Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Македонија

На Кожуф триесетина сантиметри снег

Снегот и дождот вчера во раните утрински часови го отежнаа одвивањето на сообраќајот на патиштата

Снегот ги побеле планините, но падна и во градовите во Македонија. Највисока снежна покривка од 27 сантиметри е забележана на Кожуф, а во Крушево има 12 сантиметри снег, колку што се регистрирани и во Тополчани. Четири сантиметри помалку се измерени на Попова Шапка, информираат од УХМР.

Снегот и дождот вчера во раните утрински часови го отежнаа одвивањето на сообраќајот, и на магистралните и на регионалните патишта. Од „Македонија пат“ велат снегот што вчера паѓаше во Крив�� Паланка помал застој предизвикал на граничниот премин кон Бугарија, но брзо бил расчистен. Додека на повисоките места имаше врнежи од снег, на пониските интензивно паѓаше дожд. Во Струмица наврнаа 59 литри на квадратен метар. Во Демир Капија наврнаа 50 литри, а во Гевгелија 47 литри. Над 30 литри се измерени во Дојран, Кавадарци, Виница и во Битола. Дождот уште завчераноќ почна да преминува во снег, а најмногу паѓаше на планинските преслапи Стража и Плетвар, каде што беше отежнат сообраќајот. Поради влагата, имаше и одрони и лизгања на земјиште, особено на патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и на повеќе места на западната магистрала Гостивар - Кичево и на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар. Одроните ги расчистуваа екипи на „Македонија пат“.

Метеоролозите од денеска најавуваат период на претежно стабилно време, суво и потопло со поблагопријатни дневни температури, кои ќе бидат во интервал од 7 до 18 степени в среда. Но, до задутре утринските ќе бидат под нулата. Зголемена облачност со повремен дожд ќе има во вторник и в среда и за време на наредниот викендот идната недела.

Снежната покривка во Мавровскиот туристички регион вчера достигна околу 10 сантиметри, а на Бистра, Кораб, Шар Планина над 15 сантиметри. Снегот ги побеле селата Долно Јеловце, Печково, Пожаране, Ломница, Ѓурѓевиште и други. Туристичките работници на Попова Шапка велат на места наврнале и до дваесетина сантиметри снег. Овој снег нема вистински квалитети за зимски спортови, но е доживување за посетителите. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 1114 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Душко не се спаси од судење
„Злетовица“ чека европски пари
Новинарка на МИА во Канцеларијата на ЗЕЛС






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries