44
Bravo Grujo samo napred.
Од: Petre
Датум: 25.09.2010 19:12:46
Ako Makedonija uspee 2% da poraste ekonomijata et plus za drzavata.Poglednejte na okolu po svetot.Poveketo drzavi stojat na minus,poglednejte kako USA samo na udolu po "Economic groth"odi na dolu.Razbirajte,Amerika ima naj golema ekonomija,glava ne moze da kreni do 2012-13.Bivsha Jugoslavija ne investirashe vo Makedonija,a zasto?.Makedonskiot "leadership" se krieshe pod Tito.Mu beshe strav da nesi izgubat postot.
Од: voda
Датум: 25.09.2010 21:31:35
Se dodeka na celo na statistika stoi Novkovska, na Vladata i e zagarantiran p-orast na BDP. Pogolem manipulator zdravje.
Од: gimi
Датум: 26.09.2010 02:20:53
Повторно цитирате некои опозиционерски пријатели. Економијата немало да порасне 2% туку нешто помалку. Па истите тие прогнозираа дека ке има девалвација на денарот во однос на еврото, дека ке има отпуштање од работа, дека ке се намалат пензиите на пензионерите и платите на административните работници и уште многу други работи. Шт�� се оствари од тоа-- ништо. Ете какви експерти ви се соговорници и ги земате за пример.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Претседател во служба на Владата
Стил
Тужба до проститутката за лажните изјави
Плоштадот „Скендер-бег“ ќе има 20.000 квадрати
Данок во здравје
Ќе го соблече ли Иванов туѓиот костум?
Денови на стил со „Леонтиќ“
Лондон се преслушува околу визниот режим
Лејди Магбет од Пјонгјанг
Последната тајна на „Титаник“
И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен
Смартфон со врвен дисплеј
Монти Пајтон лустрација
Планинска авантура низ Европа
Отворен првиот Саем на жената
Светот во 2020 година
Елизабета немала пари за парно греење






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency