Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Македонија

Душко не се спаси од судење

Обвинителството во Битола не отстапува од гонењето на Илиевски. Максималната казна за кривичното дело е десет години затвор

БИТОЛА - Тројцата фармери од семејството Илиевски, браќата Душко и Цане, како и таткото Томе, не се спасија од судење. Сите тројца ќе седнат на обвинителна клупа за дивата марихуана што беше најдена летоска во нивната нива со компири. Вака одлучи битолското Обвинителство по тримесечна истрага откако полицијата ги осомничи Илиевски за недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурзори.

Семејството на Душко е во шок и во н��верување. Веста дека ќе седнат на обвинителна клупа ги затече токму на нивата со компири. Поранешните кооперанти на „Сведмилк“ се надеваа дека Обвинителството ќе се откаже од гонење, цврсто уверени дека станува збор за политички и полициски притисок, а никако за производство и препродажба на марихуана.

Битолското обвинителство со категоричен став - ќе ги гони фармерите.

„Поднесовме обвинителен акт за делото за што се водеше истрага и за што полицијата осомничи тројца членови на семејството Илиевски. Тие имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот суд во Битола. Од кај нас работите се чисти“, изјави битолскиот обвинител Петар Аневски.

Предметот за случајот Илиевски вчера го очекуваа во Основниот суд во Битола. Правници велат дека максималната казна за делото за кое се обвинети Илиевски е десет години затвор.

Веста дека обвинителот поднесе обвинителен акт силно ги потресе десетте члена на земјоделското семејство од Битола, на кое 30.000 евра им заглавија во шведската млекарница. Фармерот Душко исплашен за својата судбина и за судбината на своите блиски вели дека нивниот случај е како онаа народната кадија те тужи, кадија те суди.

„Адвокатот ме извести дека за нас е поднесено обвинение. Ние сме запрепастени. Веќе не веруваме ниту во полицијата ниту во обвинителството. Ова е тортура од власта за нас. Од правдина не' донесоа до неправдина. Поднесоа обвинение за обична трева во мојата нива. Ова не е ништо друго, туку притисок од власта. Многу сум исплашен“, изјави фармерот Душко, кој вчера заедно со членовите на семејството копаше компири од фамозната нива за да ги продаде на битолскиот пазар. Компирите се единствениот начин за егзистенција на Илиевски.

Револтираниот Душко прашува дали полицијата ќе ги гони и трите жени од неговото семејство ако тој со братот и таткото заработи затвор. Неговата мајка Лиле со горчина во душата ги повика премиерот Никола Груевски и министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска лично да се уверат што одгледуваат на нивните ниви.

„Дојдовме на нива за да види јавноста што садиме на нашата земја, компири или коноп. Како не им е срам на Груевски и на Јанкулоска што вака ги мачат земјоделците. Не' оштетија со кравите за да нема од што да се прехраниме, а сега и со нивите. Аир да не видат, без здравје не' оставија. Зошто на оваа мака што ја тргаме да ги притвораат синовите и сопругот“, со мака зборуваше мајката Лиле.

Душко Илиевски најавува дека правдата ќе ја бара пред Меѓународниот суд за човекови права. И неговите бранители сметаат дека обвинителството немало сериозни материјални докази за поднесување обвинение.

„Сметаме дека материјалните докази на обвинителството не се доволни за осудителна пресуда. Сведоци во овој кривично-правен настан се исклучиво лица на МВР. Не може тој што прогонува и да сведочи, и да вештачи, и на таков начин да се донесува пресуда“, изјави Васко Горгиев, еден од бранителите на семејството Илиевски.

Георгиев рече дека во овој случај нема да поднесат приговор до Кривичниот совет на Основниот суд во Битола, бидејќи би било беспредметно.

Голготата на семејството Илиевски од Битола почна пред две години со пропаѓањето на шведската млекарница. Фармерот Душко беше еден од најекспонираните водачи на протестите. За настани поврзани со протестите на оштетените фармери, Душко доби три прекршочни пријави од МВР. Додека Илиевски останаа и без пари и без стока, нивната мака продолжи и со кривично гонење. Ова лето тројцата мажи од семејството одлежаа 12 дена притвор откако полицијата во нивната нива со компири откри и заплени 203 стебла канабис сатива.

Душко е уверен дека прогонот кон него и кон неговите блиски има политичка заднина, бидејќи на два пати, на митинзите на СДСМ, силно ја критикуваше Владата на Груевски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1113 пати.

Испрати коментар

Од: flying-monaco
Датум: 29.10.2010 14:27:02
Ako mozese Zaev da bidi pomiluvan sega ovie drogotrgovci nema koj da gi spasi poveke nee BC predsedatev.Neka sudot go kazi svoeto. ako se ne vinovni sigurno ke se slobodni...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.10.2010 17:38:26
Човекот е невин тотално кога вели да марихуаната била самоникната на нива која тие неја обработувале.Вероватно и кромпирот е самоникнат.Невероватно но вистинито во Битолско сее самоникнато,никој ништо не сади а род има.Под итно во рубриката на Дизни ,,верувале или не,,.
Од: алек
Датум: 29.10.2010 19:37:19
Неможи да се спаси од судење кога Бране негов не е повеќе претседател па да го помилува и него.Секој нека си одговара за стореното кривично дело.
Од: Тrpe
Датум: 29.10.2010 20:17:23
Кој суд ќе донесе правична одлука во Р.Македонија. Одкако Маневски е министер за неправда во Македонија нема судска одлука во која нема портокалово знаменце. Поздрав до Душко, издржи во својата мака, правдата секогаш победува. Порано или покасно секој одговара за својте злодела. Има и повисоки судови од земските
Од: Vasko
Датум: 29.10.2010 20:58:17
Ajde be neka plati Brane, Vasko advokatot go biva za takvi slucai, samo kesh da ima! Odma ke go pustat Dule nadvor!
Од: професорка
Датум: 29.10.2010 21:38:32
Пусти, кутар обичен човеку Душко. Те украдоа со се и сега те прават нарко бос. Господ ќе им плати на тие што секој ден крадат милиони. Ние, народот, не можеме да ти помогнеме. Очигледно не има малку нормални и човечни.
Од: aleks
Датум: 30.10.2010 01:28:12
koga rajata ke pocne da si go bode nosot segde stanuva kasa zatoa i nisto ne funcionira ostavete go sudot neka si kaze ako ovoj sud ne e verodostoen ima sud vo strazbur ako covekot e nevin ke izleze vistinata koga togas.
Од: kristo
Датум: 30.10.2010 09:02:20
За секого кој не знае како се одгледуваат компири. Тие два пати во текот на одгледувањето се копаат (запрашуваат) или со мотика или со мотокултиватор. И во компири никогас не растека друга трева освен лобода. Па према тоа ако се одгледувани како што треба а се гледајќи ги прскалките за вода, не знам од каде никнала толкава трева висока и до 2 метри после две запрашувања. Изгледа тревата растела по 5 сантиметри на ден. Ова со див коноп е приказна за оние кои виделе компири само на тезга во пилјара.

Најди! во Утрински
Македонија
На Кожуф триесетина сантиметри снег
„Злетовица“ чека европски пари
Новинарка на МИА во Канцеларијата на ЗЕЛС






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries